Контакт

Забава

Кејт Мидлтон штеди и на фустаните

Објавено пред

Иако во последно време често може да се види во досега невидени парчиња облека, на гала-вечерата во лондонската Национална галерија Кејт Мидлтон блескаше во веќе виден фустан од Александар Меквин, кој последен пат го носеше на доделувањето на наградите БАФТА во 2017 година.

Гледајќи ја Кејт Мидлтон на свечениот настан во Лондон, многубројните обожаватели на британското кралско семејство забележаа дека нејзиниот црн фустан со сатенски детали и цветен дезен денес изгледа поинаку.

Споменатиот фустан на Александар Меквин што го носеше војвотката од Кембриџ на доделувањето на наградите БАФТА имаше подебели прерамки што паѓаат, а овој пат истиот фустан го красеа куси ракави. Скромната Кејт Мидлтон очигледно ги искористила услугите на шивачките што на британското кралско семејство секогаш му стојат на располагање и чии услуги често ги користи кралицата Елизабета.

Покрај новиот дизајн на ракавите, британската миленичка стариот фустан го направи нов и во однос на неговото стилизирање. Во 2017 година фустанот од Александар Меквин го носеше со пунџа и луксузни обетки, а овој пат се одлучи за лежерна брановидна фризура, децентни обетки и чантичка од црн сатен.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Границите на Земјината атмосфера се наоѓаат многу подалеку од Месечината

Објавено пред

Истражувачите дојдоа до неверојатно откритие. Надворешната атмосфера на Земјата се проширува многу подалеку отколку што се очекуваше, поточно околу 630.000 километри, што е приближно 50 пати повеќе од дијаметарот на нашата планета. Очигледно таму не може да се дише затоа што атмосферата станува поретка како што се оддалечуваме од Земјината површина, но ова откритие е значајно кога се работи за вселенските истражувања и патувања.

Овие откритија, објавени во Journal of Geophysical Research: Space Physics, се направени благодарение на децениските набљудувања од страна на соларната хелиосферна опсерваторија (SOHO) на ESA/NASA. Истражувањата се всушност направени пред неколку децении, а може да се вршат само во определeни периоди од годината.

„Месечината се наоѓа во Земјината атмосфера“, изјави Игор Баилукин, водечкиот автор од Рускиот вселенски институт. „Не бевме свесни за ова сè додека не ги искористивме податоците од истражувањата направени пред неколку децении од страна на СОХО“.

Податоците покажуваат дека Земјината егзосфера е малку погуста отколку интерпланетарниот простор. На далечина од 384.000 километри (оддалеченоста на Месечината од Земјата) има 0,2 атоми на еден кубен сантиметар. На 60.000 километри од Земјата има 70 атоми на водород во еден кубен сантиметар и густината опаѓа на помалку од еден атом на кубен сантиметар на оддалеченост четирипати повеќе од неа. Наспроти малата густина, водородот стапува во реакција со сончевите зраци, поточно ултравиолетовите. Ова емитирање е она што им овозможува на научниците да ја изучуваат таканаречената геокорона.

„Во тоа време астронаутите што се наоѓале на површината на Месечината не знаеле дека всушност се наоѓаат во геокороната“, објаснува Жан-Лу Берто, коавтор.

Ова откритие може да има големо влијание и во истражувањето на егзопланетите. Ултравиолетово сјаење од водород во егзосферата на една планета сугерира на постоење водна пареа блиску до површината. Ова е случај со Венера, Земјата и со Марс. Детектирањето ваква појава околу една планета во друг ѕвезден систем може да ни посочи за постоење воден резервоар на тоа место.

Прикажи повеќе...

Забава

Американците развиваат суперсоничен авион, од Њујорк до Лондон за 90 минути

Објавено пред

Американски стартап планира да развие патнички авион што ќе лета петпати побргу од звукот и кој ќе може за 90 минути да ги превезе патниците од Њујорк до Лондон, релација на која сега се патува подолго од седум часа, според Си-ен-ен.

Воздухопловната компанија „Хермеус корпорејшн“ со седиште во Атланта соопшти дека од инвеститори добила доволно финансиски средства за работа на проектот, чија реализација би требало да трае 10 години. Ако успее, ќе ги револуционизира комерцијалните летови.

Прикажи повеќе...

Забава

Амбер Херд фрлала шишиња алкохол по Џони Деп и го горела со свеќи

Објавено пред

Актерот Џони Деп поднесе нова тужба за клевета против својата поранешна сопруга Амбер Херд во износ од 50 милиони долари. Деп ја обвини Амбер дека ги лажирала повредите и модринките и дека тој бил жртвата во нејзината приказна и сведочење за семејно насилство.

„Ги одбивам обвинувањата на госпоѓица Херд. Ги отфрлив уште во мај 2016 година. Таа успеа да го убеди судот благодарение на лажни фотографии од модринки. Јас имам сведоци и снимки што може да потврдат дека претходно таквите повреди ги немала. Таа беше насилна, а јас жртва“, стои во тужбата на Џони Деп.

Актерот тогаш од судот добил привремена забрана за доближување на неговата сопруга Херд. Деп тврди дека Амбер била насилна кон него и дека често знаела да го удира и во присуство на други луѓе.

