Контакт

Забава

Кајли Миног објавува нов албум инспириран од диско-звуците

Објавено пред

Кајли Миног е во вечно движење.

Поп-sвездата ги менуваше својот имиџ и звукот десетици пати во последните четири децении.

Уште од нејзиното прво појавување во австралиската ТВ-сапуница The Sullivans на 10-годишна возраст, таа еволуира од актерка во поп-sвезда до модна икона, автор на книги за деца, судија во талент-шоу, па дури и успешен дизајнер на мебел.

Нејзината кариера ја дефинира љубопитен немир. Дури и во музиката, областа каде што е најпозната, ѕвездата има балансирани мегапоп-хитови, како Better The Devil You Know и Can’t Get You Out of My Head и неколку експериментални песни.

Новиот албум на Кајли, инспириран од диско-звуците, ќе биде објавен неделава. Нејзиниот 15-ти студиски албум носи наслов Disco.

Говорејќи од својот дом во Лондон, два дена пред објавувањето на новиот албум Кајли зборува и за напуштената кариера како флејтист и за тоа која Кајли-ера ѝ е омилена.

„Претпоставувам дека епохата што навистина се чинеше дека е галактичка на свој начин беше таканареченена фивер-ера Can’t Get You Out Of My Head, Love At First Sight“. 

„Тоа беше еден од оние моменти кога планетите се здружуваат и сè функционира добро – песните, сликите, моментот. Затоа, ова би го нарекла мој омилен период“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Сезона 4 на „Круната“ сoбра повеќе гледачи од свадбата на Чарлс и Дијана

Објавено пред

Кралската свадба беше телевизиски настан на 20 век, но хитот на „Нетфликс“ е успешната приказна за 2020 година, пишува „Сан“.

Според британскиот весник, новиот извештај објавен во средата покажува дека 29 милиони луѓе минатата недела биле вклучени на „Нетфликс“ за да ја гледаат новата сезона на „Круната“ (The Crown).

„Не е за изненадување: сигурно најочекувана серија досега. Четвртата сезона ја претставува лејди Дијана Спенсер, идната принцеза Дајана, (ја глуми одлично новодојдената Ема Корин), како и премиерката Маргарет Тачер (Џилијан Андерсон)“, пишуваат британските таблоиди.

„Ако на сета оваа примамлива перспектива ги додадете мерките за самоизолација и ограничувањата на социјалниот живот ги добивате сите потребни состојки за Нетфликсов хит на годината“.

Доколку се точни бројките, тоа би значело дека повеќе луѓе се вклучиле да ја гледаат измислената верзија на настаните – додворувањето на Чарлс и Дијана и денот на нивната венчавка – отколку вистинската кралска свадба која во тоа време беше голем телевизиски настан. Свадбата во 1981 година, која се одржа во Бакингемската палата и на која дебитираше славниот фустан на Дијана, дебитираше со 600.000 гледачи помалку во Британија од моќните 29 милиони на „Нетфликс“. Сепак, треба да се напомене дека на глобално ниво, кралската венчавка привлече публика од 750 милиони.

Четвртата сезона е неверојатен хит за стриминг-сервисот, надминувајќи ја третата сезона со околу 8 милиони гледачи во првата недела.

Прикажи повеќе...

Забава

Џо Пеши има најдобра победничка насмевка во празничен филм

Објавено пред

Насмевката на Џо Пеши во семејната комедија „Сам дома“ беше изгласана за најдобра победничка насмевка во празничен филм.

77-годишната sвезда го глуми провалникот Хари Лајм, еден од двајцата негативци во легендарната божиќна комедија од 1990 година, и го покажува својот златен заб кога открива дека семејството на Кевин (Меколи Калкин) заминува на пат за празниците.

„Баз Бинго“ спроведе анкета за божиќните класици – како што се „Умри машки“ со Брус Вилис (Џон Меклејн), „Елф“ со Вил Ферел (Бади) како новогодишно џуџе, „Всушност, љубов“ со Хју Грант и други – за да ги најде најдобрите насмевки и потези за топ 10-листата.

Истражувањето е спроведено за да се прослави кампањата на компанијата #WinFace.

Прикажи повеќе...

Забава

„Не e време за умирање“ може да освои награда пред да се појави во коносалите

Објавено пред

На филмскиот пазар каде што премиерата на дваесет и петтиот филм за Џејмс Бонд „Не е време за умирање“ беше одложена двапати, секоја шанса филмот да освои награда во 2021 година е прилично уништена.

Но, последното појавување на Даниел Крејг како 007 сепак може да добие едно посебно признание, и тоа може да се случи неколку месеци пред пуштање на филмот. Продуцентите можат да ѝ се заблагодарат на Били Ајлиш за ова, бидејќи таа доби номинацијата за „Греми“ за нејзината насловна песна.

