Забава
Колку чини чаша пиво во Лас Вегас?

Градот среде пустина отсекогаш бил познат по казината и ноќната забава. Но, дали некогаш сте се прашале колку чини излегувањето или, пак, само едно пиво во Лас Вегас?
Вечера во ресторанот „Омниа“ во Caesar’s Palace чини 2.500 евра, додека пивото во просечен ноќен клуб е околу 9 долари. Имено, за да им помогне на туристите кои го посетуваат во овој град, порталот Casino.org направил калкулатор за цените во некои од најголемите казина и клубови во Лас Вегас.
Со негова помош посетителите можат да видат колку ќе ги чини вечера или, пак, само еден пијалак во хотелите како „Белаџио“ и „Мандалај беј“.
Според овие пресметки, излегување во клубот „1 Оак – Мираж“ ќе ве чини 200 долари, додека нешто поевтино е во „Екс најт клаб“, каде што ќе потрошите 184 долари. Најевтин ноќен клуб во градот на неонските светла е „Тако најт“ каде што едно излегување ќе ве чини околу 114 долари. Наведените цени вклучуваат влез за четири лица и една тура пиво.
Најскапото пиво е исто така во клубот „1 Оак“ и чини околу 15 долари, а најевтиното е во „Мандалај беј“ со цена од „само“ 7 долари.
„Вегас е многу скап град, па затоа сакавме да им помогнеме на туристите да заштедат пари и да си поминат што е можно подобро“, вели Дејвид Шелдон, уредник на страницата.
Инаку, Лас Вегас минатата година го посетиле вкупно 37 милиони туристи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Условите за користење.

Забава
Неонацистички фестивал во Германија на роденденот на Хитлер

Стотина неонацисти се очекува да присуствуваат на дводневниот фестивал во германскиот град Остриц. Фестивалот почнува денеска, на денот на роденденот на Адолф Хитлер, а антифашистичките групи организираа протести.
Полицајци се распоредени за да спречат евентуално насилство на фестивалот „Штит и меч“ во градот во близина на границите со Полска и Чешка. Се очекува да дојдат и екстремисти од други земји од Источна Европа.
Ангажирани се 1.100 полицајци, водени топови и чамци кои патролираат по блиската река. На фестивалот е забранет алкохол, а посетителите не смеат да носат стаклена амбалажа и знамиња.
Меѓу организаторите на фестивалот е и Торстен Хесе од крајно десничарската партија НПД, која е отворено ксенофобична.
Остриц е место со 2.300 жители во Саксонија, каде десничарската партија АФД го оствари еден од најдобрите резултати на изборите минатата година.
Hitech
„Гугл“ со слика го навести можното име на новиот „Андроид“

„Гугл“ неодамна објави неколку позадини за телефони на делот од својот инстаграм-профил за т.н. кориснички приказни (stories), а еден детаљ им го привлече вниманието на љубителите на технологија.
Иако сите објавени слики беа интересни, една предизвика особено внимание.
Имено, на таа слика беа претставени сладоледи на стапче (на англиски, Popsicle), поради што многумина веруваат дека тоа е јаснен показател дека ова ќе биде името на новата верзија на оперативниот систем за паметни телефони (Android P).
Инаку, „Гугл“ секоја нова верзија на оперативниот систем ја именува со буква од англиската азбука и за новото ажурирање на ред е буквата P. Покрај ова, секоја официјална верзија на „Андроид“ добива и име на некој десерт што почнува на соодветната буква.
Се разбира, објавената слика може да биде и наведување на погрешна трага. Инаку, новата верзија на оперативниот систем „Андроид“ би требало да биде претставена во август, доколку се земе предвид досегашната тенденција на компанијата, новите ажурирања да ги објавува кон крајот на летото.
Забава
(Видео) Малдивите ги оставаат пловечките хотели во минатото и за туристите нудат нова атракција

Престојот во пловечки бунгалови бил најпосакуваниот избор на туристите кои минатата година ги посетиле Малдивите. Сепак, ова туристичко место ќе добие нова атракција.
Имено, до крајот на годинава на островот Рангали ќе биде отворена првата подводна вила во светот. Резиденцијата ќе се вика „Мурака“, што на локалниот јазик значи корал. Објектот е дизајниран целосно да се вклопи во подводни услови, овозможувајќи им на гостите да бидат дел од подводниот свет.
„Водени од целта да обезбедиме неповторливо искуство за туристите, со првата подводна резиденција ќе им овозможиме на гостите можност да ги истражуваат Малдивите од една сосема поинаква перспектива, под површината на морето“, изјави главниот архитект и дизајнер на „Мурака“, Ахмед Салим.
Зградата се состои од две нивоа, една над површината на морето и една под површината. Во подводното ниво има спална соба, дневна соба, бања, како и спирални скалила кои водат до просториите на повисокото ниво. Таму, пак, има двокреветни спални соби, бања, просторија за фитнес, заедничка дневна соба, кујна, бар, трпезарија и палуба од која може да се гледа атрактивното зајдисонце.
Инаку, вилата може да прими вкупно девет гости.
- Македонија1 месец
(Видео) Фатиме Фетаи направи пародија со коментарите дека излегувала во дискотека
- Daily news1 месец
(Фото) Селфи со Путин предизвика внимание во јавноста
- Култура1 месец
Александар ќе го нема ни на филм
- Investigative story1 месец
(Видео) Патарини: Една пресметка за пратениците, друга за граѓаните
- Daily news2 месеци
(Видео) Последна битка за планинарскиот дом Матка, црквата го презема со извршители, планинарите го бараат на суд
- Daily news2 месеци
Заев: Можеме да им купиме возила и да им обезбедиме станови на пратениците во Скопје
- Македонија1 месец
Изјавата на Заев за отворање на грчкиот Устав – провокација за грчките медиуми
- Daily news2 месеци
Учениците в година нема да учат по програмата „Кембриџ“