Забава
Кијану Ривс се појави со својата девојка на трка со мотори, не ја криеја љубовта
Кијану Ривс и неговата девојка Александра Грант го привлекоа вниманието на себе на шоуто на трка со мотоцикли.
Актерот (59) и визуелната уметнича (54) се појавија на MotoGP Liqui Moly Motorrad Grand Prix во Германија и не ја криеја љубовта држејќи се за рака. Со насмевка позираа пред фотографите, а добија шанса да го означат почетокот на трката. Кијану, голем обожавател на мотоцикли, основаше своја сопствена компанија за мотоцикли, ARCH Motorcycle, во 2011 година.
Актерот со години ја носи титулата најголемиот холивудски добротвор, што не е чудно со оглед на тоа што голем дел од заработката ја донира во добротворни цели, им помага на луѓето на кои им е потребна, а е исклучително љубезен и трпелив со своите многубројни обожаватели.
Александра е уметник и филантроп од Лос Анџелес, која изложувала во целиот свет. Таа е родена во Охајо и се занимава со уметност по дипломирањето на колеџот „Свартмор3 во 1994 година во Париз и Галеријата „Харис Либерман“ во Њујорк.
Грант и Ривс ретко се појавуваат заедно на јавни настани, но кога се појавуваат, со задоволство позираат на црвениот тепих. Тие двајца се блиски со години и соработуваа на книгата „Ода на среќата“ од 2011 година, напишана од Ривс и илустрирана од Грант.
Со текот на годините нивното пријателство се претвори во романса, но не сакаат јавно да зборуваат за својата љубов. Еднаш Грант беше прашана како е да се биде во врска со некој толку познат како Кијану и дали е потешко да се оди на црвениот тепих со или без него.
„Добрата работа во заљубувањето како возрасен е тоа што градиш своја кариера пред да почне врската. Така ми беше мене. Се чувствувам многу самоуверено во мојата врска, се чувствувам самоуверено на црвениот тепих и во пар и сама“, изјави таа за списанието „Пипл“. Вели дека се голема мотивација еден на друг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Италијанскиот стил во Скопје: ревија и изложба на очила од 1940 до 2026
Вчеравечер, во Музејот на Народноослободителната Борба се одржа модна ревија и ретроспективна изложба на италијански очила во организација на ITA -Italian Trade Agency, Амбасадата на Р.Италија и Диоптра.
Повеќе од 120 гости меѓу кои амбасадори и дипломати, стилисти, уметници и љубители на модата имаа несекојдневна можност да уживаат во ревијата на очила од најпознатите италијански марки како Lozza, Persol, Dоlce &Gabanna, Trevi Coliseum, Giorgio Armani, Gucci, Valentino, Fendi и Furla.
Настанот го отвори Амбасадорот на Р.Италија, Н.Е. Паоло Палминтери, кои во оваа прилика изјави:
“ Италијанските очила не се само индустриски производ, туку неприкосновен симбол на “Made in Italy”, кој е резултат големо наследство на know-how. Од првата фабрика за очила на Анџело Фрескура отворена во Калалцо ди Кадора во 1878 година, до денес, овој сектор во Италија брои околу 814 компании кои вработуваат преку 19.000 лица, извезуваат 90% од своето производство и генерираат извоз од над 5 милијарди евра. Денес, конкурентната предност на италијаскиот кластер за очила се потпира на два клучни фактори: интегриран синџир на набавки со густа мрежа на добавувачи и лидерство во луксузот. Концентрацијата на супериорни вештини и know-how и овозможија на Италија да се позиционира како број 1 производител на очила и рамки за очила во Европа, и истовремено како водечки светски производител и извозник во сегментот на луксузни произдови“.
По завршувањето на модната ревија, беше отворена изложбата на очила каде беа претставени оригинални модели на италијански очила од 1940 до 2026 година.
Забава
„Сакам да бидам подобар родител од својот татко“: Изјавата на принцот Хари што одекна во светот
Британскиот принц Хари за време на посетата на Австралија изјави дека сака да биде подобар родител од својот татко, британскиот крал Чарлс III, нагласувајќи дека секоја генерација треба да го подобри начинот на кој се воспитуваат децата.
