Забава
Ловец од Дунав извлече лисица во коцка мраз
Германски ловец останал изненаден кога од Дунав извлекол лисица во коцка мраз.
Несреќното животно паднало во реката на 9 јануари, а еден локален жител од Фридинген по четири дена ја извлекол од замрзната река, пишува Evening Standard.
Ловецот рекол дека не е невообичаено животните во текот на зимата да пропаднат во замрзнатата река и дека веќе гледал замрзнати елени и диви свињи. /крај/ин/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
