Контакт

Забава

Кристи Бринкли поддржува позитивност на телото со фотографија во бикини од 1977 година

Објавено пред

Кристи Бринкли има долга и славна манекенска кариера, во која се појави во најмалку  500 насловни страници на списанија.

Во понеделникот 65-годишната Кристи се движеше по патеката на спомените, споделувајќи насловна страница на „Космополитен“ од 1977 година, на која таа е во  во бикини. „Фотографијата предизвика мешаница во тоа време“, пренесуваат британски таблоиди.

Заедно со фотографијата, Кристи, мајка на три деца, ја пофали индустријата за манекени за промените што ги направи во однос на прифаќање на тело 43 години по насловната страница со неа.

Наспроти пурпурна позадина, тогашната 23-годишна Бринкли позира во виолетови бикини, со набрано средиште на долниот дел и врвца вразана околу папокот.

Со големи русокоси кадрици, обетки со мали златни обрачи и свежо лице на гламурозна шминка, младата убавица директно гледа во камерата додека ги движи рацете низ кадриците.

„Во 1977 година овој костим за капење предизвика мешаница. Во тоа време, сите бикини се носеа ниско на колкот “, напиша таа. „Овој висок израз на ногата го направи колкот нова ерогена зона. Не можев да сфатам како да го облечам тоа, имајќи предвид дека целиот костим за капење се држи само на еден конец“.

На возраст 65 години, Кристи изгледа двојно помлада без разлика дали е во костим за капење или во свечен фустан.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Бизарно

Девојката на милијадерот ги испратила нивните голи фотографии на својот брат, а тој ги продал

Објавено пред

Сојузните обвинителе во Менхетен имаат докази дека братот на девојката на милијардерот Џеф Безос, нивните заеднички интимни пораки ги продал на таблоидот „Нешнал Енквајар“, пишува „Вол стрит Џурнал“.

Лорен Санчез, пораките кои ги разменувала со Безос во 2018 година му ги испратила на нејзиниот брат Мајкл, а тој одлучил да извлече пари за нив, пишува весникот чии новинари ги виделе тие пораки, како и докази за уплата од 200.000 долари на сметката на Мајкл од страна на „Нешнал Енквајар“, врз основа на договор кој го потпишале 2018 година.

Обвинителите дошле до пораките, договорот и иплатата за време на истрагата на тужбите на Безос дека од „Нешнал Енквајар“ го уценувале, заканувајќи му се дека ќе ги објават неговите голи фотографии, како и дека му е хакиран мобилниот телефон.

Безос во еден момент ја обвини и Саудиска Арабија за целиот случај. Истражителите кои тој ги ангажирал тврдеа дека престолонаследникот на Саудиска Арабија, на мобилниот телефон на шефот на „Амазон“ му испратил малициозен код со кој овозможил хакирање.

Саудиска Арабија ги демантираше обвинувањата. „Енквајар“ тврди дека Мајкл им бил изворот за приказната која ставила крај на бракот на Безос. Мајкл демантирал се.

Минатат година Безос најави дека се разведува од својата сопруга Мекензи, со која беа во брак 26 години.

Прикажи повеќе...

Забава

Тејлор Свифт поретко ќе се појавува на сцената, сака да поминува повеќе време со својата болна мајка

Објавено пред

Пејачката Тејлор Свифт (30) призна дека мајка ѝ Андреа се соочува со тешка дијагноза, пишува „Пипл“. Во интервју за „Варајети“, Тејлор рече дека мајка ѝ има тумор на мозокот и почнала да се лекува.

„Секој ја сака својата мајка, мајката е важна за сите. За мене, таа е извор на сила. Очигледно тогаш голема работа е воопшто да се зборува за нејзината болест. Таа оди на хемотерапија и тоа е доволно тешко за една личност. Вторпат ѝ се појавува тумор на мозокот. Ова е навистина тешко време за целото семејство“, рече Тејлор.

Поради болеста на мајка ѝ, Свифт има кус распоред на турнеи оваа година по објавувањето на новиот албум Lover. Таа објасни дека поради сегашната состојба, сака да помине што е можно помалку време на пат.

„Не знам што ќе се случи. Не знаеме кој третман да се избере. Ракот на мајка ми е вистински проблем. Порано бев толку загрижена за секојдневните подеми и падови. Сега сите мои грижи, стрес и молитви ги насочувам само на вистинските проблеми“, заклучи Тејлор.

Прикажи повеќе...

Забава

Моника Белучи и во обичен црн фустан изгледа како жена од милион долари

Објавено пред

Моника Белучи годинава ќе наполни 56 години, но и натаму е на врвот на листата со најубави жени во светот. Италијанската актерка со години е поддржувач на кампањата „Сидакшн“, со која  од 1994 година се подига свеста за сидата.

Во склоп на акцијата редовно се организираат добротворни вечери на кои се собираат пари за лекување и истражување на оваа болест.

Моника уште еднаш ја изрази својата поддршка присуствувајќи на гала-вечерата организирана во прекрасниот павилјон „Камбон Капусинс“ сместен во срцето на Париз.

