Контакт

Hitech

Кинезите патентирале телефон без рамка околу екранот

Објавено пред

Минатата недела се појавија извештаи за претстојниот телефон од кинеската компанија „Хуавеј“, кој треба да има 6,9-инчен ОЛЕД-дисплеј. Уредот ќе има рамен екран, а не т.н. edge-to-edge каков што има на актуелната Mate 10 серија.

Прашањето што многумина го поставуваат е дали ова ќе биде само нов огромен телефон или „Хуавеј“ успеала да најде начин значително да ги намали рамките околу екранот? Сега се појавија фотографии од патент, кои може да објаснат некои од деталите. Имено, на компанијата ѝ е одобрен патент со име уред за мобилни комуникации. Патентот претставува паметен телефон со правоаголно куќиште и без рамки отстрана.

Инаку, производството на телефони со многу тенки рамки не е можно доколку се користи постојната технологија. Поради оваа причина, инженерите на „Хуавеј“ најдоа алтернатива.

Невообичаена рамка се користи за левата и десната страна на уредот, при што метални ленти се залепени за куќиштето со помош на двострана леплива лента. Ова е направено на исклучително професионален начин кој овозможува уредот да биде водоотпорен и отпорен на прав.

Екранот на допир има вградена структура на врвот и на дното. Како резултат на тоа екранот е прикачен во внатрешноста на куќиштето и затоа на страните не постои непотребен притисок. Рамката останува прилично тесна и на врвот и на дното на уредот, пренесува „Банчмарк“.

Дали ова може да биде новиот 6,9-инчен телефон „хуавеј“ за кои неодамна проструија информации останува да се види.

Hitech

Новиот „самсунг галакси С10“ ќе има верзија и со рамен екран

Објавено пред

Корејската компанија „Самсунг“ планира на почетокот од следната година да претстави нови модели на мобилни телефони од серијата „галакси С“. За разлика од актуелните С9 и С9+, моделот С10 ќе има три  верзии, од кои две ќе имаат закривен, а една рамен екран.

Големината на екранот не би требало да се разликува од моделите на С9-серијата. Така, помалите модели ќе го задржат екранот од 5,8 инчи, а поголемите ќе имаат дијагонала од 6,2 инчи. Моделот со рамен екран се очекува да има екран од 5,8 инчи.

Во однос на екраните, треба да се наведе и дека за новата „галакси С10“ линија, „Самсунг“ подготвува нова генерација на ОЛЕД-екрани за кои се користи работниот назив M9. Според изворите, за изработка на M9-екраните се користат нови форми на органски материјали, од кои некои ќе бидат набавени и од нови фабрики – црвените ќе ги испорача американската Dow Chemical, а сините материјали SFC Chemicals, исто така од САД.

Со тоа без ангажман остануваат Duksan Neolux (црвени) и Idemitsu (сини), кои ги обезбедуваа наведените материјали за производство на органски светлосни диоди во М8-екраните користени кај С9, С9+ и ноут 9. Зелениот материјал за изработка на ОЛЕД-екраните ќе продолжат да го обезбедуваат Nippon Steel и Samsung SDI.

Прикажи повеќе...

Hitech

„Јутјуб“ овозможува бесплатно гледање холивудски блокбастери

Објавено пред

Платформата „Јутјуб“ неодамна почна да објавува познати холивудски филмови, кои корисниците може да ги гледаат бесплатно.

Иако изборот на филмови за време на кои се емитуваат и реклами не е голем, меѓу нив може да се најдат холивудски класици, како „Роки“ и „Терминатор“, но и познати комедии како „Легално русокоса“.

Корисниците на најголемата интернет-платформа за дистрибуција на видеосодржини досега имаа можност да купат или да изнајмат филмови во дигитален формат преку Google Play Movies & TV, а филмовите набавени на овој начин се прикажуваа на јутјуб-каналот на корисникот доколку при нарачката пристапувал од ист кориснички налог.

Гледачите, сепак, бесплатно нема да може да ги следат најновите холивудски филмови, туку само постари познати хитови.

Новата услуга е достапна од крајот на октомври, засега само за корисниците во САД. Се очекува дека набргу ќе се прошири и на други земји во светот.

 

Прикажи повеќе...

Hitech

„Самсунг“ тестира контрола на телевизори со помош на мисли

Објавено пред

Идејата за контрола на предмети со користење на нашиот ум изгледа како сцена од научнофантастичен филм, но таа всушност и не е толку недостижна.

Во минатото сме виделе како со помош на мислите луѓето може да контролираат уреди, како што се инвалидските колички, поради што употребата на умот за контрола на телевизори и не изгледа толку невозможно. Всушност, за време на конференцијата на програмери на „Самсунг“ компанијата откри дека работи на софтвер што потенцијално ќе им овозможи на корисниците да ги контролираат своите телевизори со помош на мозокот.

Според „Самсунг“, работата на овој проект е почната пред три месеци во партнерство со Центарот во Швајцарија – EPFL, со идеја да им овозможи на оние со одредени пречки во развојот да ги контролираат своите уреди.

