Контакт

Забава

Канје Вест ѝ помага на Ким во ребрендирањето на „ККВ бјути“ пред новото лансирање

Објавено пред

Канје Вест и Ким Кардашјан Вест добро се согласуваат повеќе од три месеци по нивната разделба, а сега тој ѝ помага во ребрендирање на „ККВ бјути“ – нејзина компанија и веб-продавница за козметика.

Вест (44) ѝ помогна на Ким (40), со која законски сè уште е во брак иако повеќе не живеат заедно, да го пронајде новото име на нејзиниот бренд за шминка, изјави извор за „Пејџ сикс“ во четвртокот. Името на брендот сè уште не е објавено.

„Новиот деловен потфат нема никаква врска со претстојниот развод“, рече изворот додавајќи дека тоа е во процес на припрема веќе некое време.

„Одлуката на Ким за ребрендирање нема никаква врска со бришење на В во ККВ бидејќи таа не го сменила своето законско име и сè уште го носи неговото презиме Вест“, вели изворот.

„Таа е неверојатно возбудена од оваа следна фаза во својата кариера“.

Забава

„Круната“ ја најде својата нова принцеза Ана

Објавено пред

Како што растат очекувањата за петтата сезона на популарната серија „Круната“ (The Crown), продукцијата, конечно, е во тек, што значи дека почннаа да се појавуваат првите фотографии од актерската екипа.

Само неколку дена откако Имелда Стаунтон беше најавена како нова кралица во серијата, фановите беа почестени да ја видат актерката, која сега ќе ја глуми принцезата Ана, а тоа е Клаудија Харисон.

45-годишната британска актерка Клаудија Харисон, која претходно глумеше во филмовите The IT Crowd, Humans и Midsomer Murders, ќе ја преземе од Ерин Доерти улогата на постарата принцеза, додека дејството на историската драма на „Нетфликс“ продолжува во 90-тите.

 

Прикажи повеќе...

Забава

Војвотката од Сасекс го одбележа роденденот со иницирање проект за менторирање жени

Објавено пред

За да го одбележи својот 40. роденден на 4 август, војвотката од Сасекс го објави почетокот на новата амбициозна менторска програма за жени, 40 x 40, во која 40 нејзини пријатели ќе позајмат 40 минути од своето време за да бидат ментори некому во неволја.

Меган не отиде по конвенционалниот пат, туку ѝ се обрати на својата пријателка, актерката и комичарка Мелиса Мекарти, да ѝ помогне и да ѝ се придружи во најавата на проектот со специјално видео.

Објавено на веб-страницата на добротворната организација „Арчивел“, видеото ја прикажува Меган на видеоповик со Мекарти разговарајќи за тоа како треба да го одбележи својот роденден.

Меган објаснува: „Еве ја идејата. Бидејќи наполнив 40 години, барам од 40 пријатели да донираат 40 минути од своето време за да помогнат во менторство на една жена да се мобилизира назад во работна сила“.

Војвотката од Сасекс дува свеќа на својот роденден

Прикажи повеќе...

Забава

Можат ли пушачите воопшто да пушат тутун на помалку штетен начин?

Објавено пред

Со оглед дека бројот на пушачи во светот не се намалува, а официјалната статистика покажува дека ги има над милијарда, експертите за јавно здравје не престануваат да го посочуваат горливиот проблем што го носи потрошувачката на цигари.

Всушност, чадот од тутунот е најштетната компонента од цигарата.

Кога ќе се запали, жарот од цигарата достигнува температура до 900 Целзиусови степени, а како производ на тоа согорување се создава чад од тутун, во кој се ослободуваат околу шест илјади супстанции, од кои стоина се наведени како штетни и потенцијално штетни.

Иако ова треба да биде доволно добра причина пушачите да се ослободат од овие навики, голем број од нив не го сакаат тоа од разни причини. Една од главните причини е никотинот, кој не е без ризик и предизвикува зависност, но не е примарна причина за болестите поврзани со пушењето. Науката исто така даде свој придонес во изнаоѓање решенија за овој проблем, и тоа во помалку штетните алтернативи на тутунот.

Алтернативите на класичните цигари ја испорачуваат потребната доза никотин без горење, со што се избегнуваат штетните производи од овој процес и се елиминира чадот од тутун. Кај овие производи загревањето започнува на околу 250 степени, со што се ослободува аеросол, чиј состав значително се разликува од составот на чадот од тутун. Бројни научни студии потврдија дека аеросолот содржи до 95 проценти помалку штетни состојки во споредба со чадот од тутун. Ова им овозможува на пушачите да уживаат во консуирањето тутун на помалку штетен начин, а голем број од нив веќе ги заменија класичните цигари со уреди што го загреваат тутунот. Иако најдобро решение е пушачите целосно да се откажат од сите форми на тутун и никотин, науката понуди и трета опција која може да се искористи за да се информираат возрасните пушачи кои од различни причини не сакаат да се откажат од овие штетни навики. Зашто, ниту една опција, освен целосно откажување од пушење, не е без ризик.

