Контакт

Забава

Лејди Гага прогласена за модна икона

Објавено пред

Лејди Гага ја предводи листата на најдобро облечени славни личности на списанието „Пипл“, во која беа вклучени и sвездата на „Еуфорија“, Зендаја и оскаровката Виола Дејвис.

Престижниот магазин секоја година прави листа на најдобро облечени дами, а оваа година титулата икона на стилот ѝ беше доделена на поп-ѕвездата и актерка.

Во средата во специјалното издание на „Пипл“ за најдобро облечени на годината (Best Dressed of the Year Issue) Гага ја понесе титулата икона и покрај тоа што никогаш не стапнала на црвен тепих.

Списанието го пофали нејзиниот уличен изглед на висока мода, кој се движи од „скулптурален сирсакер до црн фустан со корсет од тантела“.

Зендаја, Дејвис, Лесли Одом Јуниор, Ања Тејлор-џој, Минди Калинг, Синтија Ериво, Ден Леви, Реџина Хол и музичарот Х.Е.Р. исто така се најдоа на топ-10 листата оваа година.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Ремек-дела на Пикасо продадени за речиси 110 милиони долари на аукција во Лас Вегас

Објавено пред

Единаесет уметнички дела на Пабло Пикасо кои беа изложени во хотел во Лас Вегас повеќе од две децении се продадени на аукција за речиси 110 милиони долари.

Делата, кои беа во сопственост на MGM Resorts, беа прикажани во ресторанот „Пикасо“ во хотелот „Белаџо“.

Компанијата изјави дека аукцијата во саботата ќе ѝ помогне да ја подобри разновидноста на нејзината колекција на ликовна уметност.

На аукцијата беа прикажани девет слики и две керамички дела на славниот шпански уметник, кој почина во 1973 година.

Колекцијата опфаќа повеќе од 50 години уметничка работа.

Сликата „Жена со црвено-портокалова беретка“ од 1938 година, на која е прикажана љубовницата и муза на Пикасо, Мари-Терез Волтер, достигна највисока цена на вечерта, 40,5 милиони долари.

Прикажи повеќе...

Забава

Почина Џејмс Мајкл Тајлер, актерот од серијата „Пријатели“

Објавено пред

Актерот Џејмс Мајкл Тајлер ја загуби битката со ракот на 59-годишна возраст.

Актерот кој го глумеше Гинтер во хит серијата „Пријатели“, починал дома во Лос Анџелес во неделата наутро, се наведува во изјавата на неговиот менаџер.

Ракот на простата му бил дијагностициран во 2018 година.

Неговиот менаџер рече: „Ако сте го сретнале еднаш, сте стекнале пријател за цел живот.“

„Светот го знаеше како Гинтер – седмиот ‘пријател’ од ситкомот Friends, но најблиските на Мајкл го познаваа како актер, музичар, борец против ракот и сакан сопруг“, соопшти семејството на Тејлер.

Прикажи повеќе...

Забава

Филмскиот свет ја оплакува Халина и бара одговори

Објавено пред

Зад гламурот, снимањето на холивудските филмови е всушност многу опасно, со авионски несреќи, експлозии, паѓање на конструкции и бркање со голема брзина, што резултира во скратени животи на каскадери двојници, актери и други луѓе вклучени во продукцијата.

Ова беше ставено во остар фокус повторно во четвртокот со смртта на камерманката Халина Хачинс, која случајно настрада во текот на снимање нискобуџетен вестерн во Ново Мексико.

Пиштолот-реквизит на снимањето на несреќната сцена на филмот на Алек Болдвин имал вистински кушуми, соопшти полицијата.

На Болдвин, наводно, му бил даден безбеден т.н. „ладен пиштол“, односно она што требало да биде реквизит со ќор-фишеци, за снимање сцена од неговиот филм Rust, но пиштолот содржел вистинска муниција кога бил испукан, според деталите од полициската истрага за фаталното пукање.

Истрелот ја погодил камерманката Халина во градите и режисерот Џоел Соуза кој бил зад неа, во рамото, според изјавата на окружниот шериф поднесена во судот во Санта Фе во петокот.

Асистент на режија, кој му го дал револверот на Болдвин, не знаел дека оружјето содржи вистински куршуми, се наведува во изјавата на детективот на полицијата на Санта Фе, Џоел Кано.

Болдвин во петокот рече дека е во шок поради трагедијата, по која неколку членови на тимот најавија дека го напуштаат Rust поради небезбедни услови.

Продукцијата на филмот веднаш беше прекината.

Околностите за тоа како оружје-реквизит испука смртоносен проектил остануваат нејасни.