„Често ги мешаше амфетамините, лековите со алкохол. Госпоѓица Херд многупати извршуваше насилство над мене, често и во присуство на трети лица. Многупати добивав и тешки повреди. Ме удираше повеќепати и фрлаше со шишиња алкохол. Ме гореше со свеќи“, стои во тужбата, во која пишува дека Амбер му го повредила прстот на Деп кога фрлила шише вотка кон него. Деп во тие моменти барал Амбер да потпише предбрачен договор.

Адвокатот на Амбер го карактеризира овој чин на Џони Деп како теорија на заговор.

Ѕвездата од „Пиратот од Карибите“ и Амбер се запознаа во 2011 година, а се венчаа четири години подоцна. По нејзините обвинувања за малтретирање во 2016 година, целиот свет дозна за насилното однесување на актерот. Една година подоцна законски се разведоа.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет11 час

Јункер: Глупавите националисти ги сакаат само своите земји

Претседателот на Европската комисија, Жан клод Јункер изјави дека е свесен за заканата, која ја претставуваат националистичките политичари за европската...

Топ15 часа

(Видео) Груби ја поздрави одлуката за оставка на Богоевски

Пратеникот од ДУИ, Артан Груби, ја поздрави одлуката за оставката на пратеникот Павле Богоевски и изрази жалење за состојбата во...

Бегството на Груевски16 часа

Јовески: Не постојат пречки за Интерпол да објави потерница по Груевски

Јавниот обвинител Љубомир Јовески рече дека верува оти не постојат законски или какви било пречки за да биде објавена потерницата за...

Македонија17 часа

(Видео) Павле Богоевски најави оставка

Пратеникот Павле Богоевски најави дека ќе поднесе оставка по скандалот со аудиоснимката објавена на руската мрежа „Вконтакте“, а на која...

Регион19 часа

Дачиќ бил во Сомалија за време на нападот: „Се слушна силна експлозија“

Во моментот кога се случи терористичкиот напад во престолнината на Сомалија, српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ се наоѓал...

Свет21 час

Франција бара истрага дали Сирија употребува хемиско оружје

Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека мора да се разгледаат последните тврдења дека сириската влада употребува хемиско оружје. Министерството...

Спорт21 час

Марадона приведен на аеродромот во Буенос Аирес

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Диего Армандо Марадона, бил уапсен на аеродромот во Буенос Аирес. Медиумите објавија дека...

Европа21 час

Над 400 милиони луѓе ќе гласаат за новиот состав на Европскиот парламент

Повеќе од 400 милиони луѓе со право на глас од денеска до недела ќе избираат нов состав на Европскиот парламент....

Забава1 ден

Тамара прва од гласовите на жирито, а седма во финалето, гласовите коригирани

Македонската претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска, сепак, заврши на седмото место на евровизиското финале и на првата позиција според гласовите...

Македонија1 ден

(Видео) Заев за изјавата на Груби: Рашомонијадата од изјави на крајот ќе биде поткрепена, ќе видиме која е вистината

Премиерот Зоран Заев и натаму не открива колку лица ќе бидат сменети од функциите, ниту, пак, нивните имиња. Тој вели...

Македонија2 дена

Кривични за експретседателот на Регулаторна и тројца членови, со парното ги оштетиле скопјани за 6,6 милиони евра

Одделот за сузбивање  организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против лицата Д.П. (51), вработен како претседател и член на ...

Македонија2 дена

Анкета на „Макфакс“: Павле Богоевски треба да поднесе оставка

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“ на прашањето каков епилог треба да има аферата за пратеникот Павле...

Македонија2 дена

Антикорупциската бара кривично да се гони Владимир Панчевски

Антикорупциската комисија ќе поднесе иницијатива за кривично гонење одговорни и службени лица во Основниот суд Скопје 1, меѓу кои и...

Македонија2 дена

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ повторно бара надзорна расправа за адвокатските услуги на власта

ВМРО-ДПМНЕ повторно побара надзорна расправа за да се расветли скандалот со милионските суми за адвокати ангажирани од јавните претпријатија и...

Македонија2 дена

Оливера Трајковска, Орце Камчев и Иво Котески ќе сведочат за апсењето на Бошкоски

Новинарката Оливера Трајковска, бизнисменот кој важеше близок до поранешната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Камчев, и поранешниот портпарол на МВР,...

Македонија2 дена

Вработени во МВР што работеле на случајот на Бошкоски не знаат кој ја дал наредбата за негово апсење

Судењето за случајот „Тортура“, кој се однесува на апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, продолжи со испрашување...

Македонија2 дена

Прекршочна пријава за директорката на Хематологија – не поднела анкетен лист за имотната состојба

Антикорупциската комисија поднесе прекршочна пријава против директорката на Клиниката за хематологија, Ирина Пановска-Ставридис, за неподнесување анкетен лист за имотната состојба....

Свет2 дена

(Видео) Торнадa беснеат во Америка, куќите останаа без покрив

Невреме и торнадо го погодија северниот дел на САД, а во близина на аеродромот во Тулса, Оклахома, најмалку едно лице...

Европа2 дена

Пресметка со шверцери на дрога во Европа, уапсени 22 лица

Во координирана операција против шверц со дрога во Европа, 22 лица беа уапсени, соопшти Европол. Осомничениот водач на синџирот шверцери,...

Свет2 дена

САД ѝ дадоа рок на Турција да се откаже од купувањето руски противракетен систем

САД ѝ дадоа рок на Турција од две недели да се откаже од купувањето руски противракетен систем „С-400“ во корист...

Досие