Забава
Канје Вест ја редизајнира амбалажата за храна на „Мекдоналд“

Канје Вест тврди дека го редизајнира пакувањето на храната на „Мекдоналд“.
Раперот (44) ова го соопшти во своето враќање на „Инстаграм“ оваа недела по забраната за пристап до платформата поради објавување расистички говор.
Канје, кој неодамна го смени името во Је, објави фотографија од новиот дизајн на „Мекдоналд“ со порака: „Је се здружува со легендарниот индустриски дизајнер Муџи Наото Фукасава за да го редизајнира пакувањето на ‘Мекдоналд’. Следната недела ќе биде помфритот“.
Компанијата „Мекдоналд“ сè уште не ја коментирала соработката на своите профили на „Твитер“ или „Инстаграм“.
Амбалажата доби пофалби како чиста и минималистичка, што го одразува неговиот бренд на облека „Јизи“ (Yeezy).
Раперот претходно го покажа своето восхитување од „Мекдоналд“ во песната McDonald’s Man.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Угина најстарата женка пингвин во зоолошката градина во Единбург, ја нападнала лисица

Најстарата женка пингвин во зоолошката градина во Единбург угина откако беше нападната од дива лисица која упадна во нејзиниот ограден простор.
„Госпоѓа Воловиц почина во средата вечерта по инцидентот“ – објавија од зоолошката градина, објаснувајќи дека другите пингвини во колонијата се неповредени.
We know so many of you loved Mrs Wolowitz, our oldest penguin ????
Sadly, we lost her last night after a fox broke into our penguin enclosure. Thankfully, the rest of our colony are unharmed and are doing well.
Her massive personality will be missed ???? pic.twitter.com/fGEu0QHzkE
— Edinburgh Zoo (@EdinburghZoo) August 11, 2022
„Знаеме дека многумина од вас ја сакаа г-ѓа Воловиц, нашиот најстар пингвин. За среќа, остатокот од колонијата е неповреден и сите се добро. Без сомнение ќе ни недостига харизмата на г-ѓа Воловиц“ – објавија од зоолошката градина во Единбург.
Од зоолошката градина најавија и дека стручни тимови секојдневно го проверуваат куќиштето за да откријат можни знаци на оштетување, бидејќи секогаш постои ризик дивите животни да упаднат во нив. Размислуваат и за можноста за дополнително зајакнување на оградите.
Забава
Илон Маск испрати уште 46 сателити Starlink во орбитата

Американската компанија „Спејс Икс“ успешно ја лансираше ракетата Фалкон 9 со нова рунда микросателити Starlink, се наведува во соопштението на веб-страницата на компанијата.
Лансирањето во петокот, од локацијата на американската вселенска база Ванденберг во Калифорнија, се случи во 14:40 часот по локално време, а во ниската орбита на Земјата беа лансирани 46 микросателити.
По етапата во која сателитите ќе се одвојат од „Фалкон 9“, леталото ќе се врати на земјата, а првата фаза од ракетата веќе е искористена во девет лансирања.
Мрежата Starlink е создадена за да обезбеди пристап до Интернет со распоредување на голем број сателити со тежина од 260 килограми.
„Space X“, компанијата на американскиот милијардер Илон Маск, проценува дека лансирањето на вкупно 11.000 сателити и нивното пуштање во употреба ќе чини 10 милијарди долари.
Од мај 2019 година, компанијата испрати повеќе од 2.500 сателити Starlink во орбитата, објави ТАСС.
Забава
Почина холивудската актерка Ен Хеч

Ен Хеч (53), популарната актерка која минатиот петок се здоби со тешки изгореници во несреќа во Калифорнија, денеска била исклучена од апаратите, пишуваат светските медиуми.
Веста за смртта на актерката ја објави нејзината пријателка Ненси Дејвис.
BREAKING: Actor Anne Heche is not expected to survive after suffering a brain injury from crashing her car into a Los Angeles home, her family says. https://t.co/EIVB72Nnpo
— NBC News (@NBCNews) August 12, 2022
Актерката предизвика несреќа на 5 август удирајќи со својот автомобил во гаражата на туѓа куќа во Калифорнија, при што настана пожар.
Имаше навестувања дека нејзината состојба се подобрува, но потоа се појави веста дека Ен паднала во кома, а семејството денеска објави дека и престанале мозочните функции, па одлуката да се исклучи од апаратот се одложува поради донирање органи.
Таа беше хоспитализирана во Центарот за изгореници „Гросман“ во болницата Вест Хилс, северно од Лос Анџелес.