Контакт

Забава

Кралската драма, суперхероите и бебето Јода водат во трката за „Еми“

Објавено пред

The Crown („Круната“) и The Mandalorian („Мандалоријанецот“) водат по бројот на номинаци за наградите „Еми“ во разновидно поле, преполно со новодојденци и ТВ-емисии што го одразуваат напливот на стримингот во текот на пандемијата.

„ХБО“ и неговата нова стриминг-платформа „ХБО макс“ ги предводеа сите мрежи со 130 номинации, веднаш по него е „Нетфликс инк.“ со 129. Стриминг- услугата „Епл ТВ плус“ доби 35 номинации, најмногу од нејзиното формирање, повеќето од нив за комедијата „Тед Ласо“.

Најсериозни кандидати за најдобра драмска серија се „Круната“ на Нетфликс за сезоната која се фокусира на раните години на бракот на принцот Чарлс и принцезата Дијана. Серијата доби 24 номинации.

„Круната“ има 24 номинации, вклучително девет за актерите Џош О’Конор и нововлезената Ема Корин како кралски младенци, и Оливија Колман како средовечна кралица Елизабета.

Еми-наградите ќе бидат доделени на церемонијата во Лос Анџелес на 19 септември, чиј домаќин е актерот Седрик Забавувачот (Cedric The Entertainer). Доделени од Телевизиската академија со седиште во Лос Анџелес, наградите „Еми“ се сметаат за највисоки ТВ-почести во светот.

„Мандароријанот“, серија на „Дизни плус“ во која се појавува саканиот лик бебето Јода, е главен ривал на „Круната“ со 24 номинации, за најдобра драмска серија и други за сценарио и специјални ефекти.

 

Забава

Холивудска агенција го критикува „Дизни“ во спорот за „Црна вдовица“

Објавено пред

Една од најголемите холивудски агенции за таленти во петокот (30 јули) упати остри критики на сметка на филмското студио „Дизни“ во ескалирачкиот јавен спор околу тврдењата на Скарлет Јохансон дека изгубила пари со стримувањето на нејзиниот филм „Црна вдовица“.

Брајан Лорд, ко-претседател на Агенцијата за креативни уметности (Creative Arts Agency), го обвини „Дизни“ дека го нападнал ликот на актерката и открил дека ѝ биле платени 20 милиони долари за филмот „во обид да го наоружа нејзиниот успех како уметник и деловна жена“.

Изјавата на Лорд, кој исто така ја застапува Јохансон, доаѓа еден ден по веста дека sвездата на „Црна вдовица“ поднела тужба со која го обвинува „Дизни“ за прекршување на договорот со неа со објавување на филмот од 9 јули на својата стриминг-платформа во исто време кога се прикажуваше во кината, со што го намали нејзиниот очекуван удел од профитот на киноблагајните.

Тужбата предизвика шок во Холивуд додека медиумските компании се обидуваат да ги зголемат своите стриминг-услуги, нудејќи премиум содржини во исто време или речиси во исто време кога филмовите се прикажуваат во киносалите, иако многу од нив се затворени среде пандемија на Ковид-19.

Јохансон (36), една од најпопуларните актерки во Холивуд и меѓу оние со најголема заработка, сними девет Марвелови филмови со „Дизни“.

„Дизни“ возврати во четвртокот со соопштение во кое тужбата на Јохансон ја нарече неоснована. Исто така, откри дека таа добила 20 милиони долари за филмот. „Тужбата покажува бесчувствително игнорирање на последиците од пандемијата,“ наведе компанијата.

Деталите за холивудските филмски договори и какви било спорови обично се решаваат зад затворени врати.

Еден ден по соопштението на компанијата, Брајан Лорд коментираше: „Дизни бесрамно и лажно ја обвини госпоѓа Јохансон дека нема чувство за глобалната здравствена криза.“

„Дизниевиот директен напад врз нејзиниот лик и сè друго што имплицираа е под нивото на компанијата со која многу од нас во креативната заедница успешно соработувавме со децении,“ додаде Лорд.

„Црна вдовица“, сторија за поранешна руска атентаторка која потоа станува одмаздник, заработи 80 милиони долари на киноблагајните во САД и Канада во текот на првиот викенд. Филмот генерираше и дополнителни 60 милиони долари преку Дизниевиот стриминг-сервис „Дизни плус“.

Прикажи повеќе...

Забава

Шакира се соочува со судење поради наводно затајување данок

Објавено пред

Шпански истражен судија увидел доволно индиции за колумбиската поп-ѕвезда Шакира да се соочи со судење за даночна измама, е наведено во судскиот документ објавен во четвртокот (29 јули).

Судијата Марко Џисас Хуберијас ја заврши истрагата за наводите на државното обвинителство дека пејачката не платила 14,5 милиони евра (23,3 милиони долари) данок на приход остварен помеѓу 2012 и 2014 година. Тоа е прелиминарен чекор пред да биде закажано судење.

„Документите (…) приложени кон тужбата се доволен доказ за погрешно постапување за да се продолжи со постапката“, наведува судијата во судскиот документ.

Додека обвинителите велат дека Шакира живеела во регионот Каталонија во тој период, нејзините претставници тврдат дека до 2015 година таа живеела на Бахамите, не во Шпанија, и дека ги исполнува сите даночни обврски.

„Во периодот од 2012 до 2014 година Шакира била даночен обврзник на Бахамите, а не на Шпанија“, тврдат нејзините претставници и додаваат дека повремено патувала во Шпанија, а официјално почнала да живее таму дури од 2015 година.

Претставниците на Шакира во Шпанија во четвртокот преку е-пошта изјавија дека „судскиот документ е очекуван чекор во процесот“ и дека правниот тим на пејачката „целосно соработува со правосудните органи и нема да коментира понатаму“.

