Контакт

Естрада

„Кокаинот беше пресметан во цената на филмовите”, скандалозната изјава на актерот го крена Холивуд на нозе

Објавено пред

Познатиот американски актер Денис Квејд во интервјуто за емисијата „Меган Кели тодеј“ на американската телевизиска мрежа Ен-би-си откри некои детали во врска со консумирањето кокаин и предизвика изненадување во јавноста.

Актерот зборуваше отворено за својот брак со актерката Мег Рајан, 18 години по разводот, и кажа дека во него се чувствувал како да е во сенка на сопругата, но тој отворено призна и дека одамна е зависник од кокаин.

Кокаинот во еден период од животот го консумирал секојдневно поради што со години се борел со тешка зависност. Поради кокаинот, тој останувал буден цела ноќ, па можел да спие само еден час.

„Пораснав во седумдесеттите и осумдесеттите години кога односот кон кокаинот беше сосем поинаков. Кокаинот често беше пресметан и во буџетот на филмовите“, кажа тој.

„Ноќи и ноќи поминав молејќи го Бога да ме спаси од тој порок. Си велев никогаш повторно бидејќи имав време да отспијам само еден час до следната работа!“

Бидејќи со месеци спиел само еден час дневно, тој одлучил да престане со земање дрога, но веќе попладнето сето тоа паѓало во вода и повторно посегнувал по нова доза.

Денис Квејд успеа да се ослободи од овој порок дури кога замина на третман за одвикнување од наркозависност.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада

Тејлор Свифт добива закани по живот

Објавено пред

Од

Познатата пејачка Тејлор Свифт, конечно, издејствува судска забрана за приоѓање обожавател кој ја следи веќе две години и ѝ испраќа заканувачки писма.

Ерик Свабрик (26) во писмата што ги испраќа од 2016 година напиша навистина ужасни работи, пишува „Дејли мејл“.

„Сакам да ја силувам Тејлор Свифт. Јас знам дека таа е мојата сродна душа и тоа е причината зошто ја мразам”, „Научив да го потиснам чудовиштето во себе, но наскоро ќе станам одговорен за себе и не постои друг логичен заклучок освен смртта”, „Јас нема да се двоумам да те убијам, и не постои ништо што ти, адвокатот или полицијата можат да направи во врска со тоа. Запомни кој сум јас”, пишува тој, меѓу другите нешта.

Пејачката овие писма толку ја вознемируваат што таа е во постојан страв и стрес, а нејзините адвокати сметаат дека заканите се многу реални и дека тој ќе се обиде да ги оствари.

Судијата веднаш издаде забрана за приод и контакт со пејачката, а на лудиот обожавател му е забрането да се приближи до нејзината куќа.

Ова не е првпат Тејлор да ја прогонува манијак. Минатиот месец полицијата уапси маж кој се обидел да влезе во нејзината куќа, носејќи маска и гумени ракавици. Тој носел нож, муниција и јаже, додека во неговиот автомобил пронашле уште маски, куршуми, дрога и психијатриска документација.

Прикажи повеќе...

Естрада

Џеј Зи за една година заработил 76,5 милиони долари

Објавено пред

Од

Раперот Џеј Зи е прогласен за најплатен хип-хоп музичар во 2018 година. Во изминатите 12 месеци заработил 76,5 милиони американски долари.

Шон Картер, познат како Џеј Зи, успеал да го помине раперот и продуцент Шон Комб или Паф Деди, кој три години по ред беше на врвот на листата на „Форбс“.

Џеј Зи во втората половина на 2017 година го промовира својот последен албум „4.44“, а оваа година настапуваше со својата сопруга Бијонсе на заедничката турнеја „Он д ран 2“. Двојката во јуни го објави албумот „Евритинг ис лав“.

Паф Деди заработил 64 милиони долари, Кендрик Ламар е трет на листата со годишна заработка од 58 милиони долари. Зад него се наоѓа Дрејк со заработка од 47 милиони долари.

Прикажи повеќе...

Естрада

Оскаровката јавно проговори: Очувот ме силуваше кога бев мала

Објавено пред

Од

Оскаровката Сали Филдс (71) целиот живот го помина под светлата на рефлекторите, но успеа вешто да сокрие еден мрачен дел од својот живот.

Филдс открила неколку шокантни факти од својот живот во својата книга „Во делови“, која наскоро ќе биде објавена. Во мемоарите таа пишувала за злоупотребата што ја трпела со години од нејзиниот очув, но и за тајниот абортус што го имала на 17 години во Мексико.

Во мемоарите, таа пишува дека очувот, додека нејзината мајка не била дома, ја повикувал во спалната соба. „Тогаш знаев“, напишала таа. „Во истиот момент се чувствував како беспомошно дете, а не бев. Моќно. Тоа беше моќ. Сакав да бидам дете“, додала.

Во книгата останало нејасно кога почнала  злоупотребата, но се наведува дека престанала кога таа имала 14 години. Неколку години подоцна, поточно во 1968 година, мајка ѝ се развела од очувот.

