Контакт

Забава

Кира Најтли не ѝ дозволува на ќерката да ги гледа „Пепелашка“ и „Малата сирена“

Објавено пред

Поради начинот на кој се претставени женските ликови во некои цртани фолмови на „Дизни“, британската актерка Кира Најтли не ѝ дозволува на својата тригодишна ќерка Еди Најтли Рајтон, да ги гледа „Пепелашка“ или „Малата сирена“.

„Пепелашка го чека богатиот принц да дојде да ја спаси. Немој! Сама се спаси“, рекла актерката во емисија на Елен Дегенерис.

„Песните се прекрасни, но немој да го даваш својот глас за момче“, искоментирала за „Малата сирена“.

Забраната за „Малата сирена“ ѝ била многу тешка бидејќи, како што рекла, ќерка ѝ го обожавала тој цртан филм, но дека сепак ќе истрае во нејзиниот став.

Најтли, која соработуваше со „Дизни“ во филмот „Пиратите од Карибите“, објаснила дека не се забранети сите филмови од споменатата компанија.

Нејзин фаворит е цртанот „Потрагата по Дори“, како и „Моана“ и „Заледено кралство“.

Забава

Водата на Аљаска е толку топла што веќе ни рибите не можат да издржат

Објавено пред

Аљаска ова лето беше на удар на незапаметени топлотни бранови. Научниците предупредуваат на влијанието на климатските промени на рибниот свет, бидејќи забележани се бројни угинати примероци на неколку видови лосос.

Стефани Квин-Дејвидсон, директорка на рибната компанија Јукон, рекла дека кон крајот на јули однела група научници на експедиција долж реката Којокук, каде мештаните ја предупредиле за угинати лососи.

Тие избројале 850 мртви лососи, но процениле дека вкупниот број најверојатно е четири до десет пати поголем. Барале докази за можно труење или зараза, но ништо не нашле, а со оглед дека нивното угинување се поклопило со топлотниот бран, заклучиле дека топлотен стрес е причина за масовното угинување.

Топлотниот бран е посилен од што се очекувало.

„Температурата на водата достигна рекордна вредност истовремено со температурата на воздухот“ велат експертите.

Научниците од 2002 година ја следат температурата околу заливот Кук, јужно од Енкориџа, и до сега таа не надмината 24,5 степени Целзиусови. Оваа година на 7 јули температурата достигна 27,5 степени.

Прикажи повеќе...

Естрада

Мадона напорно вежба за турнејата во септември

Објавено пред

Поп-дивата Мадона (60) неодамна го објави новиот албум наречен „Мадам X“, па веројатно поради тоа е постојано присутна во медиумите во изминатите два месеци.

Пејачката напорно вежба за своите настапи во склоп на турнејата „Мадам Х“, и тоа со таква леснотија што во исто време може да ги гледа вестите на својот мобилен телефон. Таа на својот инстаграм-профил објави видео кое во краток период имаше речиси 800.000 прегледи.

„’Мадам Х’ се подготвува за денот“, напиша Мадона во описот на објавеното видео.

„Како можете да бидете толку флексибилни на 61 година?“, еден од нејзините обожаватели го коментираше видеото.

Турнејата за која пејачката се подготвува ќе почне во Њујорк на 12 септември.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Мајк Тајсон отвори ранч за производство на марихуана

Објавено пред

Поранешниот боксерски шампион во супертешка категорија Мајк Тајсон купи ранч во Калифорнија на кој ќе произведува марихуана. Во деловниот потфат му помага поранешната НФЛ-ѕвезда Ебен Бритон.

Во својот поткаст „Hotboxin with Mike Tyson“, Челичниот Мајк зборуваше за љубовта кон канабисот, кој не само што го продава туку и го употребува.

View this post on Instagram

Tending to our garden #selfcaresunday 🌿

A post shared by Tyson Ranch (@tysonranchofficial) on

„Што пушиме месечно? Околу 40.000 долари (36.000 евра)“, признал Тајсон.

View this post on Instagram

The Original OG. Link in bio.

A post shared by Tyson Ranch (@tysonranchofficial) on

„Не знам, пушиме околу десет тони месечно“, рече Ебен Бритон.

Ранчот на Тајсон се простира на околу 16 хектари во Калифорнија, каде што употребата на оваа дрога е легална. Секој месец тој продава канабис во вредност од 450.000 евра на амбулантите во Калифорнија и Невада користејќи го во медицински цели. Челичниот Мајк сака да направи туристичка атракција од неговиот ранч.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

(Видео) Пожар над Усје

Нов пожар над скопската населба Усје избувна вечерва, откако пожарникарите со часови се обидуваат да го локализираат огнот над населбата...

