Забава
Луѓето ја коментираат реакцијата на Херд кога Кејт Мос сведочеше за Деп

Манекенката Кејт Мос, која беше повикана како сведок од адвокатите на Џони Деп, во средата сведочеше преку видеолинк во рамките на спорот помеѓу Амбер Херд и ѕвездата на „Пиратите од Карибите“.
Кејт, која беше во врска со Деп од 1994 до 1997 година, ги демантира шпекулациите дека нејзиниот поранешен партнер Деп еднаш ја турнал по скалите.
А реакцијата на Херд во текот на исказот на манекенката беше повод за многубројни негативни коментари на социјалните мрежи насочени кон поранешната сопруга на Деп.
„Кејт е елегантна и достоинствена. Нешто што Амбер никогаш нема да биде“. „Амбер е лута и сигурно ќе пукне однатре“, „Колку е страшна“. „Така се однесуваше татко ми кога ќе го фатеа во лага – бргу трепка и воздивнува“.
„Лицето на Амбер кажува сè“. „Смешно е да се видат нејзините очи како трепкаат кога е бесна“. „Ги врти очите, не знае каде да гледа поради експлозивниот бес што го држи во себе“.
„Јасно е дека Амбер не сака да слуша дека Кејт и Деп имале долга врска“, „Сликата на Амбер како пука во тишина е веројатно најсмешното нешто што сум го видел“.
„Многу чудно однесување за некој што бил малтретиран,“ напиша друг. „Амбер е нарцисоидна и не може да поднесе што Џони не е нејзина сопственост“, „Ооо, таа полуде. Не може да го поднесе фактот што е фатена во своите лаги и дека Кејт е многу поубава од неа“, ова се само некои од многуте коментари за вчерашното судење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Поранешнaта менаџерка го тужи Рики Мартин: „Ме лажеше а заработи милиони поради мене“

Ребека Дракер, поранешна менаџерка на Рики Мартин, тврди дека пејачот и должи нешто повеќе од милион долари, за што поднела тужба, пишува ТМЗ.
Во правните документи таа навела дека го застапувала пејачот од 2014 до 2018 година и дека тој повторно ја вработил по две години, во мај 2020 година, кога неговиот „личен и професионален живот биле во тотален хаос“. Ребека тврди дека таа е заслужна што ги вратила во ред неговиот живот и кариера.
Таа тврди дека ги подмирила договорите на пејачот поврзани со снимање песни, турнеи и договарање спонзорства и му помогнала да заработи милиони долари на неговата неодамнешна северноамериканска турнеја со Енрике Иглесијас.
Додала дека во 2020 година ангажирала адвокати да му помогнат кога му се заканувал прекин на кариерата, а за нејзините напори, како што тврдела, требало да добие провизија од три милиони долари, кои Мартин никогаш не и ги дал. Таа тврди дека пејачот ја лажел и манипулирал со неа, пренесуваат светските медиуми.
Сега Дракер го тужи пејачот за три милиони долари и бара судска отштета.
Забава
Кустурицa: Европа ги ограбува Русите!

Прославениот филмски режисер, Емир Кустурица денеска изјави дека во руско-украинскиот конфликт најспорното е тоа што Европа ги доведе во прашање своите најголеми достигнувања, а тоа се човечките права и приватниот имот.
„Европа ги ограбува Русите, не само нивната култура, туку и нивниот имот. На спортистите не им дозволува да се натпреваруваат, ги забранува стеблата кои руските писатели ги засадија, им забранува на најдобрите пијанисти да свират, на најдобрите светски диригенти им дава отказ“ рече Кустурица на форум „Европа и Русија“ во Србија.
Кустурица наведе и дека Србија станува плодна почва за еден заборавен поим, а тоа е слобода.
„Мораме да признаеме, јас неодамна престојував во неколку земји од западна Европа, таму постојат табу теми. Денес