Сали ѝ признала на мајка ѝ дека очувот ја злоупотребувал дури кога имала 66 години во 2012 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ10 минути

Тинејџери силувале дете во Битола

Двајца тинејџери на возраст од 14 и 16 години се осомничени дека силувале дете во Битола. Според информациите на МВР,...

Димитар Апасиев, Тодор Петров Димитар Апасиев, Тодор Петров
Македонија23 минути

(Видео) Апасиев: Да се испита кој ги повикувал уставните судии на разговор и им влијаел на одлуката

Има сознанија дека уставните судии се повикувани на разговор пред денешната седница, вели Димитар Апасиев, еден од подносителите на инцијативата...

Kacarska Кацарска Kacarska Кацарска
Крвав четврток1 час

Адвокатот на Тарчуловски не сака да суди Кацарска оти била роднина со оштетен

Судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот за крвавиот четврток, даде еден час пауза за претседателот на судот, Иван Џолев,...

Македонија1 час

Референдум ќе има, одлучи Уставниот суд

Уставниот суд со 7 гласа „за“ и два „против“ ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на собраниската одлука...

Топ2 часа

Почина пожарникар во Скопје, му се слошило додека гасел пожар

Пожарникар кој учествувал во гасење пожар во близина на транзитниот центар за странци во Скопје починал неколку часа по интервенцијата....

Крвав четврток2 часа

„Излезете комуњари, отворете“ викаа по нас, а ние стоевме зад регал за да не се одбие куршум, рече сведок за 27 април

Во кривичниот суд во Скопје со сослушување на четворица сведоци продолжи судското рочиште за 27 април, познат како крвавиот четврток....

Вести4 часа

Ким Џонг-ун наскоро ќе отпатува во Сеул

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, по состанокот со претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин, изјави дека во наскоро планира да го...

Македонија4 часа

Ристиќ: Против полицајците кои ме приведоа ќе бидат преземени сите правни мерки

Актерката Ирена Ристиќ и нејзиниот адвокат Јанаки Митровски најавија дека против полицајците кои во саботата ја приведоа и ја одведоа...

Македонија4 часа

Заев во Вашингтон на покана од потпретседателот Пенс

Премиерот Зоран Заев патува за Вашингтон каде утре (20 септември) ќе има билатерална средба со американскиот потпретседател, Мајк Пенс. Како...

Македонија24 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Заев поради поткуп при избори

ВМРО-ДПМНЕ  достави кривична пријава во Јавното обвинителство против премиерот Зоран Заев, поради јавен повик на поткуп при избори. Димитар Димовски,...

Култура1 ден

(Видеоинтервју) Адеми: Нулта толеранција за корупцијата во културата, нови комисии на претстојниот конкурс

Строги и јасни критериуми по кои ќе одлучуваат новооформените комисии на претстојниот конкурс за проекти во културата, нулта толеранција за...

Топ1 ден

Камион удри во баба и внуче на пешачки премин на булевар Србија

Почина бабата која со внучето вчера беше прегазена на пешачки премин на булеварот Србија во скопската населба Аеродром, информира полицијата....

Македонија1 ден

,,Море Миле, нити е сечено, нити е лепено”, му рече обвинителката на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд во Скопје продолжува рочиштето за предметот на СЈО со кодно име ,,Траекторија”, за провизиите за кинеските автопатишта....

Македонија1 ден

Хан до Мицкоски: Референдумот не е момент за политички игри

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му кажал дека референдумот не е партиски...

Свет1 ден

Флоренс направи невидена катастрофа, а допрва следат најголемите поплави во историјата

Ураганот Флоренс, и покрај тоа што ослабна, и натаму предизвикува огромни штети во американските сојузни држави Јужна и Северна Каролина,...

Економија1 ден

Државата ќе позaјми 50 милиони евра – утре со нив ќе врати стари долгови

Министерството за финансии објави дека денеска на домашниот пазар од банки и осигурителни друштва ќе побара заем од над 50...

Свет1 ден

(Видео) Јужнокорејскиот претседател пристигна на третиот самит со севернокорејскиот лидер во Пјонгјанг

Јужнокорејскиот претседател, Мун Џае-ин, пристигна во Пјонгјанг на третиот состанок оваа година со севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун. На меѓународниот аеродром...

Европа2 дена

Орбан: ЕУ сака да дозволи влез на мигрантите и да управува со нив

Европската Унија сака да ја преземе одбраната на надворешните граници на одделни земји за да овозможи влез на мигранти, изјави...

Свет2 дена

(Видео) Пожар на паркинг пред шопинг-центар во Њујорк, над 20 повредени

Најмалку 21 лице се повредени во пожар што избувнал пред паркинг на шопинг-центарот „Кингс плаза“ во Њујорк. Локалните медиуми пренесуваат...

Свет2 дена

Русија и Турција се договорија да формираат тампон-зона во Идлиб

Русија и Турција се договорија да создадат демилитаризирана тампон-зона во сириската провинција Идлиб за да ги разделат владините сили од...

Досие