Контакт

Естрада

Лени Кравиц во врска со тинејџерка

Објавено пред

Лени Кравиц отсекогаш бил најголем заводник меѓу пејачите, се чини дека со текот на годините не се менува… На листата на жени со кои се забавувал се запишани и Никол Кидман, Ванеса Паради, Мишел Родригез, Адриана Лима, Наоми Кемпбел, Мадона, Стела Макартни.

View this post on Instagram

@zoeisabellakravitz x papa x @domperignonofficial

A post shared by Lenny Kravitz (@lennykravitz) on

Не треба да се заборави ниту актерката Лиза Бонет, единствената која успеа да го однесе пред олтар и со која ја има ќерката Зое. Лени и Лиза беа во брак шест години, од 1987 до 1993 година, и ден-денес се во многу добри односи  и се голема поддршка еден на друг.

Лени, кој веќе навлезе во шестата деценија, сепак, не мирува кога станува збор за љубовта… често менува жени и има многу авантури. Иако се чинеше дека конечно се смири покрај 30-годишниот модел Барбара Фијала, со која беше од почетокот на годината, виден е  со друга жена. Тинејџерка, всушност!

Лени со новата избраничка е фотографиран во Мајами пред неколку дена, се шпекулира дека таа се занимава со моделство и дека има само 19 години, иако нејзиниот идентитет сè уште е непознат за  јавноста.

Фановите го осудија изборот на познатиот пејач забележувајќи му што е 10 години помлада од неговата ќерка, а имаше и коментари во врска со изгледот на оваа млада дама – многумина не се одушевени од неа по сите убавици што ги имаше Кравиц во минатото.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада

Eрос Рамацоти по подолго време се појави семејно во јавноста

Објавено пред

Италијанскиот пејач Ерос Рамацоти (56) беше фатен по долго време во семејна прошетка со својата сопруга, моделот Мариса Пелегрини (30), и нивниот син Габрио Тули.

За време на прошетката пејачот разменуваше нежности со својата 26 години помлада сопруга, која изгледаше прекрасно во лежерно издание и без шминка.

Ерос Рамацоти ќе одржи концерт во Скопје на 30 септември во рамките на својата светска турнеја Vita ce n`e’, која ќе ги опфати сите континенти.

Прикажи повеќе...

Естрада

Обожавателите ѝ ја честитаа „бременоста“ на Лејди Гага

Објавено пред

За Лејди Гага (32) ова беше одлична година. По освојувањето на наградата „Греми“, таа ја доби и оскаровската статуетка за песната Shallow, која ја пее во филмот „Ѕвездата е родена“ со Бредли Купер (44). Поради нивната хемија на снимањето, јавноста почна да шпекулира дека Бредли и Лејди Гага се заедно. Потоа, оскаровката раскина со свршеникот Кристијан Карин (50), а се појавија и озборувања дека е бремена.

Пејачката се осврна на овие коментари на својот твитер-профил.

„Озборувањата дека сум бремена? Да, бремена сум со LG6“, напиша Лејди Гага алудирајќи на новата песна и истоимениот албум, кој ќе биде објавен оваа година.

Многу обожаватели погрешно го сфатија нејзиното соопштение и ѝ честитаа на приновата, а многумина се радуваа на новата песна.

„Се надевам дека набргу ќе ти пукне плодовата вода“, ѝ пишуваа нејзините обожаватели, кои со нетрпение го чекаат LG6.

Ова беше големо олеснување за оние што се загрижени за потенцијалната афера на пејачката и Бредли, кој е во врска со моделот Ирина Шајк (33).

Инаку, фотографиите од септември 2018 година од промоцијата на филмот „Ѕвездата е родена“ покажаа дека Бредли има траги од кармин покрај устата, а Лејди Гага стоеше покрај него со истата нијанса на кармин на устата. Некои обожаватели тврдеа дека двојката се бакнувала, други ги бранеа дека го промашиле образот и случајно се бакнале во уста.

Прикажи повеќе...

Естрада

Холивудски актерки давале мито за да ги запишат децата на престижни факултети

Објавено пред

Американските актерки Фелисити Хoфман и Лори Лаглин денеска се обвинети, заедно со уште најмалку 40 луѓе вклучени во скандал, во кој богати родители подмитувале тренери од колеџ и луѓе од центрите за тестирање со цел да им помогнат на своите деца да се запишат на најелитните универзитети во земјата, соопштија американски обвинители.

Митото наводно се вршело преку компанија за консултации во Калифорнија, а според властите, родителите вкупно дале околу 25 милиони американски долари на основачот на фирмата Edge College & Career Network со цел нивните деца со сигурност да се најдат на приемните листи на престижните универзитети, пренесува агенцијата АП.

Во скандалот се вмешани универзитети како Јеил, Џорџтаун и Стенфорд, пренесува „Гардијан“.

