Контакт

Забава

Кира Најтли во деветтиот месец од бременоста купува продукти на пазар

Објавено пред

Триесет и тригодишната британска актерка Кира Најтли, која се појави на сцената на 18-годишна возраст, веќе е во напредна бременост вторпат.

Кира очекува дете со својот сопруг, музичарот Џејмс Рајтон, а папараците неодамна ја фотографираа додека одеше да купува продукти.

Актерката во долго здолниште и тексас јакна, со очила на лицето, изгледа речиси непрепознатливо.

Бременоста ѝ годи, таа буквално блеска, дури и без шминка.

Актерката и музичарот се венчаа во мај 2013 година, а ќерката ја добија пред две години. Искуството на Кира со првото раѓање беше трауматично и таа зборуваше отворено за тоа во есеј во кој се осврна на темата притисок врз жените да изгледаат совршено по породувањето.

Забава

Тејлор Свифт не сака да се преправа дека е во добри односи со Канје Вест

Објавено пред

Откако раперот Канје Вест (42) ја посрамоти пејачката Тејлор Свифт (29) на MTV Video Awards во 2009 година, нивната врска никогаш не се подобрила. Во интервју за магазинот „Ролинг стоун“, Тејлор изјави дека веќе нема да се преправа оти сè е во ред меѓу неа и Вест.

По 2009 година, ситуацијата постојано се менувала. Канје и Тејлор станале пријатели, излегле на вечера заедно, а раперот понекогаш знаел да ја пофали музиката на Тејлор. Сепак, сето тоа паднало во вода во 2015 година на ВМА-наградите. Канје, рече Тејлор, ја молел да му ја додели наградата „Вангуард“ затоа што тоа би значело многу за него. Тој побарал да го повика на сцената и да каже дека Ем-ти-ви ја донел таа одлука поради зголемена гледаност.

„Сфатив дека е многу дволичен. Тој сака да биде добар со мене зад сцената, но тој сака да биде кул, да стане пред сите и да зборува сешто. Се вознемирив. Тој сакаше да дојдам во соблекувалната по настанот да разговараме, но јас одбив“, рече Тејлор.

Канје тогаш ѝ испрати цвеќе на Тејлор во знак на извинување, што таа го прифатила. Нивното пријателство се тресело цело време кулминирајќи кога Канје ја објавил песната Famous пред три години, во која тој ја спомнал.

„Имам чувство дека Тејлор и јас ќе имаме секс. Зошто? Ја направив таа кучка популарна“, се стиховите на песната на раперот, на што Тејлор полуде.

„Дотогаш мислев дека сме во добри односи, но кога ја слушнав песната, си реков за себе: ‘завршив со ова’“, вели Тејлор.

Во 2009 година Канје ја прекина Тејлор и рече дека наградата за најдобро женско видео требаше да ја освои Бијонсе (37) за Single Ladies. Оттогаш нивната врска е бурна.

Прикажи повеќе...

Забава

Јапонското кралско семејство го заменува „ролс-ројсот“ со помалку познат, но уште поексклузивен автомобил

Објавено пред

Јапонскиот император Нарухито ќе пристигне во голем стил на церемонијата на неговото крунисување благодарение на „Тојота“.

Компанијата му подготви уникатна верзија на лимузината Century во кабриолет-верзија, која ќе служи како кралски параден автомобил.

Вакви автомобили се користат многу ретко и само во многу важни национални свечености.

Претходниот автомобил на кралската парада беше „ролс ројс корниче III“ од 1990 година, кој беше користен само двапати.

„Обичниот“ Century сам по себе е импресивна машина, која чини повеќе од целосно опремен „лексус ЛС седан“.

Сепак, главната разлика е во тоа што Century е длабоко вкоренет во традицијата и историјата на Јапонија – што е повеќе од соодветно за кралското семејство на Јапонија.

Прикажи повеќе...

Забава

Мистериозна смрт во Бангкок, телото на плејбој-зајачица пронајдено во лифт

Објавено пред

Плејбој-зајачицата Титим Норафанфифат беше пронајдена мртва во лифт од зграда во Бангкок, пренесува „Дејли мејл“. Таа имала само 25 години, а полицијата сè уште ги истражува околностите на нејзината смрт.

Полицијата не сака да ги објавува деталите бидејќи сè уште се чекаат резултати од обдукција за да се утврди причината за смртта. Нема повреди на нејзиното тело.

Сè уште нема осомничени иако камерите во зградата снимиле сè. Поточно, маж ја носел Титим, ја ставил на подот во лифтот и заминал. Тој ѝ кажал на полицијата дека моделот го запознал на настанот на кој работеле двајцата. Тој ја однел кај себе дома затоа што таа била премногу пијана за да му ја каже адресата на која живее.

Според човекот, чиј идентитет не бил откриен јавно, Титим се онесвестила, а тој ја ставил на креветот да се одмори и ги повикал пријателите да дојдат да ја земат.