Хари нагласи дека немал намера да ги критикува своите родители, вклучително и Чарлс, но дека верува дека секоја генерација треба да го подобри искуството на родителството, објави британскиот „Телеграф“.
„Родителството се развива со текот на времето. Децата нè подобруваат“, рече принцот, додавајќи дека современите услови, како што се социјалните мрежи, носат нови предизвици што не постоеле порано.
Тој повтори дека сака да го прекине циклусот на „генерациска болка“, нагласувајќи дека нема вина или осуда во начинот на кој родителите ги воспитуваат своите деца.
Хари зборуваше и за важноста на менталното здравје, наведувајќи дека терапијата во Велика Британија и Соединетите Американски Држави му помогнала да се соочи со проблемите од минатото.
„Тоа е знак на сила, а не на слабост“, рече тој, повикувајќи ги луѓето да побараат помош пред да се соочат со сериозни кризи.
Зборувајќи за татковството, Хари истакна дека тоа е „најважната трансформативна улога“ во животот на човекот, додавајќи дека му дава чувство на цел и одговорност.
Тој рече дека за време на бременоста на неговата сопруга Меган Маркл, водел дневник и дека првично чувствувал одредена дистанца кон својот син Арчи, но дека советите на терапевтот му помогнале да ја пронајде својата улога во поддршката на семејството.
Кога беше прашан за совети за новите татковци, тој рече дека „тие не се сами“ и дека треба да прифаќаат емоционални предизвици без да се осудуваат себеси.
За време на посетата на Австралија, Хари учествуваше и на настани со деца и спортисти, вклучувајќи средба на стадионот „Витен Овел“, каде што му беше врачен дрес на австралиски клуб со имињата на неговите деца.
Тој го посети и Споменикот на австралиските војници во Канбера, каде што положи венец и присуствуваше на церемонија.
Предвидено е Хари повторно да се сретне со својата сопруга Меган во Мелбурн, по што ќе ја продолжат својата заедничка посета во Сиднеј, како дел од последниот ден од турнејата.
Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл пристигнаа во Австралија на 14 април, на четиридневна посета, за време на која ќе учествуваат во спортски активности, како и активности поврзани со менталното здравје и прашањата на ветераните.
Војводата и војвотката од Сасекс ја започнаа својата посета во Кралската детска болница во Мелбурн, каде што учествуваа во активности во терапевтските градини на болницата.
Во 2020 година, Хари и Меган се повлекоа од функцијата активни членови на британското кралско семејство и се преселија во САД, наведувајќи ја желбата за финансиска независност и бегство од она што го нарекоа медиумско мешање во нивниот приватен живот.
фото/Depositphotos
Забава
Колку често треба да ги перете завесите?
Експертите предупредуваат дека завесите собираат прашина, алергени и мириси.
Завесите често се занемарен детаљ во домот, иако играат важна улога во одржувањето на свежината и квалитетот на воздухот. Иако на прв поглед изгледаат чисти, всушност брзо акумулираат прашина, полен, чад и непријатни мириси.
Не постои единствено правило за тоа колку често треба да се перат, но повеќето експерти препорачуваат интервал од три до шест месеци.
Сепак, во становите во урбаните средини, како и во домовите со домашни миленици или пушачи, завесите треба да се перат почесто, приближно на секои три месеци. Во простории како кујната и бањата, овој период е уште пократок поради влагата и маснотиите.
Причината за ова е што завесите делуваат како филтер што ги задржува нечистотиите од воздухот, што може да влијае на здравјето на домаќинството со текот на времето.
Покрај перењето, се препорачува и редовно одржување како што е усисување или тресење помеѓу две темелни чистења.
Пред перење, важно е да се провери етикетата на ткаенината. Повеќето материјали како памук и полиестер може да се перат во машина на нежна програма и ниска температура, додека понежните ткаенини, како свила или кадифе, бараат хемиско чистење.
По перењето, најдобро е да се исушат природно, на воздух, за да се избегне оштетување на материјалот и собирање, а ако се вратат на шипката за завеси додека се уште малку влажни, нема да има потреба од дополнително пеглање.
фото/Depositphotos
