Контакт

Забава

Колин Фарел во топ-форма како и секогаш

Објавено пред

Колин Фарел ги покажа своите мускули во црна маичка кога отиде да се напие кафе во Лос Анџелес, кратка пауза од самоизолацијата во која сигурно добро го проучил сценариото на „Бетмен“ и неговата улога на негативецот Пингвин.

44-годишниот актер својот спортки изглед го комбинира со бејзбол капа и црна маска за лице.

Тој се подготвуваше за улогата во долгоочекуваното продолжение на „Бетмен“ со наслов „Одмазда“, но продукцијата беше стопирана во март поради пандемијата на Ковид-19.

Во новиот филм Фарел ќе го глуми злобниот Пингвин, а Роберт Патинсон ќе биде Бетмен или човекот лилјак.  Во него се појавува и Зое Кравиц како Кетвоман или жена мачка.

Тој неодамна изјави за списанието Ес-еф-икс (SFX): „Перспективата е навистина возбудлива. Јас сум екстатичен што ќе бидам дел од тој универзум“



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Видео) Ексклузивен клип од „Црвено известување“

Објавено пред

Стриминг-платформата „Нетфликс“ објави ексклузивен клип од претстојниот филм Red Notice („Црвено известување“), акција-трилер со Двејн Џонсон, Гал Гадот и Рајан Рејнолдс.

Red Notice е еден од најскапите филмови во историјата на оваа стриминг платформа. Сторија за агент на Интерпол кој се обидува да го фати најбараниот крадец на уметнички дела во светот.

„Нетфликс“ го објави клипот во текот на својот прв глобален настан за фанови, „Тудум“ именуван по џинглот кој е препозатлив за платформата. За време на виртуелниот настан минатиот викенд, фановите имаа можност да ѕирнат во претстојните содржини и да проследат панел-дискусии со ѕвездите на десетици серии и филмови во продукција на „Нетфликс“.

Премиерата на „Црвено известување“ се очекува на 12 ноември.

Прикажи повеќе...

Забава

Ар Кели прогласен за виновен за рекет и секс-трговија со малолетнички

Објавено пред

Федералната порота во понеделникот го прогласи аренби-пејачот Ар Кели за виновен на судењето за трговија со луѓе, изнуда и злоупотреба на малолетнички.

Поротниците на федералниот суд во Бруклин размислуваа повеќе од еден ден пред да гласаат за да го осудат 54-годишниот Кели по сите девет точки од обвинението по шестнеделното судење, на кое Обвинителството го претстави како предатор, кој ја користел својата слава речиси четврт век за да намамува жени и малолетни девојки во својата орбита за секс.

Кели ја спушти главата надолу додека се читаше пресудата, со лицето заштитено со бела маска.

Пејачот, чие полно име е Роберт Силвестер Кели, е еден од славните личности судени за врбување и сексуална злоупотрба на девојки во екот на движењето #MeToo, кое ги засили обвинувањата против него, иако таквите наводи го прогонуваа уште од раните 2000 години.

Прикажи повеќе...

Забава

„Ролинг стоунс“ ја одбележа првата турнеја без Чарли Вотс со трибјут-видео

Објавено пред

„Ролинг стоунс“ ја почна американската турнеја No Filter во неделата (26 септември) со оддавање почест кон покојниот тапанар Чарли Вотс.

Британските ветерани на својата прва турнеја од 1963 година без Вотс прикажаа негови фотографии и видео на големи проекции во арената „Св. Луис“ во Мисури проследено со звук на виртуозно тапанарско соло.

 

Додека публиката од речиси 60.000 луѓе извикуваше „Чарли“… Чарли“, Мик Џегер, Кит Ричардс и Рон Вуд излегоа на сцената за воведната песна Street Fighting Man.

„Беше прилично емотивно кога ги видов тие слики на Чарли на екранот. Ова е нашата прва турнеја што ја правиме без него“, рече фронтменот Џегер држејќи се за рака на сцената со гитаристот Ричардс.

„На сите ни недостига Чарли и на сцената и надвор од неа“, додаде Џегер.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Трета доза вакцина вчера примиле 69 граѓани

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 784.244 граѓани. Прва доза вакцина вчера...

