Контакт

Забава

Кокошки се здружија и убија лисица на фарма во Франција

Објавено пред

Кокошки на училишна фарма во североисточна Франција се здружија и убија млада лисица, објави Би-би-си. Лисицата сакала да се нагости со кокошки, но упаднала на фарма каде што имало 3 илјади кокошки, кои ја исклукале до смрт. Се претпоставува дека лисицата е на возраст од пет до шест месеци.

Лисицата успеала да влезе во делот на фармата каде што имало три илјади кокошки, но автоматската врата се затворила по неа и таа останала заробена. Утрото ја пронашле мртва.

„Инстинктот проработел кај кокошките, тие се здружиле и ја нападнале со клуновите. На вратот ѝ пронајдовме траги од удари од клуновите“, вели Паскал Даниел, директор на Факултетот за земјоделство и земјоделство.

На училишната фарма има шест илјади кокошки на површина од пет хектари. Во текот на денот кокошките слободно шетаат во дворот, а навечер се затворени.

Забава

Девет медицински сестри кои работат во иста болница ќе се породат во исто време

Објавено пред

Во една американска болница дури девет медицински сестри се бремени и треба да се породат во речиси исто време. Случајот не би бил толку необичен, доколку не станува збор за медицински сестри кои работат на ист оддел и тоа токму одделот за родилки. Терминот за породување на сите сестри им е кон крајот на месецов, во растојание од неколку денови или недели.

Оваа вест е објавена на фејсбук-страницата на болницата во Мејн, заедно со фотографија на која има осум од девет бремени жени. Бремените сестри гордо позираат со своите стомаци, а во рацете држат хартија на која се испишани датумите кога се очекува да се родат бебињата.

Очекувано, меѓу нив се развил посебен однос, така што планираат да бидат една покрај друга и да си помагаат и за време на породувањето. ,,Секој пат кога некоја од нас ќе кажеше дека е бремена, бевме пресреќни. Тука сме една за друга”, рече еден од медицинските сестри Ерин Грениер.

Од болницата најавија дека се подготвени да им го исплатат надоместокот за породилно отсуство, кој наскоро ќе треба да го подмират.

Прикажи повеќе...

Забава

Џејмс Бонд пристигна во Белград

Објавено пред

По Џони Деп, кој престојуваше неколку недели во главниот град на Србија и го снимаше филмот „Минамата“, во Белград дојде и познатиот Даниел Крег.

Сè уште не е позната вистинската причина за доаѓањето на Даниел во главниот град на Србија, а некои од можните причини се барање локација за серијата Purity, за филмот The Creed of Violence, а голема е и веројатноста дека било одлучено да се снима дел од новиот филм за Џејмс Бонд во Србија.

По исцрпните преговори, Даниел се согласи во 2018 година уште еднаш да го игра популарниот таен агент, но ова, дефинитивно, е последен пат.

Според последните информации, „Бонд 25“ ќе биде во режија на Кери Фукунага.

Како што е познато, инспирацијата за тајниот агент 007, Јан Флеминг, ја имал од српскиот агент Душан Попов, кој извесен период живеел во Белград.

Прикажи повеќе...

Естрада

Џастин Бибер ќе паузира од музиката

Објавено пред

Џастин Бибер најави дека ќе направи пауза и ќе се одмора од музиката за да се посвети на решавање на своите ментални проблеми.

Тој призна дека обожавателите оправдано го критикувале бидејќи за време на неговата трета светска турнеја во 2016 и 2017 година бил постојано несреќен, така што за време на настапот не успеал да им ја даде потребната енергија.

„Се обидував да дознам што ме мачи, како и повеќето од вас. Сега одлучив да се фокусирам на решавање на некои длабоки психолошки проблеми што ме мачат за да не се распаднам со цел да го зачувам својот брак и да станам татко каков што сакам да бидам“, напиша Бибер на „Инстаграм“.

View this post on Instagram

So I read a lot of messages saying you want an album .. I’ve toured my whole teenage life, and early 20s, I realized and as you guys probably saw I was unhappy last tour and I don’t deserve that and you don’t deserve that, you pay money to come and have a lively energetic fun light concert and I was unable emotionally to give you that near the end of the tour. I have been looking, seeking, trial and error as most of us do, I am now very focused on repairing some of the deep rooted issues that I have as most of us have, so that I don’t fall apart, so that I can sustain my marriage and be the father I want to be. Music is very important to me but Nothing comes before my family and my health. I will come with a kick ass album ASAP, my swag is undeniable and my drive is indescribable his love is supernatural his grace is that reliable…. the top is where I reside period whether I make music or not the king said so. 👑 but I will come with a vengeance believe that.. (grammar and punctuation will be terrible pretend it’s a text where u just don’t care).

