Контакт

Забава

Ким Кардашијан Вест го гаси својот бренд „ККВ бјути“

Објавено пред

Ким Кардашијан Вест најави дека привремено ќе ја затвори веб-продавницата на својот бренд за убавина,  KKW Beauty.

Реалити-sвездата (40) им порача на фановите да се збогуваат со палетата козметички производи на „ККВ бјути“  – кој го основаше во 2017 година – бидејќи планира да ја започне линијата како целосно нов бренд во текот на следните месеци.

Во објавата споделена на нејзините профили на социјалните мрежи, таа напиша: „До нашите верни клиенти, сè започна со контурен комплет и се прошири на очи, усни, тело и многу неверојатни колекции во текот на изминатите четири години.“

„На 1 август на полноќ ќе ја затвориме страницата KKWBeauty.com за да можеме да ви се вратиме под целосно нов бренд со нови формули кои се помодерни, иновативни.“

Според најавата, Ким сака да развива производи со иновативни формули, додека пакувањето би било пософистицирано и одржливо. Иако затворањето на компанијата е на само неколку недели, продажбата на акции започна во средата, што значи дека зависниците од убавина конечно ќе дојдат на свое, коментираат таблоидите.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Греми-награди: Диверзитетот ќе стане дел од договорот со продуцентите

Објавено пред

Шоуто Греми-награди се обврза да ангажира разновиден тим на луѓе кои работат на и надвор од сцената за да ги произведат највисоките признанија во музичката индустрија, соопшти организаторот во средата (4 август).

Aкадемијаta на музичари, продуценти и други музички pрофесионалци („Рекординг академи“) објави дека го усвојува таканаречениот „инклузивен јавач “ во договорот со продуцентите на церемонијата  Греми-награди во јануари 2022 година, со цел да го зголеми диверзитетот на секое ниво.

Инклузискиот јавач ќе ја обврзе компанијата што го продуцира шоуто „да вложи максимални напори да регрутира, аудицира, интервјуира и да вработи луѓе на сцена и надвор од сцената, кои историски и систематски биле исклучувани од забавната индустрија“.

„Рекординг академи“ соопшти дека тоа ќе биде прво големо музичко наградно шоу што ќе се обврзе на инклузивност.

Според медиумите, овој потег е дел од засилените напори да се подигне гласот на афроамериканците на сите нивоа на музичкиот бизнис по културната пресметка поттикната од протестите во 2020 година против системскиот расизам во САД.

Прикажи повеќе...

Забава

Џенифер Анистон јаде едно парче чипс кога е под стрес

Објавено пред

Холивудската актерка Џенифер Анистон откри дека секогаш кога е под стрес доволно ѝ е да земе само едно компирче чипс.

Ѕвездата на „Морнинг шоу“ знае дека е досадно што има толку многу самоконтрола кога станува збор за нездрава храна, па дури и ако отвори вреќичка чипс за да ги олесни чувствата, таа сепак покажува воздржаност.

На прашањето што јаде кога е под стрес, таа рече: „Чипс. Крцка, крцка”. Запрашана да појасни дали мисли само на едно парче, таа потврди: „Обично да. Јас сум добра во тоа. Можам да изедам само еден од полна вреќичка. Знам, тоа е толку досадно”.

52-годишната sвезда секогаш пие умерено и никогаш не доаѓа во искушение од „егзотични“ коктели.

Говорејќи за нејзиниот омилен пијалок, таа за магазинот InStyle изјави: „Маргарита – чиста, без шеќер – или валкан мартини. Имам само два до три пијалоци највеќе, и не правам егзотични.“

Прикажи повеќе...

Забава

„Форбс“: Ријана и официјално е милијардерка

Објавено пред

Нето богатството на поп-sвездата Ријана се проценува на 1,7 милијарди долари, што ја прави најбогата музичарка во светот, но нејзината музика не е примарен извор на нејзиното богатство, објави престижниот магазин „Форбс“ во средата (4 август).

Пејачката родена на Барбадос, чиешто родено име е Робин Фенти, црпи 1,4 милијарди долари од богатството преку својот удел од 50 проценти во козметичката линија „Фенти бјути“.

Остатокот од богатството на Ријана доаѓа од нејзиниот удел во компанијата за долна облека „Севиџ икс фенти“ и нејзиниот приход како пејачка и актерка, пишува списанието.

Компанијата за убавина на Ријана, чија втора половина ја поседува LVMH, е позната по својата широка палета од 50 тонови за кожа, вклучувајќи темни нијанси за афроамериканки, кои беа ретки кога беше лансирана во 2017 година. Ова ја направи лидер во инклузивноста во индустријата.

