Забава
Клои Кардашјан го впива сонцето на рајските острови Туркс и Кајкос

Клои Кардашјан неодамна беше на тропски одмор со своите славни сестри.
Ѕвездата од реалното шоу „Дружење со семејството Кардашјан“ се чини дека сè уште ги чувствува вибрациите на егзотичниот остров и продолжува да споделува спомени од патувањето.
На фотографиите што ги постира на својот инстаграм-профил таа ужива на сонцето на песочните плажи на Туркс и Кајкос.
А на една фотографија Клои го покажува своето затегнато тело во сребрено бикини додека лежи покрај базен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Раперот Куаво со почит кон актерската легенда Де Ниро

Раперот Куаво од бендот„Мигос“ се отвори за своите интеракции во текот на снимањето сцени со Роберт де Ниро за претстојниот филм „Избањај ме во реката“ (Wash Me in the River).
„Му кажав што ми се случува“, изјави 29-годишниот Куаво за „Билборд“. Му кажав дека еден стих во една од моите нови песни е за доживувањето додека снимав со него, а тој скромно одговори дека тоа е супер.
Жителот на Џорџија вели дека се чувствувал необично кога работел покрај филмската икона.
Забава
Ања Тејлор-Џој не може да ја скрие среќата по освоениот „Златен глобус“

Таа го доби својот прв „Златен глобус“ во неделата вечерта за својата волшебна изведба на шахистка во хит-серијата „Дамски гамбит“ (The Queen’s Gambit) во продукција на „Нетфликс“.
24-годишната Ања Тејлор-Џој ја освои наградата за најдобра актерка во мини серија.
А еден ден потоа папараците ја забележаа младата Ања во Лос Анџелес видно расположена и среќна.
Во серијата – со наслов по шаховско отворање – актерката ја глуми Елизабет Хармон, харизматична генијална девојка која влегува во светот на шахот во кој доминираат мажите.
Забава
„Дајте музика“ со стари и нови македонски хитови за сите генерации

Триесетте продолженија на популарниот детски серијал „Дајте музика“, како и минатата сезона, изобилуваа со забава, дружење, перипетии, детски интриги, радости, разочарувања и разни негодувања. Ѕирнавме во иднината, се ставивме во верстерн-филм, формиравме сопствен гаража-бенд, маалска библиотека, се вљубивме и одљубивме, но најважно е што уживавме во вистинска забава со најдобрата македонска музика.
„Дајте музика“ и во новата сезона продожи со својата мисија да ја доближи македонска музика до младата публика. Познатиот детски серијал и повторно лансира многу авторски хитови на кои се потпишуваат некои од нашите најпознати композитори, како Роберт Билбилов, Борче Кузмановски, Никола Мицевски, Никола Перевски – Пере, Лазар Цветковски и други. Како изведувачи на песните се јавуваат талентирани деца пејачи, децата актери во серијалот, а гости во втората сезона од познатите македонски пејачи беа Каролина Гочева со „Обичен необичен ден“ и Влатко Лозановски со песната „Другар“.
Особено радува фактот што некои од постарите македонски хитови имаат огромна гледаност кај најмладата публика. На годинешната топ-листа на јутјуб-каналот на „Дајте музика“ во изминатите 3 месеци убедливо води преработката на „Сите мои слики“ од групата „Ареа“ со речиси 370.000 прегледи, легендарната „Скопје“ на Влатко Стефановски со речиси 270.000 прегледи и неодамнешното божикно видео „Бекутан“ со преработка на песната „Ѕвона“ од Каролина Гочева со над 300.000 прегледи на сите канали. Протагонистите на серијалот со своето скромно музичко искуство сами успеаја да ја изведат и легендарната „Неправда“ од „Лева патика“ на дружењето во живо со своите фанови на социјалните мрежи. Идолите на новата генерација успеаја да ја доближат македонската музика до најмладата публика, која очигледно ужива во најдобрите македонски музички хитови. Тоа го докажува и фактот што некои од музичките видеа поставени на јутјуб-каналот на „Дајте музика“ имаат гледаност од над 800.000, а самиот канал надмина 24,5 милиони прегледи.
Оваа година продукцијата „Рифенштал“, под покровителство на Македонската радио-телевизија, издаде два музички диска со најдобрите хитови од двете сезони на серијалот, кои промотивно им се делат на фановите преку каналите на социјалните мрежи.
Набргу следува нов проект, кој дечињата ќе го подготват по повод 85-годишниот јубилеј на компанијата „Алкалоид“, а во кој преку еден голем македонски хит ќе се изрази благодарност до најзасегнатите општествени категории од пандемијата.
ПР-текст
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа6 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер