Контакт

Забава

Лејди Гага блеска на премиерата на „Куќата Гучи“ во Лoс Анџелес

Објавено пред

Лејди Гага отсекогаш била суперѕвезда и ретко кој има беспрекорен стил на црвениот тепих како таа, коментираат светските шоу-биз медиуми.

Гага неодамна се појави на премиерата во Лос Анџелес за нејзиниот нов и многу очекуван филм, House of Gucci, облечена во креација од соништата на „Валентино“ – блескав плисиран златен фустан до подот, без ракави.

Поп дивата и актерка својот изглед го дополни со заслепувачки дијамантски накит, чокер и обетки. Нејзината шминка беше адекватно драматична – смели зачадени очи, густ и темен ајлајнер и впечатливи веѓи.

„Куќата Гучи“, во кој Гага глуми заедно со Адам Драјвер, е потресна сторија за убиството на италијанскиот моден магнат и прв човек на брендот „Гучи“, нарачано од неговата поранешна сопруга, која потоа го доби прекарот црната вдовица.

Филмот ќе почне да се прикажува во кината на 26 ноември.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Хали Бери изгледа сензационално како Клеопатра

Објавено пред

Хали Бери се огласи на „Инстаграм“ во саботата за да сподели неколку фотографии и снимка зад сцената од нејзината трансформација во кралицата Клеопатра.

Актерката (55) ги почести своите 7,2 милиони следачи со интимен поглед на подготовките за новиот проект.

Таа на себе има металик златен фустан и златен накит на главата додека се трансформира во египетската кралица за најновата реклама на американската веб-страница за обложување Сaesars Sportsbook.

Во кус фрагмент од рекламата се гледа и нејзиниот партнер во промото, комичарот Џејби Смув.

Прикажи повеќе...

Забава

Џони Мичел доби награда на Центарот „Кенеди“

Објавено пред

Легендарната канадска музичарка Џони Мичел се појави во јавност во неделата за да ја прими една од најпрестижните награди во американската уметност.

Претседателот Џо Бајден и првата дама Џил Бајден исто така присуствуваа на доделувањето почести во престижниот Центар „Кенеди“ во Вашингтон. Претходниот претседател Доналд Трамп ја прескокнуваше престижната уметничка церемонија по критките на одликувани уметници.

Во текот на настанот неколку пејачи, вклучувајќи ги Нора Џонс и Британи Хауард, изведоа некои од класиците на Мичел.

Признанија добија и актерката Бет Мидлер и основачот на „Мотаун“ (Motown), Бери Горди.

Стиви Вондер ја предводеше четиричасовната гала на славни ѕвезди во Вашингтон.

Секоја година Центарот „Кенеди“ им оддава почит на кариерите и достигнувањата на уметниците што помогнале да се обликува културниот живот во САД.

Прикажи повеќе...

Забава

Алек Болдвин: Kоментарите на Џорџ Клуни воопшто не помогнаа

Објавено пред

Алек Болдвин вели дека изјавите на некои актери во врска со безбедносните протоколи на филмски сетови не помогнале во последиците од фаталното пукање што се случи за време на снимањето на Rust во Ново Мексико.

Во првото интервју по кобниот инцидентот, Алек Болдвин (63) му кажа на Џорџ Стефанопулос од „Еј-би-си њуз“ дека не ги цени коментарите од некои актери по трагедијата.

„Како реагирате на актерите како Џорџ Клуни, кои велат дека секојпат кога им даваат пиштол, тие самите го проверуваат?“, го праша водителот.

„Имаше многу луѓе што сметаа дека е потребно да дадат некој коментар за ситуацијата, што навистина не помогна“, одговори Болдвин. „Воопшто“.

Клуни претходно зборуваше против фаталното застрелување на снимателката Халина Хачинс од страна на Алек Болдвин на сетот на вестернот, што беше оценето како несреќа бидејќи на Болдвин му бил даден наполнет пиштол.

„Зошто за овој нискобуџетски филм, со продуценти што не продуцирале ништо, не бил ангажирал оружар со искуство. Секогаш кога користам пиштол, го гледам, го отворам, му го покажувам на лицето кон кое го вперувам, му го покажувам на тимот и му го враќам назад на оружарот кога ќе завршиме, и ова го правиме повторно“, рече Клуни.

Болдвин му возврати на Клуни: „Добро за тебе“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Објавен документ на американските служби: Русите ќе ја нападнат Украина со 175.000 војници?

Не стивнуваат тензиите меѓу Москва, Киев и Вашингтон поради шпекулациите дека рускиот претседател Владимир Путин подготвува инвазија на Украина. Сега...