 

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Ширењето на пожарот кај Делчево е критично – неопходна евакуација на две села

Жителите од критичните реони во село Нов Истевник и Стар Истевник зафатени со големиот пожар да се евакуираат во градската...

Македонија2 часа

219 нови случаи на Ковид-19, починаа четири лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.713 тестирања, а регистрирани се 219 нови случаи на...

Македонија3 часа

Нов извештај за активните пожари во земјата – најкритично кај Делчево, Пехчево и во Прилепско

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) на својата фејсбук-страница информираа за состојбата со активните пожари во државата, заклучно со...

Македонија4 часа

Ангелов најави акциски план за справување со пожарите

Откако Владата денеска прогласи кризна состојба во траење од 30 дена поради пожарите кои ја зафатија Македонија, директорот за Центарот...

Македонија6 часа

Владата прогласи кризна состојба во траење од 30 дена поради зголемената појава на пожари

Владата на денешната 95. седница, која се одржа изутринава, донесе одлука за постоење кризна состојба на територијата на Република Северна...

Топ7 часа

72-годишен битолчанец извршил полов напад врз десетгодишно девојче

Маж од Битола на возраст од 72 години е осомничен дека сторил полов напад врз дете што не наполнило 14...

Топ7 часа

Татко си ја малтретирал својата ќерка, ја удирал со тупаници и ѝ се заканувал на сопругата дека ќе ја убие

38-годишен жител од Брвеница, татко и сопруг, е осомничен за малтретирање на својата ќерка и за семејно насилство над блиски...

Европа8 часа

(Видео) Пожарите во Грција не стивнуваат, населението се евакуира, огнената стихија уништи куќи

ЕУ испрати помош за Грција и другите земји од Југоисточна Европа, кои се борат со големи пожари. Помошта дојде еден...

Македонија8 часа

Ангелов: Пет хеликоптери го гаснат пожарот кај Пехчево, ако дозволат условите, ќе емитувам во живо

Пет хеликоптери, три српски и два македонски, полетаа од скопскиот аеродром кон Пехчевскиот Регион, соопшти утрово директорот на Центарот за...

Македонија9 часа

Владата ќе го разгледува предлогот за воведување кризна состојба во државата поради пожарите

Владата, денеска, во 8.30 часот треба да одржи седница за предлогот на Управувачкиот комитет за воведување кризна состојба во траење...

Македонија21 час

Стојанче Ангелов од вршител на должност стана директор на ЦУК

Владата на денешната 94 седница донесе одлуки во однос на повеќе кадровски решенија. Така, Стојанче Ангелов кој досега беше вршител...

Македонија23 часа

Награди од по 10.000 денари за пожарникарите кои го гаснеа пожарот кај Кочани

Владата на седница одлучи да ги награди сите пожарникари вклучени во гаснењето на пожарот кој го зафати Кочани и околината....

Македонија23 часа

Албански државјанин приведен за подметнување на пожар, има осомничен и за оној во Старо Нагоричане

Попладнево од страна на полициски службеници од полициското одделение Галате уапсен е 32-годишен албански државјанин со иницијали Л.А, кој илегално...

Македонија1 ден

Владата ја разреши директорката на инспекторатот за животна средина

Владата ја разреши директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска, по барање на нејзината матична партија ДОМ. Од...

Македонија1 ден

Регистрирани 164 нови случаи на Ковид-19, пријавени се три починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 5.276 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на...

Топ1 ден

Камион излетал од патот во близина на ГП Блаце, возачот починал од срцев удар

Товарно возило со косовски регистарски ознаки вчеравечер излетало од патот во близина на Граничниот премин Блаце соопштија од МВР. Возачот...

Регион1 ден

Почина Мирослав Лазански

Почина српскиот новинар, воен аналитичар, политичар и дипломат Мирослав Лазански на 71-годишна возраст. Лазански починал во својот дом во Белград...

Европа1 ден

(Видео) Две загинати лица и десетици повредени во судир на два воза во Чешка

Две лица загинаа, седум се во критична состојба а 31 лице се повредени во судир на два патнички воза во...

Македонија1 ден

Македонија е во портокалова фаза – да се почитуваат мерките за заштита од топлотниот бран, порачуваат надлежните

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавците, негувателите и воспитувачите во градинките, вработените во центрите за социјална работа...

Македонија1 ден

Две дози вакцина во државата примиле 401.336 граѓани

Прва доза вакцина вчера примиле 3.909 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.939 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 920.442...

Досие