Халина Хачинс ќе остана запаметена како неверојатен уметник, објавија американски медиуми, потсетувајќи дека списанието American Cinematographer ја прогласи за една од своите ѕвезди во подем во 2019 година. Таа претходно работеше на независниот суперхеројски филм Archenemy.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет20 минути

Ранетиот режисер открива детали за трагедијата на снимањето

Алек Болдвин вежбал да вади револвер од футролата, по што го вперил во камерата за време на пробата на снимањето...

Свет1 час

Колумбискиот нарко-бос не користел телефон и соработувал со криминалци од Балканот

Колумбискиот главен нарко бос Даиро Антонио Усуга, познат по прекарот Отониел, кој беше уапсен вчера, е поврзан со балкански трговци...

Свет2 часа

Тедрос: Пандемијата нема да заврши додека не заврши во целиот свет

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аденон Гебрејесус изјави дека пандемијата на Ковид е далеку од завршена. „Ги имаме...

Регион12 часа

Словенечкиот премиер и министерот за одбрана добија писма со смртна закана

Словенечкиот премиер Јанез Јанша добил пратка со закана за смрт за нему и неговото семејство, а слична закана добил и...

Регион15 часа

Ердоган протерува десет амбасадори

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се закани дека ќе протера десет западни амбасадори, меѓу кои седум членки на НАТО. Во...

Македонија16 часа

16 починати и 227 новозаболени од Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.595 тестирањe,...

Топ17 часа

Тела на починати мигранти пронајдени во гевгелиско

Тела на две починати лица, најверојатно мигранти, вчера биле пронајдени на местото викано „Јаворица“, атар на с.Миравци, гевгелиско. По овластување...

Регион19 часа

Српски виролог: Ковид – пропусниците треба да важат 24 часа, а не само по 22 часот

Ковид – пропусниците во Србија се воведени доцна и неправилно бидејќи треба да важат 24 часа, а не само од...

Регион21 час

Брнабиќ откри дека било планирано убиство на Вучиќ

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека било планирано убиство на претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Според неа, атентатот бил...

Свет22 часа

Во Кина вакцинирани 75 отсто од населението

Кина досега целосно вакцинираше 75,6 отсто од своето население против коронавирусот, изјави портпаролот на Националната здравствена комисија Ми Фенг. „Околу...

Топ22 часа

Автомобил излета од патот кај Ласкарци, едно лице загина, тројца тешко повредени

Едно лице загина, а три се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила на автопатот Тетово – Скопје. Според...

Македонија2 дена

Во Македонија 482 нови случаи на коронавирус, 12 починати

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 482 нови случаи на коронавирус, а 12 лица починаа, информира Министерството за...

Македонија2 дена

Мицкоски за Бугарија: Ние нема да им ветуваме сѐ и сешто

Ние нема како Заев да ги вовлекуваме во некои непринципиелни односи ветувајќи им се и сешто, од нас може да...

Македонија2 дена

(Видео) Заев најави дека во вториот круг СДСМ ќе ги поддржи кандидатите на своите коалициски партнери

Премиерот Зоран Заев кажа дека во вториот круг од локалните избори СДСМ ќе ги поддржи кандидатите на своите коалициски партнери....

Свет2 дена

Русија се соочува со рекорден број починати и заболени со коронавирус – Путин донесе построги мерки

Во Русија, петти ден по ред, е поставен нов рекорд, 1.075 починати од Ковид-19 и 37.678 нови инфекции во изминатите...

Македонија2 дена

Две дози вакцина примиле 46 отсто од полнолетните граѓани, а 4.720 примиле трета доза

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 6.830 дози вакцини, од кои 638 се аплицирани како прва доза, 1.472...

Свет2 дена

Австрија ги заострува мерките – воведува „локдаун“ за невакцинираните

Во Австрија од 1 ноември вработените ќе можат да доаѓаат на работа само доколку се вакцинирани, ако прележале коронавирус или...

Регион2 дена

Хрватските граѓани од денеска во САД можат да патуваат без визи

Од денеска на хрватските граѓани им е овозможено да патуваат во САД без виза, објави Американската амбасада во Загреб. Оваа...

Свет2 дена

Нови детали: На снимањето на филмот имало и други проблеми и инциденти

Пиштолот од кој актерот Алек Болдвин пукаше на снимањето на филм и ја уби директорката на фотографија, му го дал...

Македонија3 дена

Ангел Димитров: Сè потешко ми е да информирам за работата на заедничката комисија за историски прашања

Сè потешко ми е да ве информирам за работата на нашата комисија. Не сме во позиција бидејќи не се постигнати...

Досие