Контакт

Забава

Кан: Златниот ѓердан на Бела Хадид го украде шоуто на црвениот тепих

Објавено пред

Гламурот се врати во полн состав на Канскиот филмски фестивал. Една недела по неговото отворање, светските шоубиз медиуми издвоија неколку од највпечатливите појавувања на најгламурозниот црвен тепих во светот.

Славните ѕвезди го покажаа сиот сјај на високата мода. Холивудските ветеранки Хелен Мирен, Џоди Фостер и Енди Мекдауел ја украдоа светлината на рефлекторите со елегантни фустани на свеченото отворање на фестивалот.

Мирен носеше свилен шифонски фустан „Долче и Габана“ во жолта боја, додека Фостер, која доби почесна „Златна палма“ за животно дело, изгледаше прекрасно во бел фустан со сребрени апликации, креација на париската модна куќа „Живанши“.

 

Мекдауел се одлучи за сатенски фустан „Прада“ украсен со појас навезен со аквамарински кристали и стаклени ресици.

Откако прошета на модните писти во Париз за Неделата на висока мода, моделот Бела Хадид допатува на југот на Франција, каде што беше одговорна за два од највпечатливите изгледи на фестивалот.

За церемонијата на отворање, таа носеше винтаџ фустан од високата мода на Жан Пол Готје.

А потоа, на себе имаше авангарден фустан на Даниел Росбери со стратешки поставен златен накит. Фустанот има длабок отвор кој не ги покрива градите, но тие се прекриени со златен накит во облик на белодробни крила.

Сите погледи беа вперени во златниот накит. Таа дефинитивно го украде црвениот тепих на филмската екстраваганца на француската ривиера, коментираат таблоидите.

Забава

Ќерката на Еми Росум се родила со антитела на Ковид-19

Објавено пред

Ќерката на Актерката Еми Росум случано дознала дека нејзината двомесечна ќерка има развиен имунитет на коронавирусот.

Ѕвездата на Shameless реши да се вакцинира против смртоносниот вирус додека беше бремена со Саманта и е задоволна што го стори тоа затоа што ѝ било укажано дека новороденчето има заштита од Ковид-19.

На својот профил на Инстаграм, Еми постираше фотографија од својата ќерка свртена со грбот кон камерата и напиша: “Кога бев бремена, се вакцинирав. Не само што имавме здраво, убаво девојче, туку и откривме дека ќерката има антитела.

34-годишната актерка пред два месеци објави на социјалните мрежи дека го родила своето прво дете. Таа тогаш напиша: „5.24.21 Во сончево понеделничко утро, во 08:13, ја дочекавме нашата ќерка.“

Прикажи повеќе...

Забава

U2 нема проблем ако Боно реши да продолжи соло

Објавено пред

Ирскиот рок бенд U2 не би имал ништо против евентуална желба на Боно да настапува самостојно.

Басистот Адам Клејтон потенцира дека тој и остатокот од бендот – гитаристот Дејвид Еџ Еванс и тапанарот Лери Мулен Џуниор – ќе му дадат поддршка на фронтменот ако се реши да напише соло песна.

Тој исто така навести дека бендот наскоро може да има нови акустични изданија.

MUMBAI, INDIA -DECEMBER 12: Irish rock band U2 arrived Mumbai internation airport for the “Joshua Tree Tour” on December 12, 2019 in Mumbai, India. U2 band will perform at DY Patil Stadium, Mumbai, on Sunday, December 15. (Photo by Prodip Guha/Getty images)

Прикажи повеќе...

Забава

Рајан Рејнолдс: Фановите ќе го сакаат камеото во „Слободно момче“

Објавено пред

Актерот Рајан Рејнолдс верува дека фановите ќе ги обожаваат скриените камео-појавувања во акционата комедија „Слободно момче“ (Free Guy).

Рејнолдс (44) ја предводи актерската постава на претстојната научнофантастична акција комедија и предвидува дека малите елементи во филмот ќе се покажат популарни кај фановите.

Запрашан за неговиот омилен дел од филмот, Рејнолдс за „СинемаБленд.ком“ изјави: „За мене тоа се велигденските јајца, има толку многу велигденски јајца во филмот. Има и низа малку скриени камеа… има многу интересни моменти.“

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Бремените жени и лицата над 60 години да се ослободат од работа, владата со препораки за заштита од топлотниот бран

Владата издаде препораки како заштита на населението од топлотниот бран и од денеска-среда до недела (29.07-01.08.2021 година) се препорачува: ослободување...

