Контакт

Забава

Кражба во Кенсингтонската палата, пејачката Камила ги надитри Кејт и Вилијам

Објавено пред

Пејачката Камила Кабељо, која неодамна ја посети Кенсинтонската палата по повод прослава за годинешните финалисти на Teen Hero Awards, во интервју за Би-би-си Радио 1 открива детали за моментите поминати заедно со Кејт Мидлтон и принцот Вилијам.

Пејачката призна дека Грег Џејм, водител на Би-би-си, ја предизвикал со идејата да украде нешто за време на својата посета на кралската палата и на тој начин да прослави дека е со Кејт и Вилијам.

И Камила сега откри дека не можела да му одолее на предизвикот и декa навистина украла нешто.

„Ќе се сретнеме со принцот Вилијам и Кејт, направи нешто! Укради го оној молив“, потсети Џејмс како звучел неговиот предизвик, а пејачката ја откри својата страна на приказната.

„Дали ти ме предизвикуваш? Мислиш дека не можам ? Е, па, можам!“, рече Камила и додаде: „Жал ми е за Вилијам и Кејт, но морав да го украдам бидејќи тој ме предизвика! Синоќа не можев да спијам, сега ми е многу полесно“.

Се чини дека оваа постапка на Камила не ги налути членовите на кралското семејство, напротов, тие ја споделија нејзината приказна на „Твитер“ заедно со едно смајли: две очи.

 

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Шварценегер не пропушта ден без омиленото хоби

Објавено пред

Арнолд Шварценегер (73) ужива во вообичаеното утринско возење велосипед со својот син Џозеф Баена (22) во близина на плажата во Санта Моника.

Поранешниот гувернер на Калифорнија избира совршен начин да го раздвижи телото и умот и да помине квалитетно време со семејството.

Ѕвездата на „Терминатор“ очигледно се забавува во текот на утринската рута околу областа Санта Моника во Лос Анџелес, овој пат придружуван од синот.

Прикажи повеќе...

Забава

Принцот Џорџ може да го задржи подарокот на Дејвид Атенборо

Објавено пред

Британскиот телевизиски водител и природонаучник Дејвид Атенборо неодамна го посети кралското семејство. Кејт Мидлтон, принцот Вилијам и нивните три деца, принцовите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот, го пречекале во дворот на Кенсингтонската палата, каде што заедно со Вилијам го гледале неговиот нов документарец „Животот на нашата планета“.

Принцот Џорџ  (7) е голем обожавател на водителот, кој во таа пригода му подарил посебен сувенир – огромен заб на ретка ајкула што го нашол во шеесеттите години за време на семеен одмор на Малта.

Принцот бил воодушевен, но се појавилe проблеми. Малта побарала да ѝ се врати сувенирот со образложение дека фосилот треба да биде изложен на островот каде што е пронајден. Се верува дека е стар околу 23 милиони години.

Министер за култура на Малта, Хозе Ерера, смета дека забот треба да биде изложен во локалниот музеј и ветил дека ќе се ангажира лично за неговото враќање.

Малта беше британска колонија до 1964 година.

Сепак, властите на Малта одлучија дека британскиот принц Џорџ може да го задржи фосилизираниот остаток од заб од ајкула што му го подари познатиот природонаучник.

Портпаролот на Министерството објави дека Малта се предомислила.

„Министерот Ерера рече дека нема намера да продолжи да го решава ова прашање“, изјави портпаролот за „Тајмс оф Малта“.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Вил Смит престојува во замокот од поранешната хит-серија

Објавено пред

„Новиот принц“ се врати во Бел Ер.

Актерот Вил Смит повторно се дружи со диџеј Џези Џеф и актерите од „Новиот принц од Бел Ер“ на тура низ иконскиот замок што служеше како семејна куќа во хит-серијата од 90-тите.

Престојот во замокот може да се резервира на Airbnb („Ербнб“) за цена од 30 долари за една ноќ.

На Вил му се придружија и неколку други протагонисти во „Новиот принц од Бел Ер“ (The Fresh Prince of Bel Air).

Во видеото објавено на „Јутјуб“ во понеделникот, 52-годишниот актер се потсетува на хит-серијата, која на почетокот на септември одбележа 30 години од своето деби.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија30 минути

Алаѓозовски и Поповски именувани за национални координатори во Владата

Владата на денешната седница ги именува поранешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски и поранешниот министер без ресор задолжен за комуникации,...

Македонија43 минути

Владата одобри целоднeвна настава во училиштата

По препорака на Комисијата за заразни болести, Владата на денешната седница одобри целодневна настава во училиштата. „Одобрена е организацијата на...

