Забава
Леонардо ди Каприо ужива со својата девојка на јахта, таа покажа вита линија во костим за капење
Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо и неговата девојка, италијанската манекенка Виторија Серети се релаксираат на јахта на Сардинија и се фотографирани како уживаат во сончање и пливање.
Виторија ја покажа својата витка линија во кафеав костим за капење. Тие се придружувани од најдобриот пријател на Леонардо ди Каприо, актерот Тоби Мегваер и моделот Бабет Стријбос.
Неодамна странските медиуми шпекулираа дека славниот актер се жени бидејќи Виторија била фотографирана со голем дијамантски прстен.
Leonardo DiCaprio's, 49, model girlfriend Vittoria Ceretti, 26, flashes heart-shaped diamond ring on THAT finger during couple's Italian getaway https://t.co/M7vVp1Nvza pic.twitter.com/9VXt7hsnBI
— Josiah Williams (@Josiah_FL) July 31, 2024
Ди Каприо и Виторија се во врска од минатото лето и ова не е прв пат да се шпекулира за свршувачка, но гласините тогаш беа демантирани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Принцот Хари го слави роденденот: „Бев загрижен за 30, но возбуден сум за 40“
Принцот Хари изјави дека е возбуден што наполни 40 години, но неговата позитивност е во спротивност со негативното мислење кое за него преовладува во домот и заладените семејни врски. Помладиот син на кралот Чарлс Трети, кој сега живее во Калифорнија со сопругата, американската телевизиска актерка Меган Маркл и нивните две деца, денеска го слави својот 40-ти роденден.
Војводата и војвотката од Сасекс, петгодишниот принц Арчи и тригодишната принцеза Лилибет живеат во славната енклава Монтесито, во близина на Санта Барбара, на западниот брег на САД.
„Бев загрижен кога полнев 30 години, возбуден сум за 40“, изјави тој неодамна за Би-Би-Си, додавајќи дека тоа што станал татко му дал „свежа перспектива на животот“.
„Да се биде татко е една од најголемите радости во животот и само ме мотивираше да го направам овој свет подобро место“, додаде тој.
Сепак, Хари е сè уште изолиран од кралското семејство и се чини дека има мали шанси да се врати кај нив.
Односот на Хари со неговото семејство стана позатегнат откако тој и неговата сопруга го напуштија кралскиот живот и се преселија во Северна Америка на почетокот на 2020 година.
Се’ започна со едно експлозивно американско телевизиско интервју во кое парот тврдеше дека постарите членови на кралското семејство направиле расистички претпоставки за бојата на кожата на нивниот нероден син, а потоа следеше целосен раздор со објавувањето на биографијата на Хари насловена „Резерва“.
Книгата се сметаше за напад на вековната институција на кралското семејство, која сè уште игра централна улога во британскиот живот. Вклучува долги пасуси за заладените односи на Хари со неговиот брат, престолонаследникот Вилијам (42), кого исто така го опишува како негов непријател.
Експертите изјавија за АФП дека не гледаат никакво помирување на хоризонтот.
„Веројатно до сега ќе беше решено доколку беше можен некаков договор“, рече Марк Гарнет од Универзитетот Ланкастер во северозападна Англија.
Во февруари Хари го посети својот татко, кој претходно објави дека боледува од рак, а подоцна за американската ТВ мрежа „Еј-би-си“ изјави дека е сигурен оти дијагнозата може повторно да го спои семејството. Меѓутоа, за време на втората посета на принцот во Лондон во мај, таткото и синот присуствуваа на одделни настани во близина, но не се сретнаа.
Хари, наводно, ја одбил поканата да остане во Бакингемската палата за време на посетата и наместо тоа останал во хотел во Лондон.
Односите меѓу Вилијам и Хари, чија некогаш блиска врска беше создадена со смртта на нивната мајка принцезата Дијана во 1997 година, остануваат јавно замрзнати.
Тие беа видени заедно на погребот на покојната кралица во септември 2022 година, но очигледно се држеа на дистанца еден од друг. Така беше и на крунисувањето на татко им во мај минатата година. Двајцата браќа наводно не ни зборуваат.
Додека Хари и Меган имаат повеќе поддржувачи во Соединетите Држави, британската јавност исто така јасно зазеде страна во семејната расправија.