Како што беше најавено од „Рекординг академи“- американска академија на музичари, продуценти и други музички професионалци – (Recording Academy), воведната нумера на Ајлиш за No Time To Die е номинирана за „Најдобра песна напишана за визуелни медиуми“ на 63. Греми-награди. Наградите треба да се одржат на 31 јануари, што е само на два месеца пред премиерата на филмот.

Додека композиторот Ханс Зимер можеби помислуваше дека објавувањето на синглот на Били Ајлиш се случи во најлошото можно време од животниот циклус на филмот, No Time To Die сега има шанса да освои трофеј пред јавноста да го види филмот.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион9 минути

Во Словенија 51 починат од коронавирус и 428 нови случаи

Во последните 24 часа во Словенија се потврдени 428 нови случаи на коронавирус од 1.880 тестирани, а починале 51 лице....

Регион52 минути

„Франс прес“: Здравствените системи на Балканот се преоптоварени поради коронавирусот

Недоволниот број на кревети и лекари и масовниот пораст на инфекции со коронавирус ги доведоа болниците на Балканот на работ...

Македонија1 час

Воено-медицински персонал ќе се распореди во ковид-центрите на Клинички

Медицински персонал од Воено-медицинскиот центар, составен од дванаесет лекари и дваесет медицински сестри, од денеска се вклучува во работата на...

Регион2 часа

„Фајненшл тајмс“: Бугарија проблематична членка на ЕУ која тоне во коруција

Фондовите на ЕУ ја зголемија корупцијата во Бугарија. Тие пари особено се користат за директно или преку јавни набавки купување...

Регион3 часа

Во Црна Гора на лекар само со лична карта

Од денеска црногорските осигуреници ќе можат да ја користат новата лична карта како здравствена книшка. Директорот на Фондот за здравствено...

Свет3 часа

(Видео) Во Индонезија 2.800 лица евакуирани поради вулканска ерупција

Вулкан во источна Индонезија, кој избувна во неделата, исфрлајќи пепел на 4.000 метри, ги принуди локалните жители да се евакуираат....

Македонија3 часа

Снег на Попова Шапка и Страцин

Сообраќајот на патиштата се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има на Попова Шапка и Страцин, но без...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира во 11 градови

ВМРО-ДМНЕ најави дека денеска ќе протестира во 11 градови. „Продолжуваме, заедно со народот против продажбата на татковината. Народот се буди...

Свет17 часа

СЗО: Лажните вести може да ја загрозат вакцинацијата против Ковид-19

Уште во февруари, кога пандемијата на коронавирус брзо се рашири, Светската здравствена организација (СЗО) предупреди за поплава од дезинформации и...

Македонија19 часа

Заев: Во ЕУ ќе влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик

Македонскиот народ секогаш бил и ќе биде со поглед напред, вели премиерот Зоран Заев во објава на социјалните мрежи, посветена...

Македонија20 часа

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 44 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 44 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно...

Македонија23 часа

Борисов за ФАЦ: Можен е компромис, но мора да се познава и историјата

Единствената земја, која го посакува почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ повеќе од Германија, е Бугарија, вели...

Македонија23 часа

Филипче: Бидете максимално одговорни во претстојниот период на слави и прослави

Министерството за здравство апелира до граѓаните во периодот на слави кој престои максимално да бидат одговорни и да ги почитуваат...

Македонија1 ден

Рикер до Заев: САД ја поддржуваат интеграцијата на Македонија во ЕУ, ве охрабруваме да барате решение

Помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт Департмент, Филип Рикер, во писмо до премиерот Заев истакнува...

Свет1 ден

Кинеското вселенско летало е во орбитата на Месечината и се подготвува да слета

Кинеските власти објавија дека вселенското летало Change-5 успешно влезе во орбитата на Месечината и се подготвува да слета, како дел...

Регион1 ден

Вучиќ свика итен состанок поради случувањата во Црна Гора

Српскиот претседател Александар Вучиќ закажа состанок со премиерката Ана Брнабиќ и министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ за да разговараат...

Европа1 ден

(Видео) Полицијата употреби сила против демонстрантите во Полска

Полицијата ја спречи протестната прошетка на демонстрантите во Варшава, додека ширум Полска се одржаа демонстрации против ограничувањето на правото на...

Европа1 ден

(Видео) Протести и апсења низ Европа

Повеќе од 155 лица беа уапсени во Лондон за време на протестите организирани против рестриктивните мерки насочени кон спречување на...

Спорт1 ден

Дуелот Тајсон – Џонс заврши нерешено, „челичниот“ побара реванш

Рано утринава, во егзибициски меч во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес 54-годишниот Мајк Тајсон се врати во рингот по пауза...

Македонија2 дена

Нови подводни истражувања во Охридското Езеро

Кон крајот на октомври успешно беше реализиран проектот „Подводно археолошко рекогносцирање на делови од источниот брег од Охридското Езеро“ чиј...

Досие