Според Ричард Чаваријага, научник во EPFL, кој исто така работи на проектот, станува збор за технологија која е сложена и интелигентна, односно токму каква што треба да биде со оглед дека е наменета за да се поврзе со луѓето.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

В петок состанок на телото за помирување

В петок, најверојатно, ќе се одржи состанок на координативното тело за помирување и интеграција. Деталите околу новиот предлог за амнестија...

Бегството на Груевски3 часа

Рот: Правото на азил е гест на хуманост за прогонетите, но не и за пријател на премиерот

Државниот министер за Европа во германското Министерство за надворешни работи, Михаел Рот, упати критики до унгарските власти кои му доделија...

Македонија3 часа

Италијански медиуми: Папата Франциско во мај ќе ја посети Македонија

Папата Франциско во мај следната година ќе ја посети Македонија, објави римокатоличкиот интернет сервис „Религион дигитал“, повикувајќи се на извори...

Свет5 часа

Турција: Не е можно ЦИА да не знае кој дал наредба за убиството на Кашоги

Турција ги обвини САД дека се обидуваат да го игнорираат убиството на новинарот Џамал Кашоги, што се случи во саудискиот...

Бегството на Груевски6 часа

Унгарскиот министер за правда: Унгарија не може да го екстрадира Груевски, тој може да добие патнички документи

Унгарскиот министер за правда, Ласло Трочањи, за телевизијата „Еко“ изјави дека Никола Груевски може да аплицира за патнички документи како...

Македонија7 часа

Сијарто: Унгарските дипломати не го шверцуваа Груевски преку границите, тој имаше документи

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, денеска одржа прес-конференција, на која рече дека Груевски морал да премине преку три...

Македонија8 часа

(Видео) Апостолски: Недозволиво е да се одреди мерка притвор без да биде сослушан обвинетиот

Денеска, го добивме решението за мерката притвор на Сашо Мијалков. Без да се повика на сослушување, недозволиво е на обвинетиот...

Бегството на Груевски8 часа

Директорот на затворот „Скопје“: Мијалков е во ќелија со други затвореници, има право на посети и два часа прошетка

Нема наредба од судот за ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, да биде спроведен на рочиштето за предметот „Таргет-Тврдина“ поврзан со...

Македонија8 часа

Хан очекува објаснување од Орбан за азилот на Груевски

Еврекомесарот за проширување, Јоханес Хан на Твитер објави дека доколку е потврдена информацијата дека Унгарија одобрила азил за Никола Груевски,...

Свет9 часа

(Видео) Американскиот Сенат преку писмо побара од Трамп втора истрага за Кашоги

ЦИА не успеа со сигурност 100 %, да утврди дали саудискиот престолонаследник го наредил убиство на новинарот Џамал Кашоги, изјави...

Македонија9 часа

МЗД: Да се разреши составот на Комисијата која утврди дискриминација кон Груевски

Со утврдувањето дискриминација кон Никола Груевски, Комисијата за заштита од дискриминација покажа селективно и непрофесионално работење, смета Мрежата за заштита...

Македонија19 часа

СЈО барало притвор за Мијалков поради оперативни информации дека ќе бега

Во решението на кривичниот суд за притворот на ексдиректорот на тајната полиција, Сашо Мијалков, пишува дека мерката му е определена...

Македонија21 час

Адвокатот на Мијалков: Недозволиво е што тој не беше известен за притворот

Недозволиво е судија на претходна постапка или кривичен совет да не ја извести странката, во случајов Сашо Мијалков, дека за...

Македонија23 часа

(Видео) Мијалков спроведен во затворот во Шуто Оризари

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, вечерва е спроведен во истражниот затвор во Шуто Оризари поради опасност од бегство, велат...

Македонија23 часа

Владата го одби предлог-законот за амнестија предложен од ВМРО-ДПМНЕ

Владата на денешната владина седница донесе негативно мислење за предлог-законот за амнестија за настаните од 27 април. „Владата донесе негативно...

Uncategorized1 ден

Амнестија во текот на судскиот процес, прекин на постапката за тие што не тепале на 27 април?

Кој ќе се спаси од кривична одговорност за инцидентите од 27 април, најверојатно ќе се утврдува според обвинителниот акт, односно...

Македонија1 ден

Влада: Очекуваме Будимпешта да го предаде Груевски во Македонија

Владата соопшти дека официјално покрај протестната нота доставена вчера за улогата на амбасадите на Унгарија во бегството на Груевски од земјата,...

Бегството на Груевски1 ден

Груевски: Добив азил во Унгарија, продолжувам да ја барам правдата

Поранешниот премиер Никола Груевски, на неговиот „Фејсбук“ профил, ги потврди информациите дека добил политички азил во Унгарија. Тој себе си...

Македонија1 ден

Кривична за директор на јавно претпријатие кој незаконски си зел аванси од над 2 милиона денари

Гевгелиската полиција поднесе кривична пријава против 29-годишен директор од Дојран поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Како...

Бегството на Груевски1 ден

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски до Министерството за правда на Република Унгарија. „Барањето за...

Досие