Контакт

Екологија

Коалите пред изумирање, ги нема во доволен број за следната генерација

Објавено пред

Австралиската фондација за коали (AFK) денеска соопшти дека тие се загрозен вид, пренесува Би-би-си. Како што тврдат од оваа научна невладина организација која е посветена на зачувување на коалите, само 80.000 единки од ова животно од семејството торбари останале во дивината.

Тоа значи дека ги нема во доволен број за да се одржи и следната генерација. Иако овој број драстично е понизок од повеќето досегашни научни процени, нема сомнение дека бројката на коали во дивината е во голем пад, пишува „Њузвик“. Коалите се ендемски вид од Австралија и изумираат затоа што многу шуми во кои живеат се уништени.

Топлотниот бран предизвикан од климатските промени исто така е важен фактор во уништувањето на коалите. AFK ги прогласи коалите за функционално изумрени, што значи дека популацијата паднала толку ниско што тие немаат влијание на околината, односно не се во состојба да играат улога во екосистемот.

Меѓу коалите повеќе нема доволно возрасни единки што би можеле да го одржат видот. Експертите предупредуваат дека каква било генетска болест или патоген би можел да биде сериозна закана врз нивниот опстанок. Студиите покажале дека илјадници коали умреле од дехидрација при интензивниот топлотен бран во Австралија.

Коалите милиони години биле клучен дел за здравата евкалиптусова шума затоа што ги јадат нивните горни лисја, а нивниот измет што паѓа на земјата придонесува за есенцијално рециклирање на хранливите материи во екосистемот. Судејќи според пронајдените фосилни остатоци, овие животни се стари најмалку 30 милиони години.

Според AFK, во 41 од 128 познати живеалишта на коалата веќе нема ниту една единка од овој вид. Директорката на AKF, Дебора Табарт, го повика австралискиот премиер да се обиде да направи нешто за спас на коалите.

„Го повикувам новиот премиер по изборот во мај, да донесе закон за заштита на коалите, кој веќе е напишан и подготвен од 2016 година. Судбината на коалите сега е во негови раце“, изјави Табарт.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Екологија

Морето на Сицилија исфрли кит полн со пластика

Објавено пред

Пцовисан кит со желудник полн со пластика е пронајден на плажа на италијанскиот остров Сицилија, објавија од „Гринпис“.

Седумгодишниот кит бил исфрлен од морето во петокот на плажата во близина на градот Чефалу на Сицилија. Ова е петти таков случај во Италија во последните пет месеци, изјави активистката на „Гринпис“, Џорџија Монти.

Последен пат морето го исфрли пцовисаното тело на женка кит со новороденче на италијанскиот остров Сардинија – во желудникот на китот беа пронајдени дури 22 килограма пластика.

„Морето ни испраќа повик за помош, очајнички СОС. Мораме веднаш нешто да преземеме и да ги спасиме тие прекрасни животни што живеат во морето“, изјави Монти за италијанските медиуми.

Најновата вест за пцовисаниот кит поради пластичниот отпад во океаните и морињата пристигнува само неколку дена во пресрет на едномесечната мисија во која активисти од проектот The Blue Dream ќе вршат надзор над загадувањето со пластика во централниот дел од Средоземното Море.

Прикажи повеќе...

Екологија

Депонија во Виена воедно е и популарно излетничко место

Објавено пред

Депонијата Ројтенвег (Rautenweg) во Виена е пример не само за најсовремена австриска депонија, но исто така и за атрактивно и интересно зелено одморалиште населено со различни животински и растителни видови.

Депониите за отпад не секаде се сметаат за атрактивно место за излети, но од Канцеларијата за управување со отпад на Виена MA48 се погрижиле овие места да ги претворат во примамливи излетнички места.

Од мај до октомври, секој петок и првата сабота во месецот тие ги повикуваат граѓаните на депонијата Ројтенвег каде што од 2009 година се депонира пепел од погоните за согорување на отпадот, пренесува „Танјуг“.

Од тогаш, депонијата е во голема мера зазеленета и станала живеалиште за многу растенија, па дури и животни, како што се кози.

За време на турите низ депонијата, посетителите се запознаваат со функционирањето на системот за управување со отпад и заштита на подземните води, а депонијата се презентира и како снабдувач со алтернативна енергија.

Целиот биолошки отпад од градините, парковите и другите градски зелени површини се одложува на овој локалитет, а сите процеси за обработка и контрола на квалитетот можат да ги следат и посетителите.

Свој дом на оваа депонија пронајдоа и кози од австриската раса Пинцгауер, кои во 90-тите години на минатиот век беа пред изумирање.

Прикажи повеќе...

Екологија

Во дивината пуштени фоки заробени од кинеските ловокрадци

Објавено пред

Неколку месеци откако полицијата ги спаси од ловокрадци, десетици младенчиња на фоки беа пуштени во дивината, според Би-би-си.

Во февруари на фарма во кинескиот град Далиан беа пронајдени стотина младенчиња на фоки, од кои 39 не можеа да се спасат и умреа од последици од глад.

Ловокрадците ги грабнале малите фоки од нивното природно живеалиште за да ги продадат на аквариуми и на комерцијални компании. Полицијата уапси осуммина осомничени.

