Контакт

Забава

Лејди Гага продолжува со промоција на сопствената козметика

Објавено пред

Кога не пишува, не снима или не изведува некои од своите хитови на светската сцена, Лејди Гага работи напорно на сопствениот бренд веганска козметика Haus Laboratories (Хаус лаборатории).

Во вторникот, поп-ѕвездата и претприемач се огласи на нејзината страница на Инстаграм и сподели неколку фотографии на кои се гледа канцеларијата на нејзината компанија.

„Доцна ноќе во лаб … # стартување“, напиша таа во објавата. На фотографијата, 34-годишната Гага седи на крајот од долга маса во канцеларијата.

„Хаус лаборатории“ е нејзин бренд на веганска козметика што го промовираше во септември 2019 година.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Стинг подготвува нов албум, компилација од дуети

Објавено пред

Легендарниот Стинг ќе состави низа соработки со текот на годините во новиот албум „Дуети“, кој треба да излезе на 27 ноември.

Сетот од 17 песни содржи претходно објавени нумери, како It’s Probably Me со Ерик Клептон, Desert Rose со Чеб Мами, Don’t Make Me Wait со Шеги, Whenever I Say Your Name со Мери Bеј Ближ, Fragile со Хулио Иглесијас и My Funny Valentine со Херби Хенкок.

Компилацијата ќе содржи и понови нумери, како Little Something со Мелоди Гардот и September, која Стинг ја сними со славниот италијански пејач Зукеро.

Прикажи повеќе...

Забава

Кралицата тажна бидејќи јавноста одбива да го реставрира Виндзор

Објавено пред

Британската кралица се бори со жестоки реакции откако владата одби да ја финансира реставрацијата на замокот Виндзор.

Кралицата се соочува со критики бидејќи владата не само што одби да плати за обновата на Виндзор туку и ги предупреди даночните обврзници дека треба да придонесат за трошоците.

Замокот на кралското семејство во Беркшир, кој долго време се сметаше за омилена резиденција на нејзиното височество, претрпе огромна штета по разорниот пожар во 1992 година. Но, кога се распраша за трошоците за реновирање, на кралицата ѝ беше речено дека владата нема да даде пари и таа ќе мора да се потпре на личните грантови што ги добива од даночните обврзници.

Зборувајќи во програмата на „Ченл 5“, „Филип: Кралот без круна“, коментаторката Џени Бонд рече: „Изгледаше како прилично тажна стара дама во тој момент. Но, работите се влошија затоа што владата рече дека ќе плати.

„Со други зборови, даночните обврзници би платиле за поправките во замокот Виндзор. И ова предизвика бес“.

Откриено е дека штетата од пожарот била толку голема што за целосно обновување на замокот потребни се неколку години, а според последните пресметки, целиот зафат ќе чини приближно 36,5 милиони фунти.

Прикажи повеќе...

Забава

Принцот Чарлс ја покажа својата градска страна

Објавено пред

Принцот Чарлс, идниот британски крал, покажа нова страна на екстроверт во текот на посетата на Банката на Англија со сопругата Камила, војвотката од Корнвол, во средата, тврди експерт за говор на телото, цитиран од „Дејли експрес“.

Принцот Чарлс (73) тешко дека е познат по својот сарторијален вкус, но се чини дека идниот монарх покажа нова раскошна страна на својата личност, со прилично смела облека за да ја посети Банката на Англија. Експерт за говор на телото тврди дека пругастиот костум  и „ситибој вратоврската“ ја навестуваат неговата желба да се вклопи со банкарите што ги посети, пренесува весникот.

Чарлс извршува низа важни работаи во име на кралицата и во средата ова вклучуваше посета на Банката на Англија.

Тој го посети националното тело за да добие увид во активностите и програмите на Банката за да помогне во поддршката на економијата на Велика Британија среде пандемијата на Ковид-19.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

Царовска: Нема ширење на Ковид-19 во училиштата

Немаме ширење на Ковид-19 во училиштата, додека не се создадат услови за затворање, остануваме на овој модел, изјави министерката за...