„Јас нема да избегам затоа што сум невин. Можеби сакам да се шегувам, но јас сум џентлмен. Ништо не ѝ направив“, рече човекот, кој на крајот беше ослободен од полицијата.

Резултатите од истрагата се во очекување.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Над 30 светски лидери потпишаа иницијатива за борба против климатските промени

Над 30 шефови на држави и влади потпишаа апел за засилување на активностите во борбата против климатските промени, што ги...

Топ6 часа

Воз на релација Гевгелија – Скопје прегази 23-годишен мигрант

Пакистанец на возраст од 23 години загина на пругата во близина на селото Ногаевци кога во него удрил воз што...

Македонија6 часа

Почна уривањето на дивоградбите во Охрид

Општина Охрид ја почна најавената акција за уривање дивоизградени објекти на подрачјето на општината во согласност со законските процедури и...

Македонија7 часа

(Видео) Одложено судењето на Латас, предметот „Тотал“ сѐ уште во доказна постапка

Денешното рочиште за случајот „Тотал“, каде што обвинет е новинарот и поранешен уредник, Драган Павловиќ-Латас, е одложено за 17 октомври...

Свет7 часа

Во светот се одржуваат големи климатски протести, ќе се протестира и кај нас

Глобален протест против климатските промени за денеска е најавен во 139 земји и се очекува ова да биде најмасовниот во...

Свет8 часа

(Видео) Пукање во близина на Белата куќа, еден загинат и петмина повредени

Еден човек загина, а петмина се повредени при пукање во Вашингтон, во близина на Белата куќа, пренесуваат американските медиуми. Не...

Свет9 часа

Пентагон на Трамп ќе му претстави воени опции за Иран

Воени опции како одговор на иранскиот напад врз саудиската рафинерија, денеска, ќе му бидат претставени на американскиот претседател Доналд Трамп....

Свет9 часа

Саудиска Арабија почна воена операција во Јемен

Коалицијата што ја предводи Саудиска Арабија почна воена операција северно од јеменскиот пристаништен град Ходеида. Целта на операцијата, како што...

Европа21 час

Макрон: „Жолтите елеци“ ме наведоа подобро да ги слушам луѓето

Францускиот претседател Емануел Макрон откри дека кризата со граѓанското движење „Жолти елеци“ на некој начин била добра за него, бидејќи...

Свет23 часа

Трудо среде скандал, најмалку трипати се маскирал како црнец

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска западна во голем скандал. Утрово беше објавена негова стара фотографија на која тој е облечен...

Македонија1 ден

Обвинение против ексградоначалник на Демир Хисар, незаконски вработувал луѓе

Битолското Обвинителство поднесе обвинение против три лица за незаконски вработувања. Обвинети се поранешен градоначалник на Демир Хисар, раководител на Центарот...

Македонија1 ден

(Видео) Трајанов: Со една изборна единица ќе се стави крај на прелевањето на гласовите на малите партии

Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, рече дека очекува поддршка со консензус на иницијативата за промена на Изборниот законик да...

Македонија1 ден

Судењето за „Талир 2“ повторно одложено

Судењето за предметот „Талир 2“ на СЈО, судијката Даниела Алексова-Стојановска го одложи за 15 октомври. Причина за одлагањето е доуредување...

Регион1 ден

Mакедонски државјанин фатен при шверц на антички предмети на граничниот премин Прешево

Српските цариници во соработка со полицијата, во вторникот, 17 септември, на граничниот премин Прешево спречија обид за шверц на антички...

Топ1 ден

Обвинение и за девојката што учествувала во убиството на Пино Секондо

Обвинителството поведе обвинение и против девојка од Скопје за која се смета дека е соизвршител во убиството на Пино Секондо,...

Македонија1 ден

Палмер: САД се надеваат дека Северна Македонија ќе ги почне преговорите во октомври

Специјалниот претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, вели дека очекува Северна Македонија да ги почне...

Топ1 ден

Тракторист загина во сообраќајна несреќа на патот Струга – Дебар

Четириесет и осумгодишен тракторист од струшкото село Велешта загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на регионалниот пат Струга...

Свет1 ден

Обелоденети 76 милиони податоци од Mинистерството за внатрешни работи на Австрија

Во Министерството за внатрешни работи на Австрија, според информациите од интернет-страницата „Буре без дно“, дошло до масивно обелоденување полициски податоци....

Свет1 ден

(Видео) Уапсен маж кој пукаше и го блокира стратешкиот мост во Киев

Украинските специјални сили уапсија вооружен маж кој го блокира стратешкиот мост во Киев и се закани дека ќе предизвика експлозија...

Свет1 ден

Њујорк и Мичиген ги забранија ароматизираните електронски цигари

Њујорк е првата сојузна американска држава која забрани продажба на ароматизирани електронски цигари по речиси 400 случаи на сериозни болести...

Досие