Контакт

Забава

Кира Најтли ги откри предизвиците што ги очекуваат жените по породувањето

Објавено пред

Кира Најтли одлучи да ја сподели суровата реалност на мајчинството со целиот свет. Таа тврди дека жените треба да бидат пофалени за „емоционалниот и физичкиот маратон” низ кој минуваат кога ќе добијат деца.

Актерката својот син Еди го роди во 2015 година.

„Мислам дека жените не добиваат доволно пофалби за физичкиот и емотивен маратон низ кој минуваат како мајки. Бев исклучително привилегирана. Имав многу среќа во кариерата и можев да си дозволам добра грижа за моето бебе, но мајчинството сè уште е многу тешко“, изјави таа за магазинот „Баланс“.

Кира им порачува на другите мајки дека прифаќањето на сите тешкотии што ги носи мајчинството не значи дека тие се полоши родители или дека се лоши мајки кои не го сакаат своето дете. За Најтли, тоа е само соочување со големите животни предизвици што доаѓаат по породувањето.

„Сето ова што го реков не значи дека не го сакам моето бебе. Јас само признавам дека недостигот на спиење, хормоналните промени и промените во односот со партнерот се само нешта кои секојдневно влијаат да се чувствувам како да не успевам. Затоа морам да се потсетувам себеси дека не сум неуспех, туку дека правам што можам, но ни тоа не е лесно“, додаде таа.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech

Голем број опасни апликации демнат во „Гугл плеј стор“

Објавено пред

Корисниците по се изгледа не може туку-така да веруваат дека сите апликации во „Гугл плеј стор“ се безбедни.

Токму ова го докажува истражување што било спроведувано дури две години. Универзитетот во Сиднеј пронашол околу 2.040 штетни и злонамерни апликации на популарната платформа за андроид уреди.

Во истражувањето биле анализирани еден милион апликации во продавницата „Гугл плеј“. Притоа детектирани се голем број лажни апликации, апликации за кои е потребен пристап до многу приватни податоци за корисниците, а интересно е дека меѓу ваквите апликации спаѓаат и некои популарни игри, вклучувајќи ги Hill Climb Racing или Temple Run. За успешно да се анализираат толку многу апликации, истражувачите користеле методи на машинско учење, пренесува „PC Press“.

Алгоритмите откриле дури 49.608 потенцијални закани. Потоа, со користење на VirusTotal софтверот, 7.246 апликации биле карактеризирани како злонамерни, додека 2.040 од нив биле оценети како лажни или високо ризични.

Прикажи повеќе...

Hitech

Бил Гејтс го призна најголемиот кикс на „Мајкрософт“ кој го чинел 400 милијарди долари

Објавено пред

Поранешниот директор на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, ја отвори душата за време на интервју со „Вилиџ Глобал“ и кажа за што најмногу се кае кога е во прашање управувањето со компанијата.

Тоа е – неуспешниот обид да го направи „Виндоус мобајл“ тоа што денеска е „Андроид“.

Иако оваа грешка во голема мера му се припишува на Стив Балмер, кој беше извршен директор на компанијата во периодот од 2000 до 2014 година, Гејтс на себе го препишува недостатокот на координација.

Како доминантна софтверска сила во светот на десктоп компјутерите, амбицијата на „Мајкрософт“ за ист успех со мобилните уреди била сосема оправдана. Како што времето покажа, неуспешни биле тајмингот и пазарниот радар на компанијата.

Оперативниот систем на „Гугл“ направи пресврт во 2008, една година по промоцијата на првиот „ајфон“. Во тоа време, „Виндоус мобајл“ и натаму бил фокусиран на тастатура и пенкало за дисплеј.

Кога компанијата во 2010 го промовирала својот „Виндоус фон 7“ веќе било предоцна за пробив. Само еден оперативен систем можел да стане стандардна верзија на иОС од „Епл“.

Долгорочната јалова борба на „Мајкрософт“ официјално ќе биде завршена до крајот на годинава, кога компанијата ќе ја прекине поддршката за „Виндоус мобајл 10“, пишува „Светот на компјутерите“.

„Мајкрософт“ го преживеа ваквиот жесток удар од конкуренцијата, но компанијата, според проценките на Гејтс, загубила околу 400 милијарди долари.

Прикажи повеќе...

Забава

Бикини во облик на женски усни го разбранува интернетот

Објавено пред

Дизајнерката Адријана Дегерас најпрвин создаде костим за капење чиј горен дел изгледа како некој да ги држи градите со една рака, а сега дизајнира уште поинтересен долен дел.

Тоа се црвени гаќички, кои изгледаат како џиновски усни.