Македонија2 часа

Нови 101 случај на коронавирус, починаа 13 лица

Во последните 24 часа направени се 1.299 тестирања, а регистрирани се 101 нови случај на Ковид-19: Скопје – 59, Кавадарци...

Македонија4 часа

Димитар Ковачевски почна со презентација на програмата пред членовите на СДСМ

Актуелниот кандидат за претседател на Социјалдемократскиот сојуз, Димитар Ковачевски, пред членството на партијата во Општина Карпош ја презентира својата изборна...

Македонија5 часа

Ескобар: Работиме со европските партнери за брза интеграција на Северна Македонија во ЕУ

Со нашите европски партнери работиме за да обезбедиме брза европска интеграција на Северна Македонија, изјави американскиот заменик-помошник на државниот секретар...

Регион5 часа

Радев на консултации пред врачувањето на мандатот, Петков вели: „Неопходно е да се формира влада“

Времето на едноличната премиерска власт заврши, истакна бугарскиот претседател Румен Радев пред претставниците на „Промената продолжува“, а за време на...

Економија5 часа

Бесими го достави дополнетиот предлог-буџет за следната година

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, денеска го достави дополнетиот предлог-буџет за 2022 година до претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој...

Европа5 часа

Следната пандемија би била посмртоносна од Ковид-19, предупредува креаторката на „Астра зенека“

Идните пандемии би можеле да бидат посмртоносни од сегашната криза предизвикана од Ковид-19, предупреди Сара Гилберт, професорка на Универзитетот „Оксфорд“...

Свет6 часа

(Видео) Најмалку 15 загинати и голем број исчезнати по силната ерупција на вулканот Семеру

Индонезискиот вулкан Семеру и денеска продолжи да исфрла големи количества пепел, неколку дена по силната ерупција, во која загинаа 15...

Европа7 часа

Откриен извештај – Германија воведува задолжителна вакцинација во неколку ресори

Новата германска влада има намера од средината на март да воведе задолжителна вакцинација за вработените во одредени ресори, пренесуваат светските...

Европа8 часа

Невакцинираните во Италија нема да може да користат јавен превоз без ковид-потврда

Во Италија од денеска стапија во сила построги мерки против коронавирусот, со кои невакцинираните лица ќе бидат исклучени од многу...

Свет19 часа

Папата на Лезбос со мигрантите – стотици бели ливчиња, апел за помош

Папата Франциско на вториот ден од посетата на Грција го посети бегалскиот камп на островот Лезбос. Тој ја обвини Европа...

Свет20 часа

Путин предупреди: Полјаците ги полеваат мигрантите со хербициди на граница

Рускиот претседател Владимир Путин ја повика директорката на Федерацијата на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Франческа Рока, да внимава на...

Свет21 час

Фаучи: Засега, не треба да бидеме премногу загрижени за омикрон

“Првите „малку охрабрувачки знаци“ доаѓаат од Јужна Африка кога станува збор за сериозноста на инфекциите со омикрон” , изјавил советникот...

Европа23 часа

(Видео) Со водени топови и солзавец растерани демонстрантите во Брисел

Белгиската полиција денеска употреби водени топови и солзавец за да ја растера групата демонстранти во Брисел. Учесниците на маршот протестираа...

Македонија1 ден

Заев прифати меѓународна истрага за случаите „Монструм“, „Диво Насеље“ и Алмир Алиу

Постигната е согласност Владата да испрати официјално барање до Европската Комисија со кое ќе побара тим од независни експерти кои...

Македонија1 ден

(Видео) Алтернатива доби две министерства и министер без ресор, Гаши и Заев најавија стабилно мнозинство

Алтернатива доби три министерства во Владата на заедничка прес-конференција соопштија претседателот во заминување на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на...

Македонија1 ден

Десет починати и 276 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.720 тестирања,...

Регион1 ден

(Видео) Поројни врнежи од дожд во Хрватска, поплавени улици и патишта

Пороен дожд утрово врне на Јадранот локално и со пороен дожд и грмежи. Во текот на денот се очекуваат обилни...

Топ1 ден

Петмина повредени во судир на автомобил и трактор на патот Битола-Ресен

Пет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера на магистралниот пат Битола-Ресен, кај „Сопотски ливади“. Несреќата...

Свет1 ден

Научниците со нови сознанија: Омикронот можеби презел дел од генот на вирусот на настинката

Новиот сој на коронавирус, омикрон, можеби стекнал барем една од неговите мутации со собирање фрагмент од генетски материјал од друг...

Досие