Контакт

Забава

Лијам Нисон доживеа уште една трагедија во семејството

Објавено пред

Актерот Лијам Нисон (66) доживеа уште една семејна трагедија. Откако неговата сопруга Наташа Ричардсон почина пред десет години од повреди на главата, тоа му се случи и на внук му. Пред пет години Ронан Секстон падна од телефонска говорница и од тој пад никогаш не закрепна. Тој почина на 36-годишна возраст за време на викендот од повреди на главата предизвикани токму од несреќата во 2014 година, пишува Express.co.uk.

Ронан е најмалото од шесте деца на сестрата на Лијам, Бернадет. Во јуни 2014 година тој излегол со пријателите, а во раните утрински часови паднал на главата.

Наташа, сопругата на Нисон, почина на 46-годишна возраст, два дена по трагичниот пад на скијалиштето, што ѝ предизвика повреди на главата. По падот, актерката рекла дека е добро и продолжила да оди кон хотелот, но нејзината состојба набргу се влошила.

Кога почина Наташа, синовите на двојката, Мајкл (23) и Даниел (22), беа причината поради која Лијам не падна во депресија, иако вели дека утехата ја пронашол во работата.

„Тагата доаѓа во бранови, сè уште постојат периоди кога мислам дека нејзината смрт не е реална. Понекогаш слушам отворање на вратата и сè уште мислам дека ќе ја слушнам“, рече Лијам пред две години.

Забава

Мајли и Емили ги почестија фановите со празнични провокативни фотографии

Објавено пред

Пејачката и актерка Мајли Сајрус (26) пред своите следбеници на социјалните мрежи е многу опуштена, а со своите контроверзни реакции и постапки во неколку наврати покажа дека мислењето на околината не ја засега премногу. Така, Велигден одлучи да го прослави во малку поинаков дух, а своите фанови ги почести со секси фотографии и необични честитки на „Инстаграм“.

И додека некои од нејзините следбеници воодушевено коментираа дека изгледа извонредно, перформансот не им се допадна на сите.

„Ова е непримерно. Суштината на Велигден е нешто сосема друго“, е еден од коментарите што не ја поддржуваат Сајрус.

Емили Ратајковски (27) исто така објави прилично провокативни фотографии на својата социјална мрежа. Британскиот супермодел се облече како заводлива зајачица и така позира пред многу гадна маскота на зајак, со лисици на рацете.

„Емили, ти си многу секси, но што се случува со зајакот“?, ја прашал еден од фановите, а моделот со контроверзната фотографија ја разгоре мечтата на многумина во коментарите.

Во секој случај, се чини дека девојките успеаја во својот наум да привлечат малку празнично внимание и на себе.

Прикажи повеќе...

Бизарно

(Видео) Бизарен тренд: Родителите со лего-коцки им објаснуваат на децата за смртта

Објавено пред

Музејот на централните гробишта во Виена користи лего-коцки кои имаат намена да ги едуцираат децата за значењето на погребите, со цел да им се помогне подобро да ја разберат смртта, соопшти минатиот петок шефот за комуникации на музејот, Флоријан Киш.

Киш вели дека кога децата процесираат тага, имаат свои правила за тоа.

„Подобро е децата сфаќањата за смртта да ги оформат низ процес на игра, а колку за појаснување, не е предвидено тие самите да играат со овие лего-сетови, без родителски надзор. Истите се наменети со цел родителите и терапевтите да може полесно да го објаснат концептот на смрт и загуба“, додава тој.

Киш истакна дека овие производи се развиени во соработка со Здружението на виенски терапевти и првично се насочени кон децата, но биле толку барани што веќе се распродадени.

„Постојат многу луѓе за кои овој производ на ‘Лего’ има значење. Имаме нарачки од САД, од Русија, од Германија, а има и психотерапевти кои нарачаа комплети за терапија на деца, но исто така и на возрасни“, вели тој.

Прикажи повеќе...

Забава

Храбро скокна во реката и го спаси девојчето што се давеше

Објавено пред

„Еден мал сосед дојде до нас и почна да вика: ‘Мало девојче падна во водата!’ Веднаш се стрчав кон реката, и кога го видов девојчето, ми помина низ главата дека неколку деца веќе се удавија и скокнав. Таа веќе беше побледена, тонеше, ја зграпчив за косата и ја повлеков“, за „Далматински портал“ изјави Јосип Црљен, 37-годишен херој кој во неделата попладне го спаси девојчето од реката Руд.

Јосип скокна во надојдената река кај Триљ, и тоа каде што има вирови и е многу тешко да се плива.

„Бевме во блискиот ресторан за да го прославиме крштевањето на детето на мојот кум, кога одеднаш Матео почна да вика дека девојче се дави во реката. Брзо се стрчавме кон тоа место и видовме девојче кое беше малку под вода, малку над водата, се давеше. Јас веднаш скокнав во водата за да ја извлечам, но водата беше зелена и јас не можев да ја видам. Мислев дека нема да успеам, ќе ја изгубам. Со бескрајни напори, за среќа, ја фатив за косата и некако успеав да ја повлечам на брегот. Морам да признам дека беше многу тешко. Бог ми даде сила да ја извлечам и да ја спасам, рече Јосип.

Тој вели дека не можел да спие цела ноќ и сега оди на лекар, бидејќи сè го боли, особено грлото, но тој е среќен што го спасил девојчето во последен миг.