Македонија1 час

СОНК бара да се преиспита наставата со физичко присуство

СОНК бара Министерството за образование и наука да ја преиспита одлуката за настава со физичко присуство, односно да им овозможи...

Македонија2 часа

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Скандал е што наместо оставка, Шилегов го награди Караџовски

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на град Скопје реагира за доделената награда „13 Ноември“ на епидемиологот Жарко Караџовски. Тие велат дека...

Регион3 часа

Во Хрватска 2.772 новозаразени од коронавирус, 20 починати

Во Хрватска се евидентирани 2.772 нови случаја на зараза од коронавирус, така што бројот на активни случаи во Хрватска е...

Македонија4 часа

Мицкоски предлага здравствените работници еднаш месечно бесплатно да се тестираат

Во време на ковид-пандемија, во насока да ги заштитиме тие што се грижат за нашето здравје и спасуваат животи, предлагам...

Актуелно4 часа

Почина актерот Данчо Чевревски

На 69 години синоќа во Скопје почина Данчо Чевревски, македонски театарски и филмски актер и продуцент. Чевревски е роден на...

Европа4 часа

Дарманин: Франција е во војна против исламистите

Францускиот министер за внатрешни работи, Жерар Дарманин, вели дека е можно повеќе напади да се случат на територијата на Франција...

Европа5 часа

ЕУ обезбеди 220 милиони евра за прекуграничен превоз на заболени од корона

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, во четвртокот објави 220 милиони евра помош за прекуграничен транспорт на луѓе...

Европа5 часа

(Видео) Огромен метеж во Париз, луѓето повторно празнеа полици пред новото затворање

Десетици илјади парижани синоќа предизвикаа масовен сообраќаен метеж во обид да ја напуштат француската престолнина пред почетокот на новото затворање...

Свет18 часа

Автомобил удри во група луѓе во Германија – загина дете, а има и тешко повредени

Дванаесетгодишно момче загина, а тројца се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи доцна попладнево во Германија, пренесуваат...

Македонија18 часа

Во Скопје 390 новозаболени и петмина починати, најмладата жртва има 35 години

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани 390 нови случаи на Ковид-19 и петмина починати. Меѓу починатите најмладата жртва...

Македонија19 часа

Нови 862 заразени и 14 починати од Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.699 тестирања, а регистрирани се 862 нови случаи на...

Свет21 час

(Видео) Макрон се обрати на нацијата – нема да се откажеме од нашите вредности

Франција повторно беше цел на терористички напад, порача францускиот претседател, Емануел Макрон, во Ница, каде што утрово беа убиени тројца...

Македонија22 часа

Кривична за Лидија Димова, се товари дека злоупотребила милиони од европски фондови

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривични пријави против директорката на...

Македонија23 часа

(Видео) За Заев е неприфатливо тоа дека македонскиот јазик извира од бугарскиот

Премиерот Зоран Заев изјави дека не се прифатливи некои од сигналите што доаѓаат од Бугарија. „Не е прифатливо“, изречно рече...

Македонија23 часа

Пендаровски: До овој момент не се размислува за полициски час каков што имавме

Претседателот Стево Пендаровски, по денешната седница на Советот на безбедност, изјави дека во овој момент не се размислува за полициски...

Македонија1 ден

Спасовски пренесен на Инфективната клиника во Скопје

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вчеравечер е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Согласно протоколите, тој со...

Економија1 ден

АЕК ќе спроведува физибилити-студија за влијанието на 5Г-мрежата врз здравјето на луѓето

Агенцијата за електронски комуникации набргу ќе распише меѓународен тендер за избор на компанија што ќе изработи физибилити-студија за влијанието на...

Македонија1 ден

Задолжителна самоизолација од закажувањето тестирање на Ковид-19, казните се 50 евра

Со новите законски измени самоизолацијата е задолжителна при тестирање на Ковид-19 од закажување на тестот или самото тестирање, па сè...

Свет1 ден

Во нападот во Ница убиени три лица, една жена е обезглавена

Во нападот што се случи во Ница, за кој се сомнева дека е терористички, убиени се три лица со нож,...

Досие