Свет2 часа

Бајден: Mаските и вакцините најдобра заштита од делта-сојот

Американскиот претседател Џо Бајден истакна дека носењето заштитни маски и вакцинирањето во области во кои доминира делта-сојот на коронавирус се...

Македонија18 часа

Maкедонците сè уште се вакцинираат на белградскиот саем

Македонските граѓани и понатаму се вакцинираат на белградскиот саем. „Меѓу 300 и 500 граѓани се вакцинираат дневно на саемот во...

Македонија18 часа

Напад врз новинар ќе се смета како напад врз службено лице, се воведува и кривично дело демнење

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, објави дека во Владата поминале измените на Кривичниот законик, со кои заштитата на медиумските работници...

Македонија18 часа

Заев по повод 20 години од Рамковниот договор: Успешна историја благодарение на партнерите ЕУ, САД и НАТО

Владата денеска одржа тематска седница посветена на 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор. Во своето обраќање на седницата премиерот Заев потенцира...

Македонија19 часа

Дејан Георгиевски ѝ донесе олимписко сребро на Македонија

Дејан Геoргиевски го прекина 20-годишниот пост на Македонија и од Олимписки игри ќе го донесе досега најблескавиот медал во 30-годишната...

Топ20 часа

Тетовец лажно се претставувал како лекар, измамил повозрасен охриѓанец и добил 40.000 денари

45-годишен тетовец лажно се претставувал како лекар и на тој начин измамил повозрасен жител од Охрид од кого добил 40.000...

Македонија20 часа

Регистрирани 39 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.839 тестирања, а регистрирани се 39 нови случаи на...

Македонија22 часа

Заев: 17 октомври е датумот за локалните избори

И покрај дилемите за тоа дали кампањата за локалните избори ќе се поклопи со претстојниот попис, премиерот Зоран Заев денеска...

Европа23 часа

(Видео) Силна експлозија го потресе Леверкузен: Жителите добиле предупредување за екстремна опасност

Силна експлозија ги потресе куќите во германскиот град Леверкузен. Снимките од социјалните мрежи покажуваат како се крева огромен облак од...

Македонија23 часа

Само 0,02 отсто од вакцинираните со две дози во Македонија заболеле од коронавирус

Вкупно 92 лица од 330.000 кои се ревакцинирани заболеле со коронавирус, објави министерот за здравство, Венко Филипче. Ова, додаде тој,...

Европа24 часа

Во ЕУ вакцинирани 70 отсто од возрасните, две дози примиле 57 отсто

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека целта од 70 проценти вакцинирани од возрасните лица во Европската...

Спорт1 ден

Георгиевски обезбеди сребро на ОИ во Токио

Дејан Георгиевски избори пласман во финалето на олимпискиот турнир во таеквондо, во категоријата над 80 килограми. Во полу-финалето, Георгиевски го...

Македонија1 ден

Спасени планинари од Чешка на Шар Планина

Група планинари од Чешка вчера вечер се спасени од Шар Планина. Тие залутале, а околу 18 и 30 часот се...

Свет2 дена

(Видео) Песочна бура проголта град во Кина

Песочна бура висока речиси 100 метри зафати град во северозападна Кина, при што целиот град остана покриен со прашина. На...

Европа2 дена

Украинскиот напад ќе заврши со колапс, одговори Русија по изјавите за нова офанзива на Киев

Коментирајќи ја позицијата на поранешниот заменик-министер за привремено окупираните територии на Украина, Јуриј Гримчак, кој повика на подготовка на армијата...

Европа2 дена

Стапката на заразени од коронавирус во Европа се зголемува, предупредува СЗО

Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека стапката на ширење на коронавирусот е забрзана во некои европски земји, пренесуваат светските...

Европа2 дена

(Видео) Јужна Европа се бори со пожари, најлошо е во Грција и Италија

Шумските пожари, потпомогнати од горештините и силните ветрови, денеска зедоа замав во јужна Европа, а некои северни земји ги расчистуваат...

Регион2 дена

Радев: Нема да дозволиме кршење на правата на Бугарите во Северна Македонија

Бугарија е најсилниот поддржувач на проширувањето на ЕУ, но не може да дозволи кршење на правата на граѓаните на Република...

Македонија2 дена

Двајца починати и 10 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 10 нови случаи на коронавирус, две лица починаа, а 16 пациенти оздравеа,...

Досие