View this post on Instagram

Happy Valentines ❤️

A post shared by Adriana Degreas (@adrianadegreas) on

Жените од целиот свет се веќе опседнати со овие бикини, а според коментарите, многу модни блогерки ќе ги носат ова лето. Единствена пречка може да биде цената на овие бикини – 600 евра.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 час

Владата ќе испитува дали има основа да се раскине концесијата за Иловица

Владата на денешната 141 седница донесе одлука да го задолжи Министерството за економија да ја испита правната исполнетост на барањето...

Свет11 час

ОН: Богатите ќе купуваат спас од жештините и гладот, на повидок е климатски апартхејд

Светот е на пат кон климатски апартхејд, во кој богатите ќе купуваат излез од најлошите ефекти од климатските промени, додека...

Економија13 часа

Во Љуботен запленети над 12 тони тутун, нелегално се увезувал од сите соседни земји

Над 12 тони тутун е одземен од жителите на Љуботен по спроведената акција во селото. Нема уапсени, бидејќи истрагата не...

Македонија14 часа

Дураки поднесе оставка: Моето раководење ќе остави траен белег во заштитата на животната средина

Садула Дураки поднесе оставка на функцијата министер за животна средина и просторно планирање од причина што е предложен за министер...

Регион15 часа

Ердоган: Ако е потребно, ќе направиме ревизија на владата, но без надворешни притисоци

Не можеме да ги предвидиме пораките на народот и да се оглушиме на нив, истакна денеска турскиот претседател, Реџеп Таип...

Македонија16 часа

Здравствениот инспекторат побара проверка на стручноста на лекарите за смртта на родилката

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) вчера извршил вонреден инспекциски надзори во сите здравствени установи каде што била лекувана родилката од...

Македонија16 часа

(Видео) Арсовски: Советник од ДУИ незаконски гради бетонска база во Охрид

Безвластието и самоволието на локалните шерифи во Охрид е само слика и прилика од владеењето на Зоран Заев и СДСМ,...

Македонија19 часа

Кавадарчани фалсификувале американски долари, обвинение против 12 лица, меѓу кои и вработени во банка

Основното јавно обвинителство Велес поднесе обвинителен акт за фалсификување американски долари. Од Обинителството информираат дека обвинението се однесува на 12...

Македонија19 часа

Поднесено е обвинение против Ел Чека

Основното јавно обвинителство Кичево поднесе обвинение против Ел Чека за, како што се наведува, продолжено кривично дело – неовластено прислушување...

Македонија19 часа

Финансиската полиција спроведе акција во скопско Љуботен, жителите вознемирени

Финансиската полиција од утрово спроведува акција во скопското село Љуботен, каде што со помош на припадници на МВР се врши...

Свет21 час

Иран: САД го затвори патот на дипломатијата засекогаш

Техеран порача дека со воведувањето на нови американски санкции кон ирански претставници значи постојано затворање на патот на дипломатијата меѓу...

Свет21 час

Русија се враќа во Советот на Европа

Русија доби поддршка од Парламентарното Собрание на Советот на Европа, по неколку години да се врати во тоа тело, пренесе...

Македонија2 дена

Герила акција: Скопските дрвја во синџири

О2 иницијативата во соработка со Институтот за комуникациски студии спроведе герила акција со цел да укаже дека е неопходна слобода на...

Топ2 дена

Две лица се обиделе да запалат кафуле во Лисиче

Синоќа во 22 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред кафе бар на улицата „Горно Лисиче“ во Скопје две...

Македонија2 дена

Тројца стружани со државни пари точеле гориво во своите приватни возила

Полицијата поднесе кривична пријава против три лица од струшко кои се сомничат за злоупотреба на службена положба и овластување. Од МВР...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ: Атанасов направи храбар чекор и ѝ кажа „не“ на неработливата и криминална Влада

ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави одлуката на Петар Атанасов да се повлече од функцијата заменик-министер за образование. „ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува одлуката на...

Македонија2 дена

Јанкулоска не оди во затвор, Врховен ѝ го прифати барањето за одлагање

Врховниот суд ѝ го прифати барањето на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, за одлагање на извршувањето на казната...

Македонија2 дена

Атанасов до Заев: Поднесувам оставка

Заменик-министерот за образование, Петар Атанасов, на „Фејсбук“ му се обрати на премиерот Заев порачувајќи му дека поднесува оставка од функцијата...

Топ2 дена

Камион поклопи маж при истовар на стока

Педесет и седумгодишен маж од село Скудриње вчера почина кога бил поклопен од неговиот камион ТАМ. Несреќата се случила кога...

Регион2 дена

Напнато на Медитеранот, грчките воени сили во состојба на готовност

Грчките вооружени сили се во состојба на готовност поради продолжување на можниот турски провокативен настап на истокот од Медитеранот, пишува...

Досие