Откако полицајците ги пронајдоа младенчињата на 11 февруари, 61 преживеано младенче беа пратени  во разни институции низ кинеската провинција Лјаонинг за да им помогнат различни експерти.

Младенчињата беа во многу лоша здравствена состојба, делумно поради тоа што многу млади беа заробени од ловокрадците, а делумно поради тоа што не беа правилно и доволно нахранети или негувани.

По внимателниот третман на експертите, првата група од 24 млади фоки се вратени во дивината на 11 април, а последните 37 конечно беа ослободени на 10 мај.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Владата: Управниот суд пресуди дека раскинувањето на договорот за „Казандол“ е законито

Владата информира дека Управниот суд донел пресуда дека едностраното раскинување на договорот за изградба на рудникот „Казандол“ од страната на...

Вести2 часа

Судот ја блокира изградбата на ѕидот на Трамп

Федералниот суд во Калифорнија ѝ нареди на администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, да престане да ги користи средствата од...

Европа2 часа

ОН изгласа: Велика Британија да го врати островот од кој го протера населението

Генералното собрание на Обединетите нации побара од Велика Британија во рок од шест месеци на Маурициус да му го врати...

Спорт2 часа

„Златната копачка“ по шести пат за Лионел Меси

Лионел Меси е првиот фудбалер кој ја освоил „златната копачка“ во Европа три години во низа, откако Килијан Мбапе, неговиот...

Македонија3 часа

Земјотрес во Пехчево и Берово

Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала вчеравечер бил почувствуван во Пехчево, Берово и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија...

Европа16 часа

(Видео) Експлодираше бомба во Лион, најмалку осум лица се повредени

Најмалку осум лица се повредени при бомбашки напад во централен Лион, соопштија француски официјални лица. Explosion in pedestrian street in...

Свет17 часа

(Вознемирувачко видео) Дваесет ученици загинаа скокајќи од запалена зграда во Индија

Најмалку дваесет ученици загинаа, а дваесетина  се повредени скокајќи од запалена зграда во Индија, каде што посетувале настава. Massive tragedy...

Свет18 часа

Штрахе тужи три лица за скандалот поради кој падна австриската влада

Лидерот на десничарската партија и досегашен вицеканцелар, Хајнц Кристијан Штрахе поднел тужба против три лица, откако падна во замка со...

Македонија18 часа

(Видео) Македонска делегација на молебен и на аудиенција кај папата во Рим

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, заедно со сопругата, е дел од официјалната државна делегација,...

Топ20 часа

Го погодило струја при обид за кражба на железничката станица во Трубарево

Момче на возраст од 20 до 25 години се здобило со висок степен на изгореници по телото при обид за...

Свет22 часа

Харви Вајнштајн постигна вонсудска спогодба со жртвите од 44 милиони долари

Холивудскиот продуцент Харви Вајнштајн, кој повеќе жени го обвинија за сексуално злоставување, постигна привремена спогодба вредна 44 милиони долари со...

Европа1 ден

(Видео) Британската премиерка Тереза Меј даде оставка

Британската премиерка Тереза Меј денеска објави дека на 7 јуни ќе ја напушти функцијата. За оставката ја информирала и британската...

Македонија1 ден

(Видео) Изгаснат пожарот во Карпош 4, едно лице пренесено во болница

Пожарот кој избувна пред околу еден час во една од кулите во скопската населба Карпош 4 е изгаснат. Во пожарот...

Спорт1 ден

Лоциран домот на Роналдо, ќе добие судски повик за „случајот Мајорга“

Звучи бизарно дека потргата по Кристијано Роналдо, една од најголемите спортски ѕвезди, може да трае цели шест месеци. Толку време...

Економија1 ден

Трамп: Случајот со „Хуавеј“ би можел да биде дел од трговските преговори со Кина

Претседателот на САД, Доналд Трамп, првпат навести дека случајот со кинескиот телекомуникациски гигант „Хуавеј“ би можел да биде вклучен во...

Свет2 дена

Украинскиот претседател предлага анкета за тоа како да се преговара со Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски сака да ја праша јавноста како неговата земја би требала да преговара со Русија за војната...

Свет2 дена

„Фејсбук“ отстранил над три милијарди лажни профили

Компанијата „Фејсбук“ соопшти дека од октомври минатата година до март годинава, биле идентификувани и отстранети повеќе од три милијарди лажни...

Свет2 дена

Јункер: Глупавите националисти ги сакаат само своите земји

Претседателот на Европската комисија, Жан клод Јункер изјави дека е свесен за заканата, која ја претставуваат националистичките политичари за европската...

Топ2 дена

(Видео) Груби ја поздрави одлуката за оставка на Богоевски

Пратеникот од ДУИ, Артан Груби, ја поздрави одлуката за оставката на пратеникот Павле Богоевски и изрази жалење за состојбата во...

Бегството на Груевски2 дена

Јовески: Не постојат пречки за Интерпол да објави потерница по Груевски

Јавниот обвинител Љубомир Јовески рече дека верува оти не постојат законски или какви било пречки за да биде објавена потерницата за...

Досие