Свет11 час

Голем пожар на Канарските острови, евакуирани над 4.000 лица

Околу 4.000 лица се евакуирани поради пожар што избувна по втор пат за една недела и уништи рурална област на...

Свет12 часа

Жителите на Нов Зеланд доброволно предале над 10 илјади парчиња оружје на полицијата

Повеќе од 10,000 парчиња огнено оружје се предадени доброволно на властите во Нов Зеланд, како дел од акцијата што беше...

Македонија12 часа

Димитров: ,,Рекет” е раскрсница – едниот пат води кон иднина, другиот кон бездна

Дискредитацијата на СЈО преку аферата ,,Рекет” е со цел да и се избега на правдата, смета министерот за надворешни работи...

Свет13 часа

1,7 милиони луѓе на протест во Хонгконг

Најмалку 1,7 милиони граѓани излегоа на улиците во Хонгконг, на уште еден од низата масовни продемократски протести, соопштија организаторите на...

Спорт15 часа

Ландстрам со гол во сите четири англиски лиги – Шефилд јунајтед со победа (видео)

Шефилд јунајтед имаат одличен старт на својата прва премиерлигашка сезона по долга пауза, откако со 1:0 ги победија Кристал палас...

Македонија19 часа

Изгаснат пожарот над скопското село Буковиќ

Шумскиот пожар кој вчера наутро избувна на планината над скопското село Буковиќ е изгаснат и целосно ставен под контрола, информираат...

Регион19 часа

(Видео) Пациент со држач за инфузија уби четири лица во психијатриска болница во Романија

Еден пациент во психијатриска болница во романската општина Сапока, со држач за инфузија убил четворица други пациенти. Тој ги нападнал...

Свет20 часа

Протести во САД: Ако не се смени законот за оружје, треба да се смени Конгресот

Низ САД се одржуваат протести на кои се бара од Конгресот да ги заостри законите за контрола на оружјето, по...

Свет22 часа

„Сандеј Тајмс“ објави таен владин документ за ризиците од брегзит без договор

Ако нема договор за брегзит со ЕУ, Велика Британија ќе се соочи со недостиг од гориво, храна и лекови, објави...

Свет22 часа

Работници во Пенсилванија добиле понуда или да присустуваат на митинг на Трамп или да не земат плата

На вработени во нафтено-хемиски комплекс во Пенсилванија им било кажано дека ако не присуствуваат на говор на американскиот претседател Доналд...

Свет22 часа

Во бомбашки напад на свадба во Кабул убиени над 60 луѓе, меѓу нив и деца

Најмалку 63 луѓе се убиени а над 180 се ранети во бомбашки напад на свадбена веселба во Кабул, пренесуваат светските...

Свет1 ден

Ново убиство на метро станица во Германија, маж и жена избодени до смрт

Маж и жена се избодени до смрт на преполна метро станица во германскиот град Изерлон, соопшти полицијата, наведувајќи дека се...

Свет1 ден

Салвини попушти, ќе ги прими малолетните мигранти

Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини потклекна под политичкиот притисок, и од меѓународната заедница, но и од внатрешно-политичкиот, околу...

Регион1 ден

Бугарија на второ место во НАТО според буџет за одбрана

Бугарија е на второто место во НАТО според буџетот за одбрана во однос на бруто домашниот производ и веднаш зад...

Регион2 дена

Српски полицајци го спасија животот на 9-годишно дете на автопатот Ниш-Белград

Двајца сообраќајни полицајци од Србија станаа вистински херои во медиумите и на социјалните мрежи, откако успеаа да го спасат животот...

Свет2 дена

Јункер итно пренесен на операција

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер го прекинал одморот и ќе биде итно опериран, соопшти ЕК. Според информациите, Јункер...

Свет2 дена

Незадоволен гостин уби келнер во ресторан во Париз

Келнер во француски ресторан бил убиен од страна на гостин, бидејќи предолго чекал сендвич, пренесуваат фарнцуски медиуми. Инцидентот се случил...

Регион2 дена

(Видео) Авион слета на автопатот Загреб – Риека откако му откажал моторот

На автопатот Загреб-Риека помеѓу Врбоско и Равна Гора, помал спортски авион слета на патот. Граѓани кои се возеле во автопатот...

Топ2 дена

Гори планината над Буковиќ

Пожар избувна изутринава на тешко пристапен терен над селото Буковиќ, во близина на Сарај. Како што дознава ,,Макфакс”, пожарот избувнал...

Досие