Обвиненија се поднесени против 33 родители, вклучувајќи ги актерките Фелисити Хофман, најдобро позната по нејзината улога како Линет Скаво во серијата „Очајни домаќинки“ и Лори Лаглин од серијата „Полна куќа“, како и против уште 13 тренери и асистенти на Вилијам Рик Сингер, сопственик на компанијата Edge College & Career Network.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Пожарот на Скопска Црна Гора се шири

Пожарот на Скопска Црна Гора, на местото наречено Влајингроб, што избувна пред неколку часа, се шири. На терен интервенираат противпожарни...

Свет12 часа

Уапсен осомничениот за нападот во трамвајот во Утрехт

Холандските власти го уапсиле осомничениот за нападот во Утрехт, во кој беа убиени три лица. Станува збор за триесет и...

Топ15 часа

Собранието ќе потроши речиси половина милион евра на авиобилети и хотели

Засилена меѓународна соработка, средби, конференции, семинари, специјални гостувања поврзани со ЕУ и НАТО-интеграцијата, како и редовни активности на пратениците, спаѓаат...

Македонија15 часа

Кај „Чинарот“ во Охрид се ѕида со одобрение за поставување урбана опрема

Општина Охрид ги одобрила градежните активности на плоштадот Чинар во Охрид, каде што минатата недела охриѓани алармираа за нова дивоградба....

Македонија15 часа

(Видео) Премиерот со премногу овластувања во новата агенција за разузнавање, реагираат експертите

Една од главните забелешки на експертската јавноста на јавната расправа за формирањето на новата агенција за разузнавање која ќе ја...

Свет16 часа

НАТО бара Русија да го врати Крим, Путин таму денеска отвори две нови електрани

Северноатланската алијанса по повод, како што велат од таму, петгодишнината од анексијата на Крим од страна на Русија, во соопштение...

Свет18 часа

Напаѓачот од Нов Зеланд сам ќе се брани пред судот

Терористот кој во петокот во новозеландскиот град Крајстчрч нападна две џамии и уби 50 луѓе, а рани над 40, планира...

Владо Бучковски Владо Бучковски
Македонија19 часа

Бучковски ми кажа дека „Маѓар телеком“ е политички монтиран случај, рече сведокот

Професорот од Правниот факултет Дејан Мицковиќ во сведочењето за случајот „Маѓар телеком“ на прашање на обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова,...

Македонија20 часа

Мицковиќ: На Зврлевски му пријавив дека добивам закани да сведочам за „Маѓар телеком”

Дејан Мицковиќ, професорот од Правниот факултет во Скопје, сведочеше на денешното рочиште за случајот „Маѓар телеком”, како поранешен претседател на...

Топ20 часа

Двајца мотоциклисти загинаа во сообраќајни несреќи

Дваесет и едногодишен гостиварец вчера загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат меѓу Гостивар и село Вруток, додека возел мотоцикл...

Свет21 час

Австралиската полиција ги претресе куќите на сестрата и мајката на Брентон Тарант

Австралиската полиција извршила претрес во две куќи на подрачјето на Нов Јужен Велс во потрагата по материјал што би можел...

Регион22 часа

Вучиќ: Мора да има разграничување меѓу Србите и Албанците

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека мора да има разграничување меѓу Србите и Албанците на Косово бидејќи, како што...

Свет22 часа

Владата на Нов Зеланд поддржа построги закони за оружје

Премиерот на Нов Зеланд, Јакинда Ардерн, изјави дека владиниот кабинет ги поддржал измените на законот за оружје, по терористичкиот напад...

Регион1 ден

Грчката полиција: Брентон Тарант престојувал на Крит и Санторини

Грчката полиција соопшти дека осомничениот за нападите во двете џамии во Нов Зеланд, Брентон Харисон Тарант престојувал на грчките острови...

Избори 20191 ден

Силјановска: Да ја спречиме еколошката катастрофа во Охрид и Струга

„Македонијо, време е да ја спречиме оваа еколошка катастрофа што се случува во Охрид и Струга“, порача кандидатката за претседател, Гордана...

Свет2 дена

Масовен погреб за жртвите од авионската несреќа, во земјата спуштени празни ковчези

Илјадници граѓани и членови на семејствата се собраа на заедничкиот погреб за жртвите на настраданите во недамнешната авионска несреќа во...

Избори 20192 дена

Пендаровски: Мојот концепт е за напред, а на Силјановска е за назад

Заедничкиот кандидат за претседател на нашата држава Стево Пендаровски по посетата на Охрид, попладнево се сретна и со граѓаните во...

Крвав четврток2 дена

Првпат во Македонија притворот се гарантира со гаранција, реагираат адвокатите на обвинетите за 27 април

Адвокатите на обвинетите за настаните од 27 април реагираат на определувањето притвор за нивните клиенти, бидејќи, како што пишуваат, судот...

Македонија2 дена

(Видео) Арсовски: Шилегов ќе ги труе скопјани со опасен отров од странство

Петре Шилегов нема намера да се откаже од труењето на скопјани, истакна денеска на прес-конференција Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој...

Регион2 дена

Вучиќ за упадот во РТС: Нема да дозволиме насилство, наидоа на тврд орев

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска напладне се обрати пред српската јавност во однос на вчерашните случувања, кога дел од демонстрантите...

Досие