Контакт

Естрада

Концерт на Каролина во Античкиот театар во Охрид

Објавено пред

Каролина и нејзиниот бенд на 11 август ќе одржат двочасовен концерт во Античкиот театар во Охрид. На концертот ќе прозвучат сите песни од албумот „Извор“, како и од проектот „Македонско девојче“.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба од утре, 4 јули, во 09 часот, онлајн преку Avalon.mk, продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и во Југотон по цени од 500 и 800 денари.

Естрада

Познатиот пејач на „Бијело дугме“ се занимава со одгледување лешници за кои се интересира и „Фереро“

Објавено пред

Поранешните фронтмен на култната група „Бијело дугме“, пејачот Ален Исламовиќ, покрај активното пеење, веќе три години се занимава со одгледување лешници.

Тој открива на порталот CdM до каде стигна со својот агробизнис-план.

Неговата фарма во Бихаќ, која ја организира и води и неговата сопруга, се протега на површина од 25.000 квадратни метри.

„Тоа е моето слободно време меѓу викендот, работата на плантажата почнува од март, април до септември или октомври“, објаснува Исламовиќ.

Од седум дена, два се доволни за одржување на плантажата – за наводнување, заштита од паразити, прскање, хранење преку коренот, листот и така натаму. Оваа љубов кон земјата и земјоделството му ја всадил неговиот татко, а Бихаќкото Поле е најпогодно за лешници во БиХ.

„Моите сорти се најбарани на светскиот пазар за фабрики за чоколада, за производство на масла… Ќе работиме на брендирање на моите плодови наречени ‘Лешник од Уна’, што ќе почне за неколку години“.

Планот е, додава Исламовиќ, кога ќе отиде во пензија, фармата да има капацитет од 10 до 15 тони лешници истакнувајќи дека за неговиот производ веќе се заинтересирани познати преработувачи од странство. „За мене се заинтересирани преработувачи на лешник од Швајцарија, Австрија и ‘Фереро роше’“.

Прикажи повеќе...

Естрада

Мадона прифати да настапи на Евросонг, се договара хонорарот

Објавено пред

Израелските медиуми откриja дека преговараат со најголемите имиња на светската музичка сцена за настап на 64-тото издание на Евровизија. На сцената, најверојатно, ќе настапи и кралицата на попот, Мадона (60).

„Мадона начелно ја прифати понудата за настап на Евросонг, но сè уште не е договорено колкав ќе биде нејзиниот хонорар“, пишува порталот Ynet.

Израелците, според пишувањето на странските медиуми, подготвуваат вистински спектакл и контактираат со големи имиња како Елтон Џон и „Колдплеј“. Организаторите на Евросонг се познати по тоа што не ги откриваат изненадувањата до самиот почеток на шоуто.

Прикажи повеќе...

Естрада

Џаред Лето изнајми остров во Хрватска и ги покани обожавателите да дојдат

Објавено пред

Џаред Лето и неговиот бенд „Трти секундс то Марс“ организираат фестивал во Хрватска, поточно на едно островче кај Шибеник.

Станува збор за „Марс исланд фестивал“, кој ќе се одржи од 9 до 12 август, а рокерите се активираа на социјалните мрежи и не престануваат да ги повикуваат луѓето да им се придружат на настанот во Хрватска. Тридневниот билет ги вклучува сите активности, сместување и храна.

Цените се движат од 900 до неверојатни 5.600 евра. Посетителите ќе уживаат во интимни концерти на бендот, но и во масажи, јога, медитација и многу други активности. Инаку, Лето досега „Марс Исланд“ го организира во Калифорнија, а фестивалот беше многу популарен во САД.

View this post on Instagram

PRE-SALE IN 6 DAYS!!! 🕺🏻🕺🏻🕺🏻

A post shared by JARED LETO (@jaredleto) on

„Ќе биде неверојатно, местото е лудница“, им порача Џаред на своите обожаватели преку „Инстаграм“ и ги покани да му се придружат во Хрватска.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Загаденоста на воздухот во Прилеп 20 пати над дозволеното

Прилеп вечерва доживува рекорди во загаденост на воздухот. Концентрацијата на ПМ10 канцерогените честички достигна дури 1012 микрограми, што е за...

Македонија10 часа

Повредена новинарка на Канал 5 на одбележувањето на Водици

Новинарката Мирјана Мирчевска од Канал 5 телевизија заврши во болница со повреда на вратот и на раката откако, за време...

