Контакт

Забава

Лист од марихуана се најде на знамето на една општина во Естонија

Објавено пред

Општината Канепи во јужниот дел на Естонија на своето знаме има слика од канабис затоа што името на општината на естонски значи канабис. Градоначалникот на општината, Андрус Сим, рекол дека на крајот на минатата година бил одржан референдум на кој 80 отсто од гласачите го одбрале тој дизајн на знамето, сребрен лист на канабис на зелена позадина.

По тоа градскиот совет го усвоил дизајнот, а новото знаме било осмислено откако три општини се споиле во една по административни реформи, пренесува АП.

Градоначалникот објаснил дека локални групи со децении го користеле листот на својот грб како симбол и дека новото знаме наишло на мал отпор во Естонија, каде користењето канабис не е законски дозволено.

Hitech

Кинеските власти ќе проценуваат кои видеоигри се штетни за здравјето на играчите

Објавено пред

Кина воспостави одбор за етичка анализа на видеоигри, чија цел ќе биде на кинескиот пазар да не влегуваат игри што содржат насилство и содржини за возрасни, освен доколку не дојде до одредени промени и приспособувања пред тие да се појават на пазарот.

Кинескиот пазар на видеоигри е еден од најголемите во светот кој рапидно расте, па поради што кинеските власти се обидуваат да ја интензивираат контролата над него.

Властите проценуваат дека сè повеќе Кинези играат видеоигри кои може да бидат штетни за нивното здравје. Поради ова, Кина одлучи да формира нов специјализиран комитет со задача да ги оценува игрите од етичка гледна точка.

Комитетот ќе се фокусира на проверка на игри што потенцијално содржат експлицитни сцени на насилство или содржини за возрасни и од здравствена гледна точка предизвикуваат зависност и проблеми со видот.

Прикажи повеќе...

Забава

Кинезите одгледуваат милијардa бубашваби за да се ослободат од ѓубрето и од остатоците од храна

Објавено пред

Кина веќе некое време се бори со проблемот со отпадот и оттаму некои стопанственици решија самите да се справат со овој проблем. Тие измислија нов, иновативен метод за решавање на градското ѓубре – ќе го изедат бубашваби.

Поради зголемената потрошувачка популација во Кина, во таа земја има сè повеќе и повеќе ѓубре и нема доволно простор за негово депонирање. Според извештаите на NewsCorp, Пекинг за еден ден создава повеќе од 25.000 тони ѓубре.

За да го решат проблемот со биолошкиот отпад со помош на бубашваби, некои кинески фирми почнаа да ги одгледуваат на своите фарми.

На пример, компанијата Shandong Qiaobin Agricultural Technology Co, со седиште во Џинан, на една од фармите со бубашваби дневно храни милијарда бубашваби со 50 тони остатоци од храна. Храната им се доставува на бубашвабите преку систем на цевки секое утро пред зори.

Сите мртви бубашваби компанијата ги преработува во хранливи материи и извор на протеини за свињи и добиток. Ова е добра опција на сточна и свинска храна бидејќи во Кина е забрането свињите  да се хранат со остатоци од храна поради можна појава на свинска треска.

Бубашвабите се исто така интересни за Кинезите во медицината, но и како додатоци на исхраната.

Оваа компанија произведува „чудесна” напивка од бубашваби која ја користат 40 милиони пациенти што страдаат од гастритис, респираторни заболувања и слично.

Некои експерти предупредуваат за можните опасности од одгледување толкав број на бубашваби. Тие се плашат од она што може да се случи ако, поради грешка во системот, милијарди бубашваби бидат ослободени и пуштени во градовите.

Биологот Жу Чаодонг од Кинеската академија на науките, смета дека случајно пуштање на милијарди од овие инсекти во животната средина може да доведе до природна катастрофа.

Прикажи повеќе...

Забава

Бремената комичарка Ејми Шумер ја прогласи Меган Маркл за своја ривалка 

Објавено пред

Познатата комичарка Ејми Шумер (37) не е задоволна од тајмингот на својата бременост. Во очекување на новото кралско бебе, кое треба да пристигне напролет, Ејми падна во втор план и ја прогласи Меган Маркл (37) за свој лут бремен ривал.

„Зошто ми е непријател? Затоа што таа е бремена во исто време како и јас. Нема да дозволам да се извлече со тоа“, во свој стил истакна Шумер.

Веќе некое време Ејми објавува споредби со војвотката од Сасекс бидејќи, како што вели, не може да си помогне.

„Таа има мало стомаче, носи високи потпетици и изгледа одлично. Јас веќе изгледам како да сум во 10-тиот месец од бременоста – објаснува комичарката, која отиде толку далеку што на својот инстаграм-профил објави исечена фотографија на Меган  опишувајќи ја како да се работи за неа самата.

Се разбира, нејзините следбеници ја разбраа шегата. Додека Маркл го покажува целиот гламур на кралската бременост, Шумер се сврте кон хумористичните описи на сите оние непријатни труднички искуства. Сепак, таа сè уште настапува.