Македонија2 часа

Речиси 47 отсто од населението над 18 години е вакцинирано со една доза вакцина

Заклучно со 26 септември со една доза вакцина против Ковид-19 вакцинирани се 46,9 % од населението над 18-годишна возраст, соопшти...

Свет2 часа

(Видео) Силна експлозија во зграда во Гетеборг натера луѓе да скокаат од прозорец, најмалку 25 повредени

Најмалку 25 луѓе се повредени во експлозија што се случи денеска во станбена зграда во Гетеборг. Шведската полиција соопшти дека...

Регион3 часа

Нов силен земјотрес на Крит – стотици луѓе ја поминаа ноќта во шатори

По немирна ноќ и неколку силни земјотреси што вчера го погодија Крит, жителите на Ираклион утрово ги разбуди нов силен...

Македонија3 часа

Попишани 1.619.857 граѓани во земјата и 198.589 од дијаспората, остануваат уште два дена од пописот

Во земјата до вчера се попишани 1.619.857 лица, 503.491 домаќинство и 711.695 стана. Можноста за самопопишување на лица во странство,...

Македонија4 часа

Претседателката на Европската комисија денеска во Скопје, а утре еврокомесарот Вархељи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, денеска попладне ќе допатува во посета на Скопје. Како што беше најавено,...

Македонија17 часа

Од модуларната болница во Штип избегал 84-годишен пациент

Вчера попладне, 84-годишен пациент избегал од модуларната болница во Штип, но подоцна бил вратен од полициски службеници. „На 26.09.2021 во...

Македонија19 часа

Регистрирани 112 нови случаи на коронавирус, починаа 13 лица

Во последните 24 часа направени се 1.726 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 82, Кавадарци...

Европа22 часа

Олаф Шолц: Дојде време ЦДУ/ЦСУ да замине во опозиција

Пo објавувањето на нецелосните официјални резултати од парламентарните избори во Германија денеска рано наутро, социјалдемократите (СПД) и нивниот кандидат за...

Македонија22 часа

Пендаровски: Политичките тензии на моменти ја парализираат државата

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на свечениот научен собир „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното...

Македонија23 часа

Црвенковски: Ако нашата идеја е „НАТО ќе нѐ брани, ЕУ ќе нѐ храни“, ниту ќе се одбраниме ниту ќе се нахраниме

Како поранешен премиер и претседател на Република Македонија имам право, но и обврска да проговорам, за тоа каде според мои...

Македонија23 часа

Шефицата на Европската комисија утре во Скопје

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, утре ќе допатува во земјатаа, а ќе ја пречека премиерот Зоран Заев...

Европа24 часа

(Видео) Најмалку една жртва по серијата земјотреси во Грција, Турција издаде предупредување за цунами

Неколку земјотреси утрово го погодија грчкиот остров Крит, а најсилниот беше со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала, јавуваат...

Свет1 ден

По три месеци, Сиднеј го укинува целосното затворање

Австралиските власти најавија крај на тримесечното целосно затворање за вакцинираните жители на Сиднеј. Карантинот во Сиднеј и во преостанатиот дел...

Македонија1 ден

СДСМ со митинг во Битола, ВМРО-ДПМНЕ во Охрид – почнува кампањата за локалните избори

Од денеска почнува изборната кампања за локалните избори, кои се закажани на 17 октомври. Кампањата за првиот круг ќе заврши...

Македонија1 ден

Почнува вакцинирањето со трета доза во Македонија

Граѓаните што имаат над 60 години, здравствените работници и лицата со имунолошки болести од денеска со потврда ќе може да...

Топ2 дена

Пронајден починат лекар во Психијатриската болница „Скопје“

Дежурен лекар во Психијатриската болница „Скопје“ бил пронајден починат синоќа по полноќ на работното место. Како што соопшти МВР, здравствениот...

Регион2 дена

Борел: Ја следиме ситуацијата на северот на Косово, провокациите се неприфатливи

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел рече дека внимателно се следи ситуацијата на северот на Косово и им кажа на...

Македонија2 дена

Регистрирани 336 нови случаи на коронавирус, починаа 17 лица

Во последните 24 часа направени се 3.425 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 169, Велес...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Шилегов исплаќал милионски суми на наместени тендери

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција обвини дека градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов исплаќал милионски суми на наместени тендери, а случајот го...

Досие