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber) on

Тој додаде дека тоа не значи оти се откажува од музиката: „Ќе се вратам со албум со кој ќе растурам“.

Во ноември минатата година пејачот се ожени со американската моделка Хајли Болдвин.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет24 минути

Пентагон одобри милијарда долари за ѕид на границата со Мексико

Пентагон го одобри трансферот на една милијарда долари за воените инженери кои ќе го градат дел од ѕидот на границата...

Македонија4 часа

(Видео) Центар официјално ќе одбие стотина барања за градење по одлуката на Уставен суд

Во исчекување на објавата на одлуката на Уставен суд за укинување на мораториумот за градење во период од 30 дена,...

Топ6 часа

20-те закони што Иванов ги врати во Собранието пратениците повторно ќе ги гласаат

Претседателот Ѓорге Иванов до Собранието врати уште пет закони, со што вкупниот број укази на закони што шефот на државата...

Македонија6 часа

(Видео) УЈП сè уште го истражува имотот на верските заедници

Сè уште не е завршена постапката што ја отвори Управата за јавни приходи за имотот, парите и даноците на верските...

Македонија7 часа

Мијалков: Контактите и имотот во странство ги имав и досега, не помислувам да бегам

Мојот имот во странство, престој во Чешка и наводните мои контакти ги имав и порано и сега. Под истите околности...

Македонија8 часа

ИВЗ: Нема компромис за џамијата во Охрид, ние ќе градиме

Реставрацијата на Алипашината џамија во Охрид и изградбата на 32-метарското минаре за Исламската верска заедница е завршена работа. Градежните работи...

Македонија8 часа

(Видео) Најбогатиот Македонец заработил 3,5 милиони евра

Најбогатиот Македонец во 2017 е скопјанец, кој остварил 212 милиони денари, пријавени како бруто-приход. Зад него следува друг скопјенец, кој остварил приближно...

Македонија10 часа

„Фејсбук“: Избришани над 2.000 лажни профили од Северна Македонија, Косово, Иран и од Русија

Компанијата „Фејсбук“ соопшти дека отстранила повеќе лажни профили од Северна Македонија, Косово, Иран и од Русија за кои навела дека...

Топ11 час

Автомобил удри во шестгодишно дете од Кумановско

Вчера, во селото Опае, општина Липково, патничко возило со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф. (24) од село Лопате, Кумановско,...

Топ12 часа

Обвинителството гони две лица и инспектор поради сечење трска во Струга

Основното јавно обвинителство од Струга поведе постапка против две лица и инспектор од Министерството за животна средина поради сечење на...

Економија12 часа

Акционерите од „Топлификација“: Поради лажниот стечај, оштетени сме за повеќе од 34 милиони евра

Акционерите од „Топлификација“ испратија отворено писмо до претседателот на Владата, Зоран Заев, и други институции во државата. Во писмото тие информираат...

Македонија14 часа

Aпелација ќе одлучува за притворот на Сашо Мијалков

Апелациониот суд денеска ќе одлучува за жалбата на адвокатите на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, за мерката притвор, која му...

Македонија1 ден

Спасовски за инцидентот во Марино: Секој ќе одговара за направеното, нема кој да влијае врз истрагата

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, го осуди насилството во дискотеката во Марино каде со нож беше избоден полицаец и...

Свет1 ден

Трамп ја призна Голанската Висорамнина како територија на Израел

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потпиша декрет со кој официјално го призна израелскиот суверенитет над Голанската Висорамнина, која Израел ја...

Македонија1 ден

Министерството за правда ги чека амандманите од ВМРО-ДПМНЕ за законот за јавното обвинителство

Министерството за правда ги очекува амандманите од страна на ВМРО-ДПМНЕ за предлог-законот за Јавното обвинителство. Од Министерството се надеваат на...

Топ1 ден

Каменуван воз на влезот во Тетово

Вчера на железничката станица на влезот од Тетово непознато лице го каменувало патничкиот воз што сообраќал на релација Скопје –...

Македонија1 ден

(Видео) Децата без родители до Царовска: Државата, наместо да ни биде мајка, таа нè брка надвор

До кога децата без родители ќе завршуваат на улица, а ќе се удирате в гради дека има закони и дека...

Топ1 ден

Мицкоски се сретна со пратениците исклучени од ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска, во Собранието, се сретна со осумте пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и...

Македонија1 ден

(Видео) Власта со Беса и Алијансата ќе обезбедува мнозинство за СЈО

Фадил Зендели од Беса денеска информира дека биле повикани на работна средба за СЈО, но до власта порача дека тие...

Македонија1 ден

14,5 илјади евра отштета за клевета и навреда бара Фрчкоски од Стојан Андов

Во решението на скопскиот Граѓански суд за привремената мерка забрана за продажба на книгата на Стојан Андов „До атентатот и...

Досие