Свет10 часа

Трамп најави важна објава

Американскиот претседател Доналд Трамп најави важна објава во врска со блокадата на работата на федералната влада. Неговата најава следи во...

Свет12 часа

Масовни протести во Унгарија против премиерот Виктор Орбан

Неколку илјади Унгарци протестираа денеска во Будимпешта против премиерот Виктор Орбан и неговиот закон за прекувремени часови, кој досега неколкупати...

Свет12 часа

(Видео) Расте бројот на загинати во најголемата експлозија на нафтовод во Мексико

Билансот на загинати во силната експлозија на нафтовод во Мексико се искачи на 66 луѓе. Повредени се 76, изјави гувернерот...

Македонија14 часа

Загадувањето во Битола, Тетово и Струмица до шест пати над дозволеното

Присуството на штетните ПМ10 честички во воздухот во Битола, Тетово и Струмица, во изминативе два дена било и до шест...

Топ15 часа

Расправија во кафеана му претходела на пукањето во Кочани, напаѓачот е во бегство

На пукањето што се случи вчера околу 17 часот во угостителски објект во Кочани, а во кое едно лице беше...

Регион16 часа

Епидемија во Хрватска, девет лица починаа од грип

Девет лица починаa од грип во Хрватска, но за два смртни случаи во Сплит сè уште се чекаат официјални информации,...

Македонија17 часа

Директор на основно училиште склучувал договори во четири очи, го оштетил Буџетот за 1,2 милиони денари

Директор на основно училиште во Кратово, без да објавува јавни огласи, склучувал договори во четири очи за набавка на разни...

Македонија18 часа

Скопјани се гневни откако градот се искачи на прво место по загаденост во светот

Социјалните мрежи се преполни со реакции, откако вчеравечер Скопје се искачи на првото место по загаденост во светот.   Мерните...

Македонија20 часа

82 обвинители ја тужат државата за неисплатени додатоци на плата

82 обвинители од јавните обвинителства низ земјава ја тужат државата пред домашните судови за неисплатени додатоци во вкупен износ од...

Економија20 часа

„Фич” го потврди кредитниот рејтинг на Македонија ББ, со позитивен изглед

Aгенцијата „Фич” соопшти дека го потврдува кредитниот рејтинг на Македонија ББ, со позитивен изглед. Од Министерството за финансии соопштија дека...

Свет1 ден

Втората средба меѓу Трамп и Ким ќе се одржи кон крајот на февруари

Американскиот претседател, Доналд Трамп, и севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун ,повторно ќе се состанат кон крајот на февруари, соопшти Белата куќа...

Регион1 ден

(Видео) Објавена снимка од свечениот ручек во Белград: Дачиќ пее, а Путин ракоплеска

Руската новинска агенција ТАСС објави видеоснимка од свечениот ручек кој вчера во Белград беше приреден во чест на посетата на...

Истражувања2 дена

(Видео) Турците ем градат кај Стара железничка ем плаќаат казна од 2 милиона денари месечно

Турската компанија „Лимак“, која го гради комплексот со дваесеткатници кај Старата железничка станица, месечно уплаќа по  2 милиони денари во...

Македонија2 дена

(Видео) Димовски: Следува комплициран избор на антикорупциска комисија

Конкурсот за избор на членови на антикорупциската комисија објавен во октомври денеска беше поништен за да може да се објави...

Македонија2 дена

(Видео) Наумовски си ја зголеми платата, а Ѓорче Петров нема пари за ветените базен и градинка

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски, годинава ќе зема повисока плата, а планирани се и нови вработувања во Општината во...

Топ2 дена

Каракамишева повикана во полициска станица поради говор на омраза

Професорката Тања Каракамишева била на информативен разговор во полициска станица бидејќи била пријавена за ширење говор на омраза. Таа на...

Македонија2 дена

(Видео) Ако не се освести Заев, одиме со Мицкоски, порачаа пазарџиите

„Ако не се сврти кон народот, како што вети Заев, ние ќе се приклучивме кон другите, ќе одиме со Мицкоски“,...

Македонија2 дена

(Видео) Кекеновски со иницијатива до Уставниот суд: Се противам на каубојското носење на Законот за јазиците

Професорот Јове Кекеновски поднесе иницијатива за оценка на уставноста на Законот за употреба на јазиците. Според него, власта каубојски и...

Досие