Македонија4 часа

(Видео) Потпишан етичкиот кодекс, функционерите се обврзаа на транспарентно и одговорно работење

На седница на Владата денеска беше потпишан кодексот за етичко однесување на носителите на јавни функции. По тој повод, заменик-претседателот...

Свет4 часа

(Видео) Војската на Нагорно-Карабах соборила два азербејџански хеликоптера

Војската на Нагорно-Карабах собори два азербејџански хеликоптера користејќи ракети „земја-воздух“ – „игла“, објави прес-секретарот за ерменското Министерство за одбрана, Шушан...

Македонија4 часа

Осум починати и 112 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на...

Македонија5 часа

(Видео) Фетаи ќе бара затворски казни за сите обвинети во „Насилство во Центар“

Обвинителката Фатиме Фетаи ќе бара затворска казна за Миле Јанакиески и другите обвинети со жалба во апелација откако Кривичниот суд...

Македонија5 часа

Царовска: Место да ја бојкотираат онлајн-наставата, родителите, градоначалниците и директорите да седнат и да се договорат

Бојкот на онлајн-наставата нема да им донесе ништо добро на децата, рече денес министерката за образование и наука, Мила Царовска....

Македонија6 часа

(Видео) Затворска казна за Груевски, а условна за Јанакиески и за извршителите во „Насилство во Центар“

Судот изрече казна затвор од 1 година и 6 месеци за Никола Груевски, а за Миле Јанакиески условна казна од...

Македонија6 часа

Илјадници ученици и денес не може да се приклучат за онлајн-учење, Царовска повикува на трпение

Фијаско и на генералната проба, Националната платформа за онлајн-учење и денес паѓа. Илјадници ученици, наставници и родители и утрово не...

Свет6 часа

(Видео) Гори цивилен автобус погоден од азербејџански дрон

Ерменскиот министер за одбрана објави на „Твитер“ дека гори цивилен автобус, погоден од азербејџански дрон. In #Vardenis which is located...

Македонија7 часа

Средба Османи – Вархељи: Почетокот на преговорите ќе биде јасен сигнал за европскиот курс на целиот регион

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на работната посета на Брисел оствари средба со еврокомесарот за соседство и...

Топ8 часа

Се преврте автобус со 16 војници на АРМ, пренесени се во болница со полесни повреди

Изутринава се случи сообраќајна незгода на патот Струмица – Штип кога се преврте автобус во кој се превезувале 16 војници...

Македонија8 часа

МОН: За еден ден, на платформата за учење на далечина 
се пријавиле над 88 илјади корисници

„Како што беше најавено во текот на вчерашниот ден, кога почнавме со тестирање на Националната платформа за учење на далечина,...

Свет9 часа

Трамп и Бајден ќе се соочат на првата дебата за претседателските избори

За прв пат лице в лице, во првата од трите претседателски дебати, Доналд Трамп и Џозеф Бајден ќе се сретнат...

Свет9 часа

(Видео) Судирот ескалира: соборен авион на азербејџанските сили, убиени се уште 26 ерменски војници

Армијата на Нагорно-Карабах собори авион на азербејџанските сили, изјави портпаролот на претседателот на таа непризнаена република, Ваграм Погосјан. Како што...

Македонија10 часа

Министрите на владина седница ќе потпишат кодекс за етичко однесување

Владата на Република Северна Македонија, денеска, со почеток во 12 часот, во свечената сала ќе ја одржи седмата седница. На...

Свет10 часа

Итна седница на Советот за безбедност на ОН за Нагорно-Карабах

Денеска треба да се одржи итна седница на Советот за безбедност на ООН за регионот Нагорно- Карабах, каде се водат...

Европа10 часа

Село во Романија третпат избра ист градоначалник иако е мртов

Жителите на едно село во Романија го реизбраа истиот градоначалник на локалните избори, иако тој почина пред две недели од...

Спорт19 часа

Дури 11 фудбалери на Џенова имаат КОВИД-19, нејасно е дали Пандев е меѓу нив!

Италијанските медиуми тврдат дека дури 11 фудбалери на Џенова и 3 членови на тимот имаат позитивен тест на КОВИД-19, вклучувајќи...

Регион21 час

Србинка заврши со притвор со новороденчето – била шеф на балканска наркобанда во Шпанија

37-годишна Србинка заедно со нејзиното новороденче е притворена во Шпанија, откако тамошната полиција спровела истрага во која е откриена балканска...

Досие