Контакт

Забава

Кралицата на крими-романите, Агата Кристи, оди во Боливуд

Објавено пред

Се случува убиство во магловито одморалиште на еден рид на Хималаите. А еден пар речиси не сакајќи, почнува да истражува злосторство. Приказната се базира на дело на Агата Кристи, иконата на крими-романите.

Ова е сè што индискиот режисер Вишал Бардвај е подготвен да открие за својот претстоен филм, базиран на роман на кралицата на злосторството, Кристи.

Ова е првпат „Агата Кристи лимитид“, која се грижи за имотот на авторката, да ги даде франшизите за своите приказни на индиски режисер.

„Направивме многу адаптации во целиот свет и секоја земја внесува свој вкус на делото. Не се сомневам дека и ова ќе биде така“, изјави Џејмс Причард, правнук на Кристи и извршен директор на имотот.

Агата Кристи е најпродаван автор на романи во историјата.

Кристи е забележана во Гинисовата книга на рекордите како најпродаван и најпреведуван автор на сите времиња. Нејзините дела се продадени во повеќе од 2 милијарди примероци во светот и се преведени на повеќе од 50 јазици.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Мајкл Џексон и Фреди Меркјури снимиле балада која не била објавена 30 години

Објавено пред

Mr. Bad Guy беше објавенa во 1985 година, но верзијата на песната вклучена во албумот на „Квин“ не е верзијата што Фреди ја снимил со Џексон, пишува „Дејли експрес“.

Џексон и Фреди ја снимиле песната како дует, како и две други песни – State of Shock и Victory.

По смртта на Џексон во јуни 2009 година, Брајан Меј и останатите членови на „Квин“ работеа со наследниците на Џексон за да ги објават овие песни, пренесува британскиот весник

Првичниот план на бендот беше да го издадат дуетот на Џексон-Фреди во 2012 година на компилацискиот албум Queen Forever.

Меѓутоа, Меј имал големи проблеми кога соработувал со компанијата на Џексон, и едвај успеал да ја објави песната две години подоцна, во 2014 година – 33 години откако првично била снимена.

Прикажи повеќе...

Забава

Хали Бери ѝ даде инструкции на Мекој по коментарот дека не е добра во кревет

Објавено пред

Хали Бери е актерка од врвна класа.

Неодамна се појавија гласини дека ѕвездата на хитот „Шифра сабјарка“ е „лоша во кревет“ по несоодветниот коментар на една од водителките на подкастот Cocktails with Queens.

Откако се појавија блогови кои го пренесоа разговорот на водителките на подкастот – Лиза Реј Мекој, Клаудија Џордан, Вивица Фокс и Силена Џонсон  – оскаровката Бери дозна дека била спомната во лоша конотација и затоа во средата се огласи на социјалните мрежи за конечно да ја затвори темата.

Во твит во кој директно ѝ се обраќа на Мекој, Хали напиша: „Г-ѓа @ TheRealLRaye1, прашај го мојот човек Ван Хант, тој ќе ти каже сè што треба да знаеш“.

Сексуалната спосбност на Бери беше доведена во прашање кога домаќинките на подкастот зборуваа за сексуалниот живот на Тони Бракстон, и потоа едната од нив ја спомна Бери.

На прашањето дали сака да каже дека Бери „е лоша во кревет “ Мекој продолжи: „Така велат. Тоа е она што го прочитав, и така слушнав“.

Прикажи повеќе...

Забава

Метју Пери реши да се жени

Објавено пред

Метју Пери објави дека е подготвен да го врзе јазолот со својата девојка Моли Харвиц, откако неодамна се спушти на едно колено за да ја запроси.

Во интерју за списанието „Пипл“, sвездата на „Пријатели“ рече: „Одлучив да се верам. За среќа, во тоа време случајно бев во врска со моментално најдобрата жена на планетава“.

51-годишниот Метју е во врска со 29-годишната Моли од 2018 година, и иако воглавно својата романса ја чуваат надвор од центарот на вниманието, Моли оваа година се појави на Инстаграм на Денот на вљубените за да се пофали со со нејзиниот сакан.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Осквернавен споменикот на загинатите бугарски туристи во Охрид, МНР со осуда

Осквернавен е споменикот на брегот на Охридското езеро, кој беше подигнат во спомен на бугарските туристи кои ги загубија своите...