Познатата актерка носеше црн фустан и уште еднаш докажа колку вистина има во старата изрека, која вели дека помалку е повеќе.

Таа веќе две години е во врска со 19 години помладиот Николас Лефвр, со кого живее во Париз.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет16 минути

(Видео) Лошото време и густата магла се можна причина за несреќата во која загина Коби Брајант

Лошото време и густата магла, но и низа грешки на пилотот се најверојатно причините за страшната несреќа во која синоќа...

Спорт9 часа

Полицијата тврди дека имало девет лица во хеликоптерот, именувани само Коби и неговата ќерка

Полицијата на Лос Анџелес на официјална прес-конференција даде првични детали за хеликоптерската несреќа во која загина НБА ѕвездата Коби Брајант....

Спорт10 часа

Спортскиот свет во шок и неверица по смртта на Коби, фановите се собираат пред „Стејплс центарот“

Голем број на спортисти, спортски клубови, славни личности и многу обични луѓе на социјалните мрежи реагираа со неверување и со...

Спорт11 час

Потврдено: Во хеликоптерот на Брајант била и неговата 13-годишна ќерка Џиџи

По првите извештаи на американската ТВ-мрежа „Еј-би-си“ дека во хеликоптерската несреќа во која загина НБА легендата Коби Брајант биле неговите...

Свет12 часа

(Видео) Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа

Легендарниот американски кошаркар и еден од најдобрите во НБА историјата Коби Брајант загина во својата четириесет и прва година во...

Топ17 часа

Со возило на Црвен крст излетале од патот на Водно додека се обидувале да спасат повреден маж

Екипа на Црвен крст не успеала да го спаси повредениот маж на Водно по којшто трганала, бидејќи нивното возило излетало...

Македонија19 часа

Спасовски ја повика опозицијата да го поддржи законот за ЈО: „Престанете со партиски калкулации“

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања ја повика опозицијата да го поддржи Законот за јавно обвинителство кој, како...

Свет19 часа

(Видео) Успешно полета најдолгиот патнички авион во светот

Компанијата Боинг извести дека вчера успешно е завршен пробнот лет на нивниот нов модел на авион „боинг 777Х“, најголемиот двомоторен...

Македонија21 час

Термалните камери на скопскиот аеродром ќе детектираат симптоми за коронавирусот

Нема простор за паника кога во прашање е коронавирусот, посочи министерот за здравство, Венко Филипче, по состанокот со Комисијата за...

Култура22 часа

Љума и Даут од „Медена земја“ добитници на престижната ASC награда за најдобра кинематографија

Самир Љума и Фејми Даут од „Медена земја“ се добитници на наградата за најдобра кинематографија за Документарен филм на 34...

Свет23 часа

Бројот на загинати од земјотресот во Турција се искачи на 31 лице

Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес што ја погоди Турција во петокот се искачи на 31 лице, додека спасувачите се...

Регион23 часа

Автобус со кинески туристи од Вухан стигна во Хрватска

Во Хрватска пристигна автобус со кинески туристи од градот Вухан, епицентарот на епидемијата на коронавирусот, дознава хрватскиот портал „Индекс.хр“. Според...

Свет23 часа

Потврден прв случај на новиот корона вирус во Канада

Прв случај на новиот корона вирус е потврден во Канада, соопшти Владата во земјата. Здравствениот систем во Торонто бил известен...

Свет1 ден

Москва: Седум кинески државјани пренесени во болница за заразни болести

Седум кинески државјани од хотел во Москва се пренесени во болница за заразни заболувања, поради сомнение дека имаат акутна вирусна...

Регион2 дена

Нов земјотрес во Турција

Не престанува да се тресе земјата во Турција. Нов земјотрес ја потресе земјата за помалку од 24 часа. Земјотрес со...

Свет2 дена

Шји Џјинпинг: Ситуацијата е сериозна, ширењето на вирусот забрзува

Ширењето на новиот корона вирус се забрзува, предупреди денеска кинескиот претседател, Шји Џјинпинг, по состанокот на Политбирото на Комунистичката партија,...

Топ2 дена

Нова жртва на иста измама – ѝ рекле да даде пари или синот ќе лежи во затвор поради сообраќајка

„Син ти направи сообраќајна несреќа во која загина дете. Да ни дадеш пари и ќе средиме тој да не лежи...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски: Ќе продолжиме со разговорите за законот за Јавното обвинителство

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања денеска кажа дека ќе продолжат со разговорите за законот за Јавното...

Македонија2 дена

Дескоска: Жалам што ВМРО-ДПМНЕ избега од разговорите за законот за Јавното обвинителство

Министерката за правда, Рената Дескоска на социјалните мрежи напиша дека жали што преговарачката тројка на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јавното...

Топ2 дена

Возило прегази 10-годишно дете на булевар во Скопје

Синоќа на булеварот „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ патничко моторно возило управувано од 32-годишниот Д.Д. од Скопје удри во дете пешак на...

Досие