Пејачката најпозната по хитовите Umbrella и Love The Way You Lie го зазема второто место зад Опра како најбогата жена забавувач, објави „Форбс“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 минута

СЗО порача засега да не се дава трета доза вакцина, САД не прифаќаат

Белата куќа го отфрли повикот на СЗО за мораториум на третата доза на вакцина продив Ковид-19“, велејќи дека Соединетите држави...

Топ17 минути

Татко ја малтретирал својата ќерка, ја удирал со тупаници, и се заканувал на сопругата дека ќе ја убие

38-годишен жител од Брвеница, татко и сопруг е осомничен за малтретирање на својата ќерка и за семејно насилство над неговите...

Македонија31 минута

Активни пожари во битолскиот, струмичкиот, кумановскиот и штипскиот регион

Активни пожари има во битолскиот, струмичкиот, кумановскиот и штипскиот регион соопштија од Центарот за управување со кризи. Според објавата на...

Европа1 час

Пожарите во Грција не стивнуваат, населението се евакуира, огнената стихија уништи куќи

ЕУ испрати помош за Грција и другите земји од Југоисточна Европа кои се борат со големи пожари. Помошта дојде еден...

Македонија2 часа

Ангелов: Пет хеликоптери го гаснат пожарот кај Пехчево, ако дозволат условите, ќе емитувам во живо

Пет хеликоптери, три српски и два македонски, полетаа од скопскиот аеродром кон Пехчевскиот Регион, соопшти утрово директорот на Центарот за...

Македонија2 часа

Владата ќе го разгледува предлогот за воведување кризна состојба во државата поради пожарите

Владата денеска во 08.30 часот треба да одржи седница за предлогот на Управувачкиот комитет за воведување кризна состојба во траење...

Македонија14 часа

Стојанче Ангелов од вршител на должност стана директор на ЦУК

Владата на денешната 94 седница донесе одлуки во однос на повеќе кадровски решенија. Така, Стојанче Ангелов кој досега беше вршител...

Македонија16 часа

Награди од по 10.000 денари за пожарникарите кои го гаснеа пожарот кај Кочани

Владата на седница одлучи да ги награди сите пожарникари вклучени во гаснењето на пожарот кој го зафати Кочани и околината....

Македонија17 часа

Албански државјанин приведен за подметнување на пожар, има осомничен и за оној во Старо Нагоричане

Попладнево од страна на полициски службеници од полициското одделение Галате уапсен е 32-годишен албански државјанин со иницијали Л.А, кој илегално...

Македонија18 часа

Владата ја разреши директорката на инспекторатот за животна средина

Владата ја разреши директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска, по барање на нејзината матична партија ДОМ. Од...

Македонија20 часа

Регистрирани 164 нови случаи на Ковид-19, пријавени се три починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 5.276 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на...

Топ23 часа

Камион излетал од патот во близина на ГП Блаце, возачот починал од срцев удар

Товарно возило со косовски регистарски ознаки вчеравечер излетало од патот во близина на Граничниот премин Блаце соопштија од МВР. Возачот...

Регион1 ден

Почина Мирослав Лазански

Почина српскиот новинар, воен аналитичар, политичар и дипломат Мирослав Лазански на 71-годишна возраст. Лазански починал во својот дом во Белград...

Европа1 ден

(Видео) Две загинати лица и десетици повредени во судир на два воза во Чешка

Две лица загинаа, седум се во критична состојба а 31 лице се повредени во судир на два патнички воза во...

Македонија1 ден

Македонија е во портокалова фаза – да се почитуваат мерките за заштита од топлотниот бран, порачуваат надлежните

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавците, негувателите и воспитувачите во градинките, вработените во центрите за социјална работа...

Македонија1 ден

Две дози вакцина во државата примиле 401.336 граѓани

Прва доза вакцина вчера примиле 3.909 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.939 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 920.442...

Регион1 ден

(Видео) Грчките пожарникари цела ноќ се бореа со пожарите, гори и предградие на Атина

Вкупно 81 пожар избувнаа во Грција во последните 24 часа, а пожарникарите сѐ уште се борат со 40 од нив, кои...

Свет1 ден

Њујорк воведе ковид-пасоши – во ресторан и театар може само вакцинирани

Во Њујорк нема да може да се влезе во ресторан, спортска сала и во театар без потврда за вакцинација, изјави...

Топ2 дена

Скопјанец ја тепал мајка си, но таа не сакала да го пријави – повредена излегла од болница и починала

Полицијата уапсила 36-годишен скопјанец откако започнала истрага по пријава дека во близина на градската општа болница „8 Септември“ почината била...

Македонија2 дена

(Видео) Спасовски: Четири српски хеликоптери им се приклучуваат на нашите два

Српските власти ни испратија четири хеликоптери за гаснење на пожарите, кои ќе се приклучат на нашите два и ќе сториме...

Досие