Контакт

Забава

Кери Андервуд го собори сопствениот рекорд на музички награди

Објавено пред

Кантри-ѕвездата Кери Андервуд е големиот победник на синоќешната виртуелна церемонија на доделување кантри музички награди CMA Awards 2020.

Тејлор Свифт ја додели наградата што ја освои пред повеќе од една деценија.

Андервуд (37), која е нарекувана кралица на кантри-музиката, се закити со награда за видео на годината и најдоброто женско видео за Drinking Alone, забележувајќи ја рекордната 22. победа на доделувањето награди.

„Многу ти благодарам“, рече Андервуд во говорот за прифаќање на трофејот што произлезе од нејзиниот шести студиски албум Cry Pretty. „Мои фанови, вие никогаш не престанувате да ме воодушевувате. Ви благодарам многу што гласавте за мене.“

Екологија

„Сименс“ и „Дојче Бан“ развиваат возови на водород

Објавено пред

Германскиот индустриски гигант „Сименс“ и „Дојче Бан“ започнаа со развој на возови со горивни ќелии и станици за полнење, кои ќе бидат тестирани во 2024 година како дел од планот за замена на дизел моторите на германските железници.

Прототипот ќе го гради „Сименс“ и ќе се базира на електричниот вагон „Мирео Плус“, кој ќе биде опремен со горивни ќелии за претворање на водород и кислород во електрична енергија, соопштија двете компании.

Извршниот директор на „Сименс мобилити“, Мајкл Питер, објасни дека возовите ќе комбинираат можност за напојување од три извори во модуларен систем – батерии, горивни ќелии и постечкото надземно напојување, во зависност од тоа каде ќе сообраќаат.

Германската железничка компанија „Дојче Бан“ сè уште нема електрифицирано 40 проценти од мрежата со вкупна должина од 33.000 километри, која ја користат 1.300 дизел локомотиви.

„Нашите возови на погон на водород ќе можат долгорочно да ги заменат дизел возовите“, рече Питер.

Новиот прототип ќе се полни за 15 минути и ќе има опсег од 600 километри до следното полнење, како и максимална брзина од 160 километри на час.

Локомотивите ќе бидат тестирани на линиите помеѓу Тибинген, Хорб и Пфорцхајм во сојузната покраина Баден Виртемберг.

„Главниот целен пазар се регионалните мрежни оператори, кои обично имаат меѓу 10 и 50 возови“, објасни Питер.

„Гледаме пазарен потенцијал од 10.000 до 15.000 возови што треба да се заменат во Европа во следните 10-15 години, од кои 3.000 само во Германија“, додава тој.

Прикажи повеќе...

Забава

Забранет влез за пејачот Владо Георгиев во Црна Гора до 2030 година

Објавено пред

Полициската управа на Херцег Нови му забрани влез на српскиот пејач Владо Георгиев во Црна Гора до 2030 година, соопшти адвокатската канцеларија Томановиќ, надевајќи се дека оваа одлука ќе биде поништена.

Како што се наведува, Министерството за внатрешни работи најпрво ја усвоило жалбата на канцеларијата на Томановиќ, која го застапува Георгиев, во која се наведува дека забраната за влез е законски неодржлива, бидејќи не е наведена причината поради која тој би бил забранет. Но, потоа полициското одделение во Херцег Нови на Георгиев му изрекло забрана за влез за 10 години.

„Во меѓународната правна практика, секогаш постои форма на деградирачки третман на индивидуа кога државата постапува без легитимна цел, непропорционално и наменско навредување на поединецот, затоа што странец има права загарантирани со бројни меѓународни правни документи при влез во земјата“, наведува адвокатската канцеларија.

Во соопштението се изразува уверување дека второстепениот орган ќе ја прифати правната аргументација и ќе ја откаже забраната за влез на Георгиев во Црна Гора.

Прикажи повеќе...

Забава

Тајлер Пери донираше храна на 5.000 семејства

Објавено пред

Километарски колони возила се протегаа низ Атланта во неделата, кога илјадници локални жителите чекаа во ред за да добијат бесплатни оброци – донација на Тајлер Пери – во пресрет на големиот американски празник Денот на благодарноста.

За празникот, актерот милијардер донираше кутии полни со залихи за оние кои имаат потреба, објави „Фокс 5“ во Атланта.

51-годишниот актер и режисер ја ограничи својата добротворна акција на 5.000 семејства, но се појавија уште многу луѓе кои бараа дополнителна помош среде пандемија на коронавирус.

Донациите на Пери беа ефектуирани преку неговото студио во Атланта, а настанот беше наречен #TPSGiving.