Хари и Меган паѓаат на дното на анкетите за кралската популарност, заедно со неговиот вујко принцот Ендру, чии врски со починатиот американски сексуален престапник Џефри Епштајн го направија непопуларна личност.
За разлика од нив, Вилијам и неговата сопруга Кетрин, која се опоравува од рак, се исклучително популарни.
Забава
Mладата Французинка го привлече вниманието во „Емили во Париз“ – која е Талија Бесон
Оваа недела беше објавен вториот дел од четвртата сезона на популарната серија на „Нетфликс“, Емили во Париз.
Во новите епизоди се појавуваат нови актери кои досега не глумеле во серијата, а меѓу нив е и нов вработен во агенцијата Grateau.
Станува збор за ќерката која сопругот на Силви ја имал од претходната врска. Ја отелотвори 23-годишната Талија Бесон.
Таа го напушта Њујорк и се сели во Париз, каде Силви и нуди работа во нејзината агенција. Со оглед на тоа дека глуми Американка, брзо се спријателува со Емили Купер (Лили Колинс).
Која е Талија Бесон?
Таткото на 23-годишната Талија Бесон е францускиот режисер, сценарист и продуцент Лук Бесон. Некои од познатите филмови што ги има направено се Петтиот елемент, Леон и Луси. Тој беше во брак со Мила Јовович од 1997 до 1999 година, по што се ожени со Вирџини Сила, со која ја доби Талија.
View this post on Instagram
Талија имаше мала улога во филмот на нејзиниот татко „Валеријан и градот на илјада планети“ од 2017 година.
Нејзиниот следен филм ќе биде Тритон. Тритон е хорор филм за група жени кои летуваат во Грција кои се вкрстуваат со тројца мажи чии намери можеби не се чисти. Џенел Ширтклиф го режираше филмот, но се уште не е познато кога ќе биде прикажан.
Не и е непозната ниту директорската фотелја. Таа има два завршени филма под нејзиниот појас, од кои едниот заврши со продукцијата во јули 2024 година, по што Талија напиша на Инстаграм: „Ова е крај на режијата на мојот втор филм. Благодарам на мојот неверојатен тим – најдобрите пријатели што веруваа во апсурдноста на овој проект“.
Таа неодамна дипломираше на Парсонс Париз, престижен универзитет за уметност и дизајн лоциран во Париз. Има диплома за бизнис администрација за стратешки дизајн и менаџмент. И покрај фактот што универзитетот се наоѓа во Париз, предавањата се на англиски јазик.
Забава
По семејната трагедија, Мараја Кери отпатува во Кина, објави фотографија од своите деца
Пејачката Мараја Кери ги загуби мајка си и сестра си на ист ден минатиот месец. Пејачката потврди дека во ист ден починале нејзината мајка Патриша (87) и сестрата Алисон (63).
По семејната трагедија што ја снајде, Мараја се враќа на работа. Таа отпатува во Кина, каде што ја очекуваат настапи. Пејачката со себе ги донесе своите деца, 13-годишните близнаци Монро и Марокан.
Тие го посетија Кинескиот ѕид. Во исто време, таа се пошегува на сметка на нејзините несоодветни обувки бидејќи на патувањето носела високи потпетици.
View this post on Instagram
„Кај Кинескиот ѕид! Некој требаше да ме предупреди за високите потпетици“, рекла Мараја.
Пејачката имаше близнаци со својот поранешен партнер, актерот и комичар Ник Кенон, а последен пат во јавност со нив се појави минатата година на доделувањето на Билборд наградите.
Претходно таа објави дека изминативе неколку недели и биле тешки.
„Назад на работа. Последните неколку недели беа тешки, но ја ценам љубовта и поддршката од сите. Едвај чекам да ги видам моите обожаватели во Кина и Бразил“, напиша таа покрај видеото од пробата.
View this post on Instagram
Мараја претходно проговори по смртта на нејзината мајка и сестра.
„Срцето ми е скршено затоа што минатиот викенд ја изгубив мајка ми. За жал, во трагичен пресврт на настаните, мојата сестра го загуби животот истиот ден“, изјави Кери за магазинот „Пипл“.
„Ја ценам поддршката на сите, љубовта и почитувањето на приватноста во овој тежок период“, додаде таа.