Контакт

Забава

Кирил Џајковски и Констракта специјални гости на концертот во чест на Влада Дивљан

Објавено пред

Во понеделник, 17 ноември, во Филхармонија ќе се одржи големиот концерт посветен на еден од најзначајните музички автори на овие простори, Влада Дивљан.

На сцената, како специјални гости ќе се придружат Кирил Џајковски – пионер на електронската музика и уметник чиј препознатлив звук одамна ги надмина локалните рамки – и Констракта, артистката што внесе свежа уметничка перспектива на регионална сцена со уникатен пристап, интелигентен хумор и современа естетика.

Концертот, насловен „Само една љубов имам“, го подготви групата „Невладина Организација“ по повод десетгодишнината од смртта на Влада. Нивната турнеја со овој концерт симболично започна во Виена, со фантастична премиера во градот каде што Влада Дивљан живееше и твореше од 1999 година до крајот на животот, а по Белград и Загреб, сега пристигнува и во Скопје како дел од програмата на фестивалот ТАКСИРАТ.

Владиниот бенд „Невладина Организација“ го предводат неговите долгогодишни пријатели и соработници Зденко Колар, Саша Шандоров, Борис Буњац, Марко Миливојевиќ, како и подмладокот Дамјан Дашиќ и Марко Чалиќ. Нивната најважна мисија е зачувување на Владините големи хитови и безвременски песни, и повторно доживување на неговата музика заедно со публиката.

Македонската публика ќе има прилика да го чуе и види бендот кој работеше со единствениот уметник Влада Дивљан и да ги запее песните од неговиот богат опус и од сите периоди на неговата музичка кариера. Невладина Организација ќе ги изведе во живо најубавите песни од неговиот каталог – од времето на „Идоли“, па преку соло делата, до „Олд Старс“ бендот, „Невладина Организација“ и „Лјетно кино“.

Влада Дивљан, пејач, композитор, гитарист, го основа еден од водечките бендови на новиот бран „ВИС Идоли“ во 1980 година. Тие ги објавија култните албуми „ВИС Идоли“, „Odbrana i poslednji dani“, „Čokolada“ и „Šest dana juna“. Покрај тоа, има објавено уште 8 албуми за време на неговата самостојна кариера, но и со групите „Олд Старс“, „Невладина организација“ и „Лјетно кино“. Со Срѓан Гојковиќ Гиле, тој создаваше музика за деца, а компонираше за телевизија, филм и театар. Од 1999 година живееше во Виена, каде што почина на 4 март 2015 година.

Се навршија 10 години откако нѐ напушти еден од најуникатните музички автори од Балканот, а со концертот кој во рамки на ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ ќе се одржи на 17 ноември во Филхармонија, неговите пријатели, соработници и верната публика ќе го прослават неговото вонвременско дело.

Најново

Македонија2 минути

Општина Илинден в петок, на 24 јули, ќе го прослави Денот на Општината, Илинден: ќе пеат Јордан Митев и Антониа Гиговска

Општина Илинден и оваа година со свечена програма ќе го одбележи Денот на Општината – „Илинден 2-ри Август“. Свеченоста ќе...

Македонија11 минути

Втора надзорна расправа за заштита од семејно насилство: потребен е систем кој се прилагодува на жртвата, а не жртвата на системот

Собраниската комисија за еднакви можности на жените и мажите го одржа второто продолжение на надзорната расправа на тема: „Спроведување на...

Македонија22 минути

СДСМ: Не само морална одговорност – туку кривична за целата криминална структура ВМРО

Очекувањето на премиерот Христијан Мицоски морална одгворност да понесе целата локална самоуправа во Гостивар откога 3.100 лица се пожалија на...

Македонија33 минути

Мисајловски од Командата за обука и доктрини во Велес: 11 милиони денари се вложуваат за обнова на касарната

„Целосна реконструкција следи насекаде во касарните, но еве овде може да видиме на лице место дека има поголема динамика“ рече...

Соопштенија40 минути

СДСМ: Градоначалникот Орце да открие кој ја направил срамната графика и колку е платено

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, мора веднаш да ги објави податоците за фирмата која го изработила графичкиот дизајн на срамниот...

Македонија56 минути

3100 лица од Гостивар побарале помош за стомачни проблеми, има деца од една-две години и возрасни од 80 години, кажа Клековски

Бројката на лица кои побарале помош од здравствените работници поради стомачни проблеми, дијареа, а некои и треска, денес се искачи...

Спорт2 часа

Златниот медал ѝ го даде на мајка си: Јадев го.на, одев по го.на, а сега ги допрев ѕвездите

Нико Вилијамс (24) пред две години беше незаменлив во шпанскиот поход кон европската титула. Левото крило на Атлетик Билбао, со...

Македонија2 часа

Ветува ли ДПМНЕ уривање на дивоградбите, вклучително и хотелот на Мијалков, за да бара уште шест години од УНЕСКО, прашуваат од Левица

Владата барала од УНЕСКО да ѝ даде рок од шест години за да постапи во однос на забелешките за заштита...

Спорт2 часа

Аргентинците го бојкотираа доделувањето на трофејот на Шпанците

Аргентина не покажа ништо и затоа и ја предаде светската круна на Шпанија. Без удар кон голот на Унаи Симон...