Забава
Курникова со семејна фотографија му го честита роденденот на Иглесијас

Пејачот и латинозаводник Енрике Иглесијас во неделата го прослави својот 47. роденден.
Неговата сопруга, поранешната тенисерка Ана Курникова, на својот инстаграм-профил сподели семејна фотографија – Ана и Енрике со трите деца, близнаците Николас и Луси и помалата ќерка Мери.
Имајќи предвид дека тие ретко објавуваат фотографии на кои целото семејство е заедно, оваа објава набргу заработи повеќе од 150.000 лајка. Ана покрај фотографијата напиша: „Среќен роденден на најдобриот тато! Те сакаме многу!“
Набргу потоа пејачот возврати со објава во која ѝ го честита Денот на мајката, кој се прославуваше во неделата. Тој на „Инстаграм“ објави видео во кое поранешната тенисерка танцува во нивниот двор со четиригодишната Луси. Во заднината се слуша песната I Love Rock ‘N’ Roll.
Иглесијас напиша: „Среќен Ден на мајката на сите мајки во светот“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Ема Стоун ја продава куќата во Малибу

Оскаровката Ема Стоун, ѕвезда на „Ла Ла Ленд“, ја стави на продажба својата куќа во Малибу за 4.2 милиони долари.
Речиси четири години откако го купи имотот покрај океан за 3.25 милиони долари, 33-годишната актерка реши да го огласи на пазарот на недвижности, објави „Волстрит журнал“.
Еднокатната куќа од 157 квадратни метри се простира на имот со површина од 1.300 квадрати, во луксузната област Саут Калифорнија.
Агентот на Sotheby’s International Realty, Ерик Лејви, ја опиша куќата за весникот како „класичен калифорниски среден век од 1958 година што виси над Пацификот и куќа на плажа во Малибу што би ја избрале за филм на Ненси Мејерс.“
Домот на убавицата вклучува извонреден поглед на градскиот пејзаж на Лос Анџелес, Тихиот Океан и островот Каталина и е во непосредна близина на пешачките патеки и плажата.
Има и трпезарија на отворено, која е покриена со дрвја од еукалиптус и јука, како и двор со панорамски поглед на брегот.
Забава
Агилера, Ричи и Харлоу на црвениот тепих на модна ревија на „Диор“

Кристина Агилера, Кристина Ричи и Вини Харлоу во четвртокот вечерта присуствуваа на моден настан во Лос Анџелес на кој беше презентирана машка колекција „Диор“ за сезоната пролет/лето 2023.
Поп-ѕвездата Агилера привлече внимание додека позира на ѕвездениот настан, каде познатиот моден бренд дебитира со своите најнови креации.
Забава
Принцот Вилијам и Кејт присуствуваа на премиерата на новиот „Tоп ган“ во Лондон

Синоќа во Лондон се одржа премиерата на „Топ ган: Маверик“, новото поглавје на легендарниот блокбастер од осумдесеттите, една од најочекуваните филмски премиери на годината.
Еден ден по неговата светска премиера на филмскиот фестивал во Кан, продолжението на оригиналниот „Топ ган“ привлече големо внимание и во британската метропола, а на црвениот тепих беа и членови на кралското семејство.
Медиумите веднаш објавија дека војводата и војвотката од Кембриџ, принцот Вилијам и Кејт, присуствуваа на свечениот настан.
Том Круз, ѕвездата на филмот, им се придружи на црвениот тепих на „Лестер Сквер“.
Оригиналниот филм „Топ ган“ беше објавен пред повеќе од 30 години.