Контакт

Забава

Кралски извори предупредуваат: Принцот Хари и Меган можe бидат лишени од титулите војвода и војвотка

Објавено пред

Принцот Хари и Меган Маркл би можеле да ги изгубат своите титули војвода и војвотка од Сасекс, објавија британски весници во неделата, повикувајќи се кралски соработници, кои тврдат дека „сè е на маса“ по фамозното интерву за Опра.

Официјални лица на палатата наводно дискутирале дали Хари треба да биде лишен од титулата војвода.

На принцот Хари веќе му беа одземени воените титули и покровителства.

Според „Тајмс“, високи соработници во палатата минатата недела заклучиле дека на Хари може да му биде одземено војводството или да му биде побарано да го врати, бидејќи оваа титула ја добил кога работел за монархијата.

И принцот Хари (36) и Меган Маркл (39) избраа да живеат во Калифорнија и да не преземаат кралски должности.

Официјалните лица признаваат дека таквиот потег би бил „голем чекор“, со што всушност се раскинува минатогодишниот договор за заминувањето на двојката.

Прашањето сè уште не е поставено кај кралицата, која треба да одобри ваков потег, според „Сандеј тајмс“.

Според кралски извор, кралицата е прилично вознемирена од одлуката на Хари и Меган да говорат за приватниот живот во телевизиско интервју што ќе се емитува во понеделник во Велика Британија, а вчера беше прикажано во САД.

„Имаше разговори во Палатата во врска со тоа како да му се одземе војводството“, изјави изворот за весникот. „Никогаш порано не е сторено такво нешто, но има луѓе кои сметаат дека тоа е изводливо и пожелно.“



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Кинескиот боксофис со заработка од 3 милијарди долари, многу повеќе од американскиот за цела 2020 година

Објавено пред

Приходите на киноблагајните во Кина од јануари до април 2021 година надминаа 20 милијарди јуани (3 милијарди американски долари) заклучно со минатиот викенд, што е речиси еднакво на вкупната продажба на билети за цела 2020 година, пренесува „Саут Чајна морнинг пост “.

Истиот извор коментира дека ваквата цифра е достигната во услови кога филмската индустрија продолжува да закрепнува од пандемијата која изврши огромен притисок врз неа.

Приходите на киноблагајните се речиси еднакви на 3,06 милијарди долари кои беа собрани во текот на 2020 година, но сè уште има начини да се движат нагоре со надеж да ги достигнат рекордните 9,1 милијарди долари во 2019 година, пред пандемијата.

Цифрата од 3 милијарди долари за првите четири месеци оваа година е многу над вкупниот процент на САД за цела 2020 година, кој изнесува 2,1 милијарди долари. Досега оваа година, САД заработиле само 355 милиони долари, според BoxOfficeMojo, како што пренесува „Саут Чајна морнинг пост“.

Прикажи повеќе...

Забава

Холивуд сака рестартирање – сега е на ред шоуто на „Оскарите“

Објавено пред

Најголемото исчекување на „Оскарите“ в недела (25 април) можеби не е кој ќе ги освои најпрестижните награди – па дури и ако „Нетфликс“ конечно може да го добие посакуваниот трофеј за најдобар филм – туку како ќе изгледа најголемата вечер на филмската индустрија по бурната година, коментираат светските медиуми.

Принудени да ја преиспитаат церемонијата поради пандемијата и со наплив на диверзитет претежно со помали филмови, организаторите ветуваат шоу поразлично од сè што е видено во 93-годишната историја на „Оскарите“.

Поставена за прв пат во железничка станица во центарот на Лос Анџелес, иако впечатлива зграда на Арт Деко, продуцентите на свеченоста беа нејасни во врска со деталите за лимитираната церемонија, што ќе се емитува на телевизијата Еј-би-си.

Но, тие велат дека тонот ќе биде оптимистички и свечената вечер ќе делува како љубовно писмо за девастираната филмска индустрија по едногодишното затворање на кината и одложувања на премиери на десетици потенцијални блокбастери.

„Ние сме тука за да покажеме зошто е важно киното“, рече Стејси Шер, една од тројцата продуценти на „Оскарите“.

Холивудската драма „Менк“ на Нетфликс Инк, од 1930-тите, води по бројот на номинации – 10 на листата за најдобри филмови, на која е и сагата во судницата од 1960-тите, „Судењето на седумтемина од Чикаго “, исто така од Нетфликс.

Прикажи повеќе...

Забава

Спајдермен конечно се враќа дома во „Дизни плус“ во нов договор со „Сони“

Објавено пред

Филмскиот универзум на „Марвел“ не е комплетен без Спајдермен, па затоа „Сони“ и „Дизни“ се бореа околу франшизата како да е дете на развод.

Сега, двете големи компании потпишаа договор за лиценцирање со кој филмовите Спајдермен, како и други филмови на „Марвел“, ќе бидат достапни за стриминг на „Дизни плус“.

Овој договор доаѓа по спогодбата „плати 1 прозорец“ меѓу Сони и Нетфликс, што му овозможува на Нетфликс да ги стримува филмови на Сони девет месеци по нивното деби во киносалите.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 минути

Бугарија: Митов го врати мандатот за формирање влада

Кандидатот за премиер на бугарските партии „Граѓани за европски развој на Бугарија“ (ГЕРБ) и „Унија на демократски сили“ (УДФ), Даниел...

Македонија20 минути

Вакцини од „Фајзер“ секој понеделник, а со кинеската вакцина имунизацијата ќе почне по Велигден, најави Филипче

Министерството за здравство добило листа со распоред по кој ќе стигнуваат во Македонија вакцините на „Фајзер“ следниот месец. Министерот Венко...

Македонија43 минути

Пратениците се вакцинираат со „спутник“, Џафери очекува Собранието во мај да се врати во нормала

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, утрово по почетокот на вакцинацијата на пратениците во салата „Борис Трајковски“ рече дека очекува во...

Европа2 часа

Суперзаразниот индиски вид коронавирус пристигна во Европа, откриен во Белгија

Варијантата на Ковид-19, која е широко распространета во Индија, е откриена во Белгија кај група индиски студенти кои пристигнале од...

Свет2 часа

Треба ли вакцинираните да носат маски на отворено?

Дали вакцинирано лице кое оди на отворено сè уште треба да носи маска? Дали е потребно да се носи маска...

Свет2 часа

Сè помалку надеж за екипажот на исчезнатата подморница, се стравува дека е смачкана од притисокот на водата

Во морето недалеку од Бали во тек е очајна трка со времето. Бродови на индонезиската морнарица, како и од низа...

Регион2 часа

Вучиќ: Не сакаме голема Србија

Нe сме заинтересирани за создавање голема Србија, за нас голема Србија значи подобра економија, повеќе фабрики, подобри плати и подобра...

Свет2 часа

Студија: Една доза од „астразенека“ и „фајзер“ значително го намалува ризикот за зараза со коронавирусот

Ризикот едно лице да се зарази со коронавирусот е значително помал по примaње на една доза од вакцините на „Астразенека“...

Македонија3 часа

Од коронавирус почина д-р Сенат Грбовиќ

Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари на „Фејсбук“ објави дека од компликации од коронавирус починал 53-годишниот лекар д-р Сенат Грбовиќ....

Македонија4 часа

Денеска се вакцинираат пратениците

Во „А1 арената Борис Трајковски“ денеска ќе се вакцинираат пратениците од Собранието како дел од критичната инфраструктура опфатена во Националниот...

Македонија17 часа

Намален е притисокот врз болниците, вели министерот Филипче

Притисокот брз болниците е намален, а состојбата со вирусот се смирува, оцени денеска министерот за здравство, Венко Филипче, по состанокот со...

Топ19 часа

Девојка од Гостивар, без нејзина согласност, била омажена и силувана

Без нејзина согласнот, 19-годишна девојка од Гостивар била предадена за брак во Шуто Оризари по што била силувана. Според твдењето...

Македонија19 часа

Заев за повлекувањето на Шекеринска: Таа е моја другарка, без разлика каде ќе биде во иднина

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека тој и потаму ќе соработува со Радмила Шекеринска по најавата дека...

Регион20 часа

Мас: Добар момент за поддршка на дијалогот меѓу Србија и Косово

Сакам да видам на самото место како можеме да го поддржиме нормативниот дијалог меѓу двете земји, рече германскиот министер за...

Македонија20 часа

39 починати и 603 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.596 тестирања, а регистрирани се 603 нови случаи на...

Топ22 часа

Приведено лицето што утрово пред кривичниот суд ѝ избега на затворската полиција

Единицата за прв одговор и интервенција при МВР кај Камениот мост во Скопје го привела 30-годишниот А.З. од Скопје, кој...

Македонија24 часа

Тројца обвинители од поранешното СЈО во тимот на Русковска

Пет кандидати од кои тројца обвинители од поранешното специјално јавно обвинителство се избрани за нови јавни обвинители во Обвинителството за...

Топ1 ден

Уапсен 59-годишен маж кој им испраќал еротски фотографии на малолетнички на „Фејсбук“

Полицијата приведе 59-годишен маж од село Ораовица, Радовишко, со престојувалиште во село Ерџелија, Светиниколско, кој е обвинет дека им испраќал еротски...

Македонија1 ден

Браќа од Сарај заболени од Ковид-19 фатени со лажни ПЦР-тестотви на скопскиот аеродром

Скопското oсновно јавно обвинителство поднесе предлог за парични казни против двајца браќа од Сарај, на возраст од 24 и 26...

Европа1 ден

ЕУ подготвува тужба против „Астразенека“

Европската комисија се подготвува да преземе правни активности против „Астразенека“, објави „Политико“, повикувајќи се на пет неименувани европски дипломати. Вчера...

Досие