Hitech
„Леново“ го најави првиот компјутер на превиткување
Компанијата „Леново“ го претстави првиот компјутер со екран на превиткување на форумот „Accelerate 2019“, објави порталот „Venturebeat“.
Компјутерите на преклопување, познати како лаптопи, постојат одамна, но овде станува збор за екран на превиткување сличен како кај мобилните телефони „Самсунг галакси фолд“ и „Хуавеј мејт х“.
Од производителот порачуваат дека во овој случај не станува збор за замена за паметен телефон, туку сметаат дека нивната иновација во иднина ќе ги замени лаптопите.
„На овој производ гледаме како на замена за стандардните лаптоп-модели и веруваме дека истиот ќе отвори нови можности“, рече маркетинг-директорот на „Леново“, Том Батлер.
Се наведува дека производот засега нема име, ниту, пак, за него е одредена конкретна цена.
Кинеската мултинационална компанија во изминатите три години работи на развој на прототип на компјутер под називот „Тинк пад“, кој изгледа како телефон на преклопување, но со многу поголеми димензии.
„Леново“ планира овој уред официјално да го претстави во 2020 година, како дел од својот бренд „Тинк пад X1“.
Целта е врвен производ кој ќе биде компјутер самиот за себе, а не додаток како што се таблет-уредите. Моделот ќе има способност да се преклопи до големина на стандардна книга.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
Глобални проблеми со Икс: корисниците ширум светот пријавуваат проблеми
Социјалната мрежа X, порано позната како Твитер, денес претрпе голем прекин, при што корисниците ширум светот пријавуваат проблеми со пристапот до платформата, најавувањето и вчитувањето објави.
Проблеми пријавени низ целиот свет
Податоците од Downdetector, интернет услуга што ја следи достапноста на интернет услугите, покажаа нагло зголемување на поплаките.
Корисниците пријавија дека веб-страницата и мобилната апликација повремено се недостапни, а пријавите доаѓаат од Соединетите Американски Држави, Европа и делови од Азија.
Hitech
„Нетфликс“ се повлече од купувањето на „Варнер брос Дискавери“
По неколкумесечни преговори, Нетфликс се повлече од понудата за купување на Варнер брос Дискавери, отворајќи му пат на Парамаунт и Скајденс во договор вреден околу 111 милијарди долари, објави Би-Би-Си.
Варнер брос Дискавери, кој е на продажба од минатата година, соопшти дека најновата понуда на Парамаунт е супериорна во однос на онаа на Нетфликс. Раководството на Нетфликс одби да ја зголеми понудата, наведувајќи дека трансакцијата повеќе не е финансиски привлечна по таа цена.
Во декември, Варнер брос Дискавери прифати делумна понуда од Нетфликс во вредност од околу 72 милијарди евра, која вклучуваше купување на филмското и ТВ студио и платформата Ејч-Би-О Макс.
Сепак, Парамаунт поднесе повисока конкурентска понуда, со што се наметна како фаворит. Калифорнискиот државен обвинител Роб Бонта изјави дека договорот сè уште не е конечен и дека регулаторите ќе спроведат темелна истрага.
Доколку биде одобрен, Парамаунт ќе го преземе Ејч-Би-О Макс, како и телевизиските мрежи во сопственост на Варнер брос Дискавери, вклучително и Си-Ен-Ен, што може значително да го промени стриминг и медиумскиот пазар во Холивуд.
Фото: Depositphotos
Hitech
„Епл“ дел од производството го сели од Кина во САД
Американскиот технолошки гигант „Епл“ соопшти дека дел од производството на компјутерот „Мек мини“ ќе го пресели од Азија во Хјустон, САД, а производните линии треба да почнат со работа до крајот на годинава.
Овој потег се надоврзува на најавата од август за инвестиции од 600 милијарди долари во САД во наредните четири години. Во Хјустон е предвиден и центар за обука за напредно производство, а проширувањето, според компанијата, ќе отвори илјадници нови работни места.
Во мај, американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на „Епл“ со царина од 25 отсто за производи произведени во странство. Ситуацијата дополнително се искомплицира откако Врховниот суд на САД пресуди дека претседателот ги пречекорил овластувањата со измената на царините. Трамп потоа најави привремени царини од 10 отсто, со важност до 180 дена.
Извршниот директор на „Епл“, Тим Кук, изјави дека компанијата е „цврсто одлучна да ја поддржи иднината на американската индустрија“.
И покрај тоа, најголемиот дел од производството на „Епл“, вклучувајќи ги „ајфон“ и „ајпад“, и натаму се одвива во Азија, претежно во Кина, иако дел е префрлен во Виетнам, Тајланд и Индија.
