Забава
Кејт Мидлтон и кралот Чарлс добија поддршка од Хари и Меган по веста за нивните здравствени проблеми

Деновиве многу се зборува за здравјето на британскиот крал Чарлс Трети и на принцезата од Велс, Кејт Мидлтон.
Имено, Кејт е во болница речиси една недела поради операција на абдоменот, а кралот Чарлс изјавил дека, најверојатно, набргу ќе оди во болница поради проблеми со простатата.
Како резултат на сето ова, како што пренесува „Мирор“, со нив контактирале војводата и војвотката од Сасекс, Хари и Меган.
Иако сите знаат дека нивните односи со монархијата се нарушени уште од моментот кога решија да се повлечат од позициите на високи членови на кралското семејство и да се преселат во Калифорнија, а многумина мислеа дека сега нема да се огласуваат – тие ги демантираа.
„Кралот и принцезата од Велс добија поддршка од принцот Хари и Меган во врска со нивното здравје. Војводата и војвотката стапија во контакт со двете страни на разни начини за да ги изразат своите грижи и најдобри желби“, изјави изворот за гореспоменатиот медиум.
Наведено е и дека сите членови на кралското семејство, вклучително и Хари, биле информирани за проблемот што го има кралот уште пред веста да излезе во јавноста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Никола Јокиќ го запозна Кевин Харт и ги насмеа сите со изјавата: Мислев дека си нечие дете

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ, кој игра во НБА за Денвер Нагетс, се сретна со американскиот комичар и актер Кевин Харт, кој учествуваше на Ол-стар викендот.
Актерот кој е висок околу 160 сантиметри разговарал со Јокиќ кој е висок 211 сантиметри.
A COMEDIAN AND A JOKER 😅@KevinHart4real x Jokić pic.twitter.com/JoPxLICIAE
— NBA (@NBA) February 17, 2025
Јокиќ на шега му рекол: „Извини, мислев дека си нечие дете“.
Харт повеќе пати му повтори: „Не се смеј“.
Shaq and Kevin Hart 😭 pic.twitter.com/YtHd1wbUST
— NBA on ESPN (@ESPNNBA) February 17, 2025
Јокиќ не е единствениот кој се пошегува на сметка на висината на Харт. Кевин Дурент се насмеа кога Харт застана до Шекил О’Нил на Ол-стар натпреварот, а микрофоните го снимија она што тој го кажува.
KD mic'd up at the All-Star Game 🤣🎤 pic.twitter.com/MdPBvGZFGG
— Bleacher Report (@BleacherReport) February 17, 2025
Забава
Ким Кардашијан во креација која ги истакна сите нејзини атрибути

Многу познати ѕвезди се собраа на еден настан – прославата на 50-годишнината од култното шоу на NBC „Saturday Night Live“.
Покрај познатите актери – Блејк Лајвли, Рајан Рејнолдс, Ема Стоун, Дакота Џонсон и многу други, на настанот вистински бум направи и една ријалити ѕвезда и бизнисменка.
Станува збор за една од сестрите во семејството Кардашијан-Џенер, Ким Кардашијан, која за оваа пригода облече металик сив фустан од Баленсијага. Креацијата ги истакна сите нејзини атрибути, особено половината и задникот.
Својот стајлинг го комплетираше со едноставна брановидна фризура и шминка во „nude“ тонови.
Забава
Лили Колинс по острите критики дека ангажирала сурогат мајка објави емотивна снимка со ќерката

Ќерката на познатиот музичар Фил Колинс, актерката Лили Колинс и нејзиниот сопруг, писателот и режисер Чарли Мекдауел, неодамна станаа родители преку сурогат мајка.
Откако ја споделија радосната вест на социјалните мрежи, парот се соочи со остри критики од јавноста.
Нивната родителска улога им пречела на многу корисници на социјалните мрежи, бидејќи славниот пар, како што пишуваат, се приклучил на „трендот на ангажирање сурогат мајки за свои себични потреби“.
Најстрогите критичари ја нападнаа Лили Колинс затоа што одлучила да учествува во „неетички тренд“ кој ги поттикнува „богатите луѓе да изнајмуваат женски тела“ и на тој начин се согласуваат со нешто што е многу блиску до трговија со луѓе.
И покрај тешките обвинувања, Лили не ја крие среќата за нејзината главна улога – мајка и редовно споделува содржини од приватниот живот.
Така таа неодамна на Инстаграм објави емотивно видео со ќерката.
Како што може да се види, Лили заедно со ќерката ужива во песната „I Can’t Dance“ на групата „Genesis“.