Забава
Кејт Бланшет размислува да се повлече од актерството: „Моето семејство превртува со очите кога го кажувам тоа“

Оскаровката Кејт Бланшет ги изненади обожавателите кога рече дека сериозно размислува да се повлече од актерството еден ден. Зборувајќи за Радио Тајмс, каде што го промовираше своето претстојно и прво аудио шоу, The Fever на BBC Radio 4, таа зборуваше за нејзината кариера.
„Моето семејство превртува со очите секогаш кога го кажувам тоа, но јас го мислам. Сериозно имам намера да се откажам од глумата“, рече актерката и нагласила дека има многу работи во животот што сака да ги прави.
Зборувајќи за своето искуство како славна личност, таа истакна дека не сака интервјуа. „Никој не ми е подосаден од мене, а другите луѓе ми се многу поинтересни. Се сметам себеси за длабоко досадна“, рече таа.
Таа не откри кога точно планира да стави крај на актерската кариера. Таа неодамна заврши шестнеделен ангажман во претставата „Галеб“ на Антон Чехов. Следно ќе се појави во комедијата на браќата Зелнер „Алфа Ганг“, која исто така ја продуцира.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Познатата манекенка отворено зборуваше за естетските зафати кои ги имала

Манекенката Кристи Бринкли (71) продолжува да привлекува внимание со својот младешки изглед, а сега отворено проговори за естетските третмани на кои повремено се подложува, нагласувајќи дека нејзиното здравје е поважно од совршената кожа.
Во интервју за „Пипл“, таа откри дека користи ласерски третмани, повремено се одлучува за филери и дека ботоксот не и е непознат. Сепак, Бринкли тврди дека нејзината цел не е целосно да ги избрише знаците на стареење: „Најчесто правам ласери. Не се обидувам да се ослободам од секоја брчка“, рече таа.
„Пробав филери и одам на лекар, но не сакам да изгледам испеглано или вештачко. Неодамна направив Fraxel затоа што имав рак на кожата – тој третман помага да се отстранат преканцерозните клетки. За мене тоа сега е повеќе здравствен проблем”, додаде таа.
Бринкли, чија автобиографија Uptown Girl излегува на крајот на април, претходно нагласи дека не сака да ги избрише сите траги од животот од нејзиното лице: „Сакам да задржам неколку брчки. Тоа е мојот начин да го прифатам стареењето“.
Покрај ласер, таа признава дека двапати користела ботокс, но не била воодушевена: „Моето чело изгледаше мазно, но првиот пат веѓата ми се спушти. Не ми беше удобно“.
Денес, таа користи инјекции само еднаш годишно, за фините линии околу устата. „Сега сум повеќе во ред со тоа што работите остануваат такви какви што се“, рече таа.
Забава
Мадона сними видео за „Тик-ток“ со своето момче, го покажа лицето без шминка

Мадона (66) објави видео на „Тик-ток“ со нејзиното момче Аким Морис (28).
Во видеото, пејачката и нејзиното момче го рекреираат танцот од серијата „Принцот од Бел-Ер“. Во видеото Мадона нема шминка на лицето.
@madonna 👀 #fyp ♬ Anxiety – Doechii
Мадона ја објави нивната врска на Инстаграм во јули минатата година кога објави фотографии од нив на социјалните мрежи. Тие, наводно, се разделиле во октомври 2024 година, но брзо се помириле.
Забава
Познатата актерка привлече внимание на модна ревија: „Очигледно била на ботокс“

Ен Хатавеј се појави на ревијата на Ралф Лорен, кој ја претстави колекцијата за есен 2025 година во Њујорк.
42-годишната актерка се појави во фармерки со светки кои ги искомбинира со класична бела маичка без ракави и беж капут, а косата ја врза во опавче.
Но, многумина го забележаа нејзиниот младешки изглед, а на социјалните мрежи се појавија коментари дека направила естетска операција, лифтинг на лицето или некоја слична процедура за подмладување.
„Таа очигледно била на ботокс“, „Сите во Холивуд се како Бенџамин Батон“ и „Ако имала пластична операција, резултатот е многу добар“, коментираат тие.
Други напишаа дека нејзиниот младешки изглед е резултат на затегнатото високо опавче и посилна шминка.