44-годишната пејачка е во врска со дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике, од 2011 година и имаат две деца.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Луцифер се враќа за сезоната 6

Објавено пред

Сагата за Луцифер е речиси исто толку епска како и библиските приказни што ја инспирираат.

Фановите стравуваа дека крајот беше предвреме близу во неколку наврати, но „Нетфликс“ конечно потврди дека серијата ќе има шеста и последна сезона.

Веста дојде преку официјална објава на Твитер, придружена со броевите „666“ и следнава најава: „Ѓаволот нè натера да го сториме тоа. Луцифер ќе се врати за шеста и последна сезона. Како, крајно финале.“

Завршната сезона ќе има 10 епизоди, а ќе почне да се емитува на 10 септември.

Главниот фокус на серијата е Луцифер Морнингстар, ѓаволот, кој е несреќен и уморен од тоа да биде господар на пеколот. Го напушта престолот и го менува своето кралство со Лос Анџелес, каде води свој ноќен клуб „Лукс“. Тој е повикан да работи како консултант за полицијата на Лос Анџелес.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

(Видео) Евакуирани четири села во Грција поради пожари

Шумските пожари што избија денеска на западниот дел на Пелопонез ги принудија грчките власти да евакуираат четири села, како и...

Свет6 часа

Британскиот премиер го очекува своето седмо дете

Сопругата на британскиот премиер Борис Џонсон, Кери, објави дека е бремена по втор пат. Таа објави на Инстаграм дека двојката...

Свет7 часа

(Видео) Протести во Париз против задолжителната вакцинација, полицијата употреби солзавец

Француската полиција употреби солзавец против демонстрантите во Париз кои протестираат против задолжителната вакцинација и воведувањето на задолжителни ковид-пасоши. Планирани се...

Топ8 часа

Нападната вработена во Ургентниот центар во Куманово

Вработена во Ургентниот центар во Куманово пријавила дека додека била на работното место ја нападнало едно лице. Инцидентот се случил...

Македонија10 часа

Расте бројот на заболени – потврден 81 нов случај на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија е потврден 81 нов заболен со коронавирус, соопшти Министерството за здравство. Направени се 5.315...

Македонија12 часа

Две дози вакцина во Македонија примиле над 390.000 граѓани

Прва доза вакцина вчера примиле 3.302 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.545 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 904.583...

Свет13 часа

„Локдаун“ во уште еден град во Австралија

Милиони Австралијци се погодени од новото заклучување, пренесува Би -Би -Си. Властите воведоа тридневно заклучување во југоисточниот дел на Квинсленд,...

Спорт14 часа

Ѓоковиќ поразен – пристигна како најголем фаворит за златниот медал, на крајот не упеа да освои ниту бронза

Олимпискиот турнир во сингл за најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, се претвори во кошмар. Во Токио пристигна како најголем фаворит...

Македонија14 часа

Горан Сугарески разрешен од директорската функција во Царинската управа

Владата го разреши Горан Сугарески од функцијата директор на Царинската управа. „Владата ја прифати одлуката на Комисијата за именување, Горан Сугарески да...

Економија15 часа

Државата ќе им даде 111 милиони денари помош на туристички агенции, ресторани за свадби и ноќни клубови

Владата ќе додели еднократна финансиска помош во висина од 111 милиони денари за 382 лиценцирани туристички агенции, категоризирани ресторани за...

Македонија15 часа

(Видео) Државата ја зголеми наградата за олимпиецот Георгиевски

Владата на 93-та седница ја дополни одлуката за паричната награда за постигнатиот врвен олимписки успех на Дејан Георгиевски на Летните...

Регион1 ден

Вишеградската група со поддршка за „Отворен Балкан“, соработката ќе придонесе за регионална стабилност

Земјите од вишеградската група (Унгарија, Чешка, Словачка и Полска) го поздравија формирањето на иницијативата „Отворен Балкан“ (поранешен минишенген) од страна...

Регион1 ден

Српски автобус се преврте во Германија, повредени најмалку 19 лица

Најмалку 19 лица се повредени при превртување патнички автобус на германскиот автопат А13 помеѓу Стааков и Фрајвалде во правец на...

Македонија1 ден

Поради неправилности во работењето, сменет директорот на Националната библиотека „Свети Климент Охридски“

Директорот Фремзим Даути се разрешува од должноста директор на Националната установа, Национална и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ – Скопје...

Македонија1 ден

Илинден на Мечкин Камен без говор на Пендаровски, но првпат со Ахмети

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, нема да оди да го чествува Илинден на Мечин Камен на 2 Август иако шефот...

Македонија1 ден

Пендаровски нема да ги потпише измените на Изборниот законик, смета дека има нелогичности

Претседателот Стево Пендаровски нема да потпише указ за прогласување на измените на Изборниот законик со кој се бараат потписи од...

Македонија1 ден

Двајца починати и 74 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.582 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на...

Македонија1 ден

Фирма казнета со 20.000 евра за испуштање мазут во Вардар

По пријава од граѓани за излеана темна дамка во реката Вардар кај Градско, државен инспектор за животна средина темелно ги...

Топ2 дена

Пешак загина, велосипедист тешко повреден – и во двата случаја возачите што ги удриле побегнале

Пешак во Скопје загина, а велосипедист е тешко повреден во два одделни случаја во кои биле удрени од автомобили, при...

Топ2 дена

Возачот кој усмрти пешак во Куманово бил пијан

Седумдесетгодишниот возач М.П. кој удри во пешаци во Куманово, од кои едниот почина, бил пијан, утврди кумановското обвинителство. Несреќата се...

Досие