„Горд сум и на мојот сосед, малиот Мата Тадиќ, кој го виде сето ова и не повика. Подоцна го видов девојчето, дојде мајка ѝ и фала му на Бога, сè заврши добро“, рече Јосиф.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 час

(Видео) ИВЗ: Судот не одлучува кој ќе биде реис, ако е така нека кажат и кој да биде поглавар на МПЦ

Судот не е тој што одлучува кој ќе биде реис, ако е така нека кажат и кој да биде поглавар...

Свет13 часа

В четврток прва средба меѓу Путин и Ким на рускиот Далечен Исток

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, в четврток ќе се состане со рускиот претседател, Владимир Путин, на рускиот Далечен Исток, објави советникот...

Свет16 часа

(Видео) Камерите снимија терорист кој влегува во црквата непосредно пред масакрот

Медиумите на Шри Ланка објавија снимка од надзорните камери снимена непосредно пред еден од нападите. Како што известува „Гардијан“, се...

Македонија17 часа

Северна Македонија или Македонија? Караџовски и Адеми расправаa како да ја пишува државата на извештајот

Членовите на Судскиот совет го изгласаа годишниот извештај за работата за 2018 година, но претходно претседателот Зоран Караџовски и членот...

Топ18 часа

Мицкоски: Не е до чистката, туку проблемот е до тој што треба да исчисти

По најавите на премиерот Зоран Заев дека власта ја примила пораката од граѓаните и дека ќе следуваат кадровски промени, лидерот...

Топ18 часа

Поднесено обвинение против родителите чии деца загинаа во пожар во Велес

Против мајката и таткото, чии деца во јуни минатата година загинаа во пожар во куќа во Велес, е поднесено обвинение...

Македонија19 часа

(Видео) Таткото на Саздовски: Родителите да кажат каде е третиот осомничен, кој е во бегство

Ни една мајка не треба да го закопа својот син, казната е толкава колку што е предвидено во законот. Не...

Македонија19 часа

(Видео) По 19 години затвор за убијците на Никола Саздовски

Кривичниот суд во Скопје им одреди по 19 години затвор на Бесим Беља и Скендер Демири, кои на 29 јуни...

Свет20 часа

Евакуирана Сиднејската опера поради истекување гас

Стотици луѓе се евакуирани денес од Сиднејската опера и околината поради истекување гас, а раководството на куќата објави дека настапите...

Регион20 часа

Убиецот на бугарската телевизиска новинарка осуден на 30 години затвор

Бугарскиот суд го осуди Северин Красимиров на 30 години затвор за силување и убиство на телевизиската новинарка Викторија Маринова. Телото...

Свет20 часа

(Видео) Базен на врвот на висококатница се излеа за време на земјотресот во Манила

Филипините вчера ги погоди силен земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтер поради што се тресеа многу згради, а...

Свет21 час

Најмалку 11 жртви и 24 исчезнати во земјотресот во Филипини

Најмалку 11 лица загинаа, 24 исчезнати, а повеќе од 80 се повредени во земјотрес со јачина од 6,1 степен, кој...

Топ1 ден

(Видео) Дац му подари метла на Заев, премиерот возврати – чистка ќе има

Актерот Драган Спасов Дац на вечерашната трибина на СДСМ во Карпош му подари метла на премиерот Зоран Заев, порачувајќи му...

Европа1 ден

Курц ја осуди песната во која мигранти се споредуваат со стаорци

Aвстрискиот канцелар, Себастијан Курц, побара од помалиот партнер во владејачката коалиција, десничарската Партија на слободата на Австрија, да се дистанцира...

Избори 20191 ден

(Видео) Поништено гласањето на избирачко место во Ѓорче Петров, имало вишок гласачки ливчиња во кутијата

Три гласачки ливчиња повеќе во кутијата од бројот на гласачи нотира Државната изборна комисија во едно избирачко место во општина...

Свет2 дена

Кои се жртвите во Шри Ланка: Деца, познати готвачи, келнери, политичари…

Во терористичките напади во Шри Ланка загинаа најмалку 290 луѓе, а повеќе од 500 се повредени. Меѓу нив, повеќето луѓе...

Избори 20192 дена

ОБСЕ: Изборите беа добро спроведени, но потребна е реформа на изборното законодавство

Во првиот круг на претседателските избори гласачите беа во можност да се информираат пред да го направат својот избор помеѓу...

Македонија2 дена

(Видео) Николоски го наклеветил Вице Заев, но нема да му плати 30 илјади денари отштета

Судијката од Основниот суд Скопје 2, Кети Германова, заедно со двајца судии поротници, донесе пресуда со која утврди дека потпретседателот...

Избори 20192 дена

(Видео) Јанушев: Со постигнатите резултати ВМРО-ДПМНЕ би освоила 53 пратенички мандати, а СДСМ – 41

Вчера се потврди дека кај граѓаните има апатија поради криминалот, корупцијата и сиромаштијата, порача генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев,...

Избори 20192 дена

(Видео) Пендаровски: Не сум изненаден од резултатот, ја разбрав пораката на граѓаните

Претседтелскиот кандидат Стево Пендаровски вели дека не е изненаден од резултатите од гласањето и дека ја разбрал пораката на граѓаните....

Досие