Тајлер Пери е американски актер, продуцент и режисер кого престижниот магазин „Форбс“ неодамна го додаде на својата листа на милијардери.

Денот на благодарноста се прославува во последниот четврток од ноември уште откако претседателот Френклин Рузвелт го назначи тој датум во 1942 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Спасовски се излекува од коронавирусот и се врати на работа

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се излекува од коронавирусот и од денеска се врати на работното место. Тој на...

Македонија1 час

Неделава почнува изведбата на модуларната болница во Гевгелија

Кон крајот на неделава почнува изведбата за конструирање на модуларната болница во Гевгелија. Како што информираат од Министерството за здравство,...

Европа2 часа

Саркози на суд поради корупција

Поранешниот француски претседател, Никола Саркози, ќе се појави на суд денес поради обвиненија за корупција и злоупотреба на влијание. Ова...

Регион3 часа

Хрватите почнуваат масовно тестирање со брзи тестови

Денес, во Загреб почнува масовно антигенско тестирање на коронавирусот, чиј наод се добива за 15 минути. Целта е да се...

Европа3 часа

Шпан: Германија може да почне со вакцинација против коронавирусот во декември

Германија може да почне со вакцинирање на граѓаните против коронавирусот веќе следниот месец, најави германскиот министер за здравство, Јенс Шпан....

Македонија3 часа

Лекот „фавира“ пристигнува во македонските аптеки

Лекот „фавира“ или „фавимол“, со генеричко име „фавипивир“ неделава ќе биде достапен во македонските аптеки кога Агенцијата за лекови и...

Свет4 часа

Оксфордската вакцина против коронавирусот е 70 проценти ефикасна

Тестовите покажаа дека вакцината за коронавирус развиена од Универзитетот во Оксфорд е 70 проценти ефикасна во спречување на заразата, пренесува...

Свет4 часа

(Видео) Напад во црква во Калифорнија, најмалку двајца убиени

Две лица се убиени, а неколкумина тешко повредени во црква во калифорнискиот град Сан Хозе кога непознат маж ги нападна...

Свет5 часа

УНИЦЕФ на сиромашните земји ќе им испрати две милијарди дози вакцини

Земјите во развој ќе добијат речиси две милијарди дози вакцина против Ковид-19 в година, објави Агенцијата за деца на ООН....

Свет16 часа

Британија ќе ја прекине блокадата, намален бројот на нови инфекции

Британскиот премиер Борис Џонсон планира да ја прекине блокадата низ Англија, која е предвидено да трае до 2 декември и...

Македонија16 часа

Во Македонија се регистрирани нови 1.112 заболени и 24 починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2553 тестирања, а регистрирани се 1112 нови случаи на...

Македонија16 часа

Старата „Систина“ ќе биде ковид-центар, лекувањето на трошок на државата

Министерот за здравство, Венко Филипче, вечерва по состанокот со сопствениците на приватните болници на „Жан Митрев“, „Систина“ и „Ремедика“, истакна...

Свет17 часа

Првите Американци ќе ја примат вакцината против Ковид-19 на 11 декември

Првите Американци ќе ја примат вакцината против Ковид-19 на 11 декември, изјави шефот на американската програма за вакцина против коронавирус,...

Свет18 часа

Протести во Германија против ограничувањата поради коронавирусот

Во Германија денеска се одржа протест против ограничувањата поради коронавирусот. Протестот, на кој имаше нереди, беше прикажуван во живо на...

Регион20 часа

За 24 часа во Србија починале 31 човек, рекорден број пациенти на респиратор

Во последните 24 часа во Србија починале 31 човек, а регистрирани се нови 4.995 случаи на коронавирус. Од последниот пресек...

Македонија20 часа

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 824 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 824 пациенти позитивни...

Македонија23 часа

Полицијата упадна на семејна веселба со 70 гости во Гостивар

Седумдесет гости се собрале синоќа во угостителски објект на семејна веселба во селото Здуње, Гостиварско и покрај забраните за групирање...

Македонија23 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ му подари бел мантил на Филипче и лампиони на Шилегов

ВМРО-ДПМНЕ му подари бел мантил на министерот за здравство, Венко Филипче, и лампиони за градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов,...

Македонија24 часа

Пендаровски: Негацијата на јазикот и културата е ништење на националната припадност

Јазикот и културата се фундаменти на секој народ и нивната негација значи обид за ништење на националната припадност, вели претседателот...

Македонија1 ден

Каракачанов: Скопје сака да ги поддржиме, а потоа да ни забодат нож во грб

Европската Унија има јасно правило што се однесува на сите, а тоа е дека нема влез во Унијата без решавање...

Досие