Македонија11 час

Регистрирани 1.093 новозаразени, починаа 28 лица

Денеска се регистрирани 1.093 нови случаи на Ковид 19. Оздравеле 819 пациенти, а починаа 28 лица. Министерството за здравство информира дека...

Свет12 часа

СЗО: До 70 отсто од светската популација треба да биде вакцинирана за да се запре коронавирусот

Околу 60-70 проценти од светската популација треба да бидат вакцинирани или да стекнат имунитет, за да се спречи ширењето на...

Македонија13 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ на протести во повеќе градови: „Време е Заев да поднесе оставка“

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва со автомобили одржа протести во неколку градови во државата поради ставовите на премиерот Зоран Заев, изнесени во...

Македонија14 часа

(Видео) Димитров: Не отстапуваме од македонскиот јазик и идентитет

Бугарија поради македонскиот јазик и македонската историја одлучи да ги блокира преговорите на Македонија со ЕУ. Во интервју за сараевската...

Македонија16 часа

ДСЗИ наложи итно санирање на руинираните простории во битолската болница

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и надложи на директорката на битолската болница итно да бидат санирани руинираните простории, како...

Македонија17 часа

Радев: Согласност за Македонија откако ќе се признаат историските факти и искорени омразата

Бугарија треба да даде согласност за почеток на преговорите за Северна Македонија, откако ќе се признаат објективните историски факти и...

Македонија18 часа

Заев: Груевски беше организаторот на „27-ми април“, а не Јанакиески, Ристовски и Вељаноски

Никола Груевски е главен организатор на 27-ми април, а екс-функционерите Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески се изманипулирани од него,...

Економија21 час

Поради стравот кај јавноста, АЕК распиша тендер за изработка на студија за влијанието на 4Г и 5Г-мрежите

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) распиша меѓународен тендер за изработка научна студија за влијанието на зрачењата од 4Г и 5Г-мрежите...

Македонија22 часа

Филипче: Охрабрува бројот на оздравени

„Епидемијата го достигна пикот минатата недела, сега бројките се стабилизираат, а Р-факторот на преносливост е 1“, вели министерот за здравство,...

Свет22 часа

Трамп: Испораката на вакцина против коронавирусот почнува следната недела

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека испораката на вакцина против коронавирусот ќе почне следната недела, пренесува „Ројтерс“. Во разговор со...

Свет23 часа

Истражување: тестирањето на антитела покажува помал број лица заразени со коронавирус

Тестирањето на антитела во крвта за да се утврди инфекцијата со коронавирус дава помал број во споредба со реалната состојба...

Свет24 часа

СЗО: Вакцината ќе ни даде контрола над вирусот

Еден од главните експерти на Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан, рече дека почетокот на употребата на вакцината против коронавирусот...

Свет24 часа

Болсонаро: Не сакам да се вакцинирам

Бразилскиот претседател, Жаир Болсонаро, изјави дека нема да прими вакцина против коронавирусот. Тој во видеообјава преку социјалните мрежи вели дека...

Спорт1 ден

Погребан Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона, кој почина во средата е погребан во Буенос Аирес. Илјадници навивачи низ улиците на...

Свет1 ден

За еден ден потврдени повеќе од 577.000 нови случаи на Ковид- 19

Повеќе од 577.000 нови случаи на Ковид-19 се потврдени за еден ден во светот, објави Светската здравствена организација (СЗО), со...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Ќе ја напуштам Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ја напушти Белата куќа доколку Изборниот колеџ ја потврди победата на демократскиот кандидат...

Свет1 ден

Милиони Американци отпатувале на семејни средби за Денот на благодарноста и покрај предупредувањето да не се групираат

Mилиони Американци отпатуваа на семејни средби на Денот на благодарноста и покрај предупредувањата на експертите да не го сторат тоа...

Македонија2 дена

Во Македонија 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа

Во последните 24 часа потврдени се 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа, а 1.094 оздравеа, соопшти Министерството за...

Македонија2 дена

Рот: Северна Македонија запиша историја со договорот со Бугарија, тоа сега треба и да се награди

Северна Македонија запиша историја со Договорот за пријателство со Бугарија, но и со решавањето на спорот за името со Грција,...

Досие