Комичарката оваа година се омажи за познатиот готвач Крис Фишер (38), со кого го очекува првото дете.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа5 часа

Тереза Меј останува премиерка, го преживеа гласањето недоверба

Со 200 гласа „за“ наспроти 117 „против“ британската премиерка, Тереза Меј, вечерва го преживеа гласањето недоверба. На Меј ѝ е сигурна...

Европа5 часа

Уапсени најблиските на терористот од Стразбур, се претпоставува дека тој е во Германија

Германската полиција е во лов на двајца браќа, Чекат и Сами Шериф, по придружувањето на операцијата на француските колеги, кои...

Македонија7 часа

Мицкоски до Заев: Избeри време, место и медиум, ќе дојдам таму каде што ти сакаш

Пред повеќе од 6 месеци, точно овде на платото пред Владата на Република Македонија, на 2 јуни, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата...

Свет7 часа

Три години затвор за поранешниот адвокат на Трамп

Поранешниот адвокат на американскиот претседател, Доналд Трамп, е осуден на казна затвор од 36 месеци. Мајкл Коен, адвокатот што изјави...

Бегството на Груевски8 часа

Трајковски зел боледување од работа за да го посети Груевски во Унгарија

Царинскиот службеник Александар Трајковски, кој вчера беше фотографиран во Будимпешта заедно со бегалецот Никола Груевски, зел боледување од работа, односно од...

Бегството на Груевски12 часа

(Видео) Груевски лоциран од новинари во скап унгарски ресторан

Екипа на унгарскиот портал „24.ху“ го лоцираше бегалецот Никола Груевски во Будимпешта како руча во познат и скап унгарски ресторан....

Македонија15 часа

(Видео)Рамчиловиќ: Најдовме правна формулација и јасна дистинкција меѓу насилниците и организаторите во предлогот за амнестија

Работната група за помирување го подготви предлогот за законско решение за амнестија за 27 април. Обвинетите ќе потпишат изјава дека...

Македонија15 часа

(Видео) Власта ќе бара 80 пратеници за продолжен мандат за СЈО

Министерката за правда, Рената Треневска-Дескоска, изјави дека двата предлог-закона за специјалното јавно обвинителство и за Јавното обвинителство се достапни за...

Македонија16 часа

Обвинителството нема да го гони сопственикот на менувачницата што уби двајца крадци

Обвинителстото ја отфрли кривичната пријава против сопственикот на менувачницата во Кисела Вода кој лани уби две лица при обид за...

Македонија16 часа

Непознато лице до Јанакиески: 500 евра дневно ни одат за честење неопределени по кафулиња

Во една од СМС-комуникациите помеѓу поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески со непознато лице направена на 3 април...

Бегството на Груевски16 часа

(Видео) Рускоска: Синоќа ја видов фотографијата со Груевски, ќе видиме кој ја сликал и од каде потекнува

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, рече дека синоќа ја видела фотографијата со Груевски од Будимпешта....

Топ17 часа

Мајка моли да се пронајде нејзиниот син, исчезнал пред два дена во Скопје

Дваесет и шестгодишно момче исчезнало во Скопје, откако пред два дена заминало од дома, по што не се вратило. Семејството...

Топ17 часа

Експлозивна направа, куршуми, оружје и дрога пронајдени во неколку куќи во Скопје

Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во текот на вчерашниот ден по издадени наредби од Основен суд Скопје 1...

Македонија18 часа

Стара градска ќе го намалува бројот на пациенти, нов обид за реновирање

Старата градска болница, односно ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, ќе го намалува бројот на пациенти оти...

Европа19 часа

Терористички напад во Стразбур – убиени најмалку четири, а ранети 12 лица

Четири лица загинаа, а 12 се повредени во нападот во Стразбур, за кој надлежните сметаат дека е терористички чин. Напаѓачот...

Македонија20 часа

Посебен сообраќаен режим за време на протестот на ВМРО-ДПМНЕ

Министерството за внатрешни работи информира дека поради протестот што го најави ВМРО-ДПМНЕ ќе има посебен сообраќаен режим на дел од...

Свет1 ден

(Видео) Бразил: Вооружен маж пукал во верници во катедрала – шестмина мртви

Вооружен маж пукал во верници во катедрала во близина на Сао Пауло на југот на Бразил, при што убил пет...

Бегството на Груевски1 ден

На интернет се шири фотографија од Груевски и Трајковски во Будимпешта

Фотографија на која се гледа експремиерот Никола Груевски, сега унгарски азилант, како се шета низ Будимпешта, се прошири на социјалните...

Крвав четврток1 ден

Села: Претседателите на партиите што не присуствуваа на 27 април, најверојатно, се и организатори

„Некој знаел дека ќе се случи она што се случи на 27 април и не беше присутен. Немаше друга причина...

Крвав четврток1 ден

Припадничка на собраниското обезбедување: Ѓошевски даде наредба да се отворат вратите од собата за видеонадзор

Судењето за крвавиот четврток, по паузата, продолжи со сведочење на Милунка Јовановска, вработена во МВР, која на 27 април била...

Досие