Контакт

Забава

Кристен Бел пристигна во стил на премиерата на Frozen 2

Објавено пред

Ѕвездите на Frozen 2 пристигнаа во стил на премиерата на нивниот долгоочекуван филм.

Кристен Бел и Идина Мензел се вратија во саканите улоги на Ана и Елса и изгледаа прекрасно на премиерата во театарот Долби во Лос Анџелес.

(Фото:ЕПА)

Кристен (39) едноставно плени со елегантен фустан со боја на вино, додека коѕвездата Идина (48) изгледаше волшебно во снежно бел фустан.

(Фото:ЕПА)

 

Забава

Кели Бенсимон одржува витка линија со 1.000 стомачни

Објавено пред

Ѕвездата од ТВ-серијата „Вистински домаќинки од Њујорк“ Кели Бенсимон облече бикини за да ужива во бањање и ползење по песокот на брегот на Палм Бич во четвртокот.

Кели лесно им се спротивставува на своите 52 години џогирајќи по должината на брегот во дводелен син комплет од брендот Мишел Фармер, кој го дополни со накит Лиза Крафорд.

И покрај дипломите од Универзитетот Колумбија и Североисточниот универзитет, се чини дека Кели добива поголема самодоверба со покажување на својата фигура.

Плажите беа затворени повеќе од два месеци. Здравствените власти во Палм Бич ги отворија на 18 мај, но ги повикаа граѓаните да ги следат упатствата за физичко дистанцирање.

Иако во петтата деценија, поранешната манекенка а сега телевизиска ѕвезда има фантастична линија и водушевува со својот изглед.

Кели сè уште им пркоси на годините со беспрекорна фигура која што ја одржува со постојано вежбање за секси тонирани стомачни мускули.

А кога ќе се реши за интензивен тренинг, таа прави по 1.000 стомачни вежби без некој поголем напор. На својот инстраграм сподели видео во кое прави „кранчови“ на плажа.

Прикажи повеќе...

Забава

Мики Рурк прошета во маскирни тренирки

Објавено пред

Холивудскиот актер Мики Рурк во средата беше забележан во Беверли Хилс во лежерно издание со раскопчана маица, која му ги открива тетовираните гради, и шарена заштитна маска за лице.

Тој на почетокот на минатиот месец беше принуден да го напушти снимањето на новиот филм во Латвија поради пандемијата на короновиусот. Но, Рурк се врати на познат терен неделава кога беше забележан како заминува од ресторан во Беверли Хилс со својот личен асистент.

Некогашниот голем заводник, облечен во маскирни тренирки, е просто невозможно да го одминете, без да се загледате во него, пишуваат таблоидите.

Воен стил, тетоважи на горниот дел од градите, долга руса коса до рамената, трендовски очила за сонце и несекојдневна маска за лице… кој би помислил дека овој човек има 67 години.

Претстојниот филм на Рурк, Warhunt, беше во завршна фаза на снимање, но пандемијата на коронавирусот го одложи финишот.

Филмот, кој се снимаше во главниот град на Латвија, Рига, мораше да се придржува кон локалните регулативи иако пред тоа ја игнорира одлуката на холивудска продукција да се прекине со снимање.

„Дојдов во Рига да работам и вирусот (Ковид-19) излезе надвор од контрола, но сите беа одлични“, изјави Рурк неодамна за списанието „Варајати“.

Прикажи повеќе...

Забава

Кајли Миног доби портрет за својот роденден

Објавено пред

Австралиската пејачка и текстописец Кајли Миног, која во четвртокот наполни 52 години, доби многу подароци, меѓу кои раскошен букет цвеќиња доставен директно до нејзината врата, како и нејзин портрет нарачан од партнерот Пол Соломонс.

И покрај пандемијата на коронавирусот, поради која многу од вљубените не може да бидат заедно, Кајли сепак успеа да прослави во стил во својот дом во Лондон. Некои од пријателите ѝ оставаа подароци пред вратата следејќи ги препораките за социјално дистанцирање, а некои влегоа внатре на роденденска торта.

Неодоливата поп-ѕвезда, позната како џебната Венера, блескаше кога излезе на вратата да си ги земе цвеќињата. Таа е визија на убавина во бел романтичен фустан со проткаени апликации од тантела на здолништето, кое ѝ паѓа слободно од тенката половина.

Нејзиното момче Пол на својот „Инстаграм“ сподели фотографија од портретот на кој е Кајли, направен од Дејвид Дантон, и напиша „Среќен роденден, убавице“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

Трамп и официјално соопшти: САД ги прекинуваат сите врски со СЗО

Американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференција во Белата куќа објави дека Соединетите држави ги прекинуваат сите врски со СЗО. Тој...

Македонија7 часа

Над половина од новозаразените во Скопје се од Сарај, Бутел и Чаир

Шест лица од денешните 26 случаи на Ковид-19 регистрирани во главниот град се од општина Сарај, покажуваат статистиките на Министерството...

Регион9 часа

Вратите за македонските туристи во Грција отворени од 15 јуни, тестови за корона ќе се прават по случаен избор

Грција од 15 јуни ќе ги отвори своите врати за туристи од 29 земји, објави денеска министерот за туризам, Хари...

Македонија10 часа

(Видео) Пауновски: Некои угостители ги понижуваа инспекторите, се однесуваат како да нема вирус

Одредени угостители со понижување се однесувале кон инспекторите од Пазарниот инспекторат велејќи им: „Едуцирајте нè и напуштете го локалот“, посочи...

Македонија11 час

Филипче: Да знаевме дека нема да се почитуваат мерките, немаше да дадеме препорака за отворање на кафеаните

По објавата на фотографиите од скопски кафеани, каде што, наместо почитување на препораките, се правеле забави, без одржување дистанца, без...

Македонија12 часа

(Видео) Филипче: Мерките не се почитуваат, можен е карантин во некои општини

Новозаболените од коронавирусот се резултат на непочитувањето на мерките, вели министерот за здравство, Венко Филипче, кој рече дека има информации...

Македонија12 часа

Загинувањето на планинарите на Кајмакчалан било несреќа, отфрлена кривичната пријава

Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање кривична пријава против водичот на планинарската тура, во која пред 2 години...

Македонија12 часа

Потврдени 52 нови случаја на заразени, починаа 4 лица

Денеска, потврдени се 52 нови случаја на Ковид-19, оздравени се 30 пациенти, а починати се 4 лица, информира Министерството за...

Македонија12 часа

Се бара казна од 10.000 евра за поранешната директорка на кожната клиника

Скопското Обвинителство денеска до надлежниот суд поднесе предлог за издавање казнен налог против поранешната директорка на ЈЗУ Клиника за дерматовенерологија,...

Економија13 часа

(Видео) ФИТР објави повик за финансиска помош, фирмите со добивка ќе треба да ги вратат парите

Речиси 150 домашни микро, мали и средни компании имаат можност да добијат поддршка за брзо приспособување на последиците од Ковид-19...

Македонија13 часа

(Видео) Американски и грчки воени авиони летаа над нашата земја

Два авиона на американското воено воздухопловство, придружувани од четири воени авиона на Грција, околу 11 часот извршија прелет над територијата...

Македонија13 часа

Бугарија го укинува задолжителниот карантин за патниците од Македонија од 1 јуни

Бугарија планира од 1 јуни да го укине задолжителниот 14-дневен карантин за патниците од Македонија и од повеќето земји на...

Свет14 часа

Нов Зеланд има само еден активен случај на коронавирус

Седум дена по ред Нов Зеланд не потврди ниту еден нов случај на коронавирус. Здравствените власти соопштија дека во моментот...

Свет15 часа

(Видео) Немири во Минеаполис поради смртта на црнецот, запалена полициската станица, прогласена вонредна состојба

Демонстрантите влегоа во полициската станица во Минеаполис, предизвикаа пожари и уништија сè што им се нјаде на патот во текот...

Регион16 часа

Хрватска го објави протоколот за свадби – најмногу 150 гости, на подиумот да се држи растојание од два метра

Хрватскиот завод за јавно здравје објави детаљни препораки за одржување свадби, кои од неодамна повторно се дозволени во Хрватска. Некои...

Свет16 часа

Кина се закани со напад на Тајван

Кина ќе го нападне Тајван ако нема друг начин да се спречи неговата независност, предупреди еден од главните кинески генерали,...

Европа17 часа

Идејата за имунитет на стадото во Британија не успеа

Речиси седум проценти од луѓето во британската покраина Англија биле инфицирани со коронавирус, покажале резултатите од тестот на антитела на...

Свет17 часа

Итна седница на ОН за спорниот закон за безбедност за Хонгконг што го донесе Кина

САД и Велика Британија побараа седница на Советот за бесбедност на ОН за спорниот закон за безбедност, кој Кина го...

Македонија17 часа

Македонија додадена на листата на земји чии граѓани може да патуваат во Црна Гора

Националното координативно тело на Црна Гора, синоќа, по предлог на Институтот за јавно здравје, одлучи дека од 1 јуни ќе...

Македонија1 ден

Агенцијата за национална безбедност го демантира Чулев: Не располагаме со опрема за следење на комуникации

Агенцијата за национална безбедност не располага ниту со опрема за следење на комуникации, ниту со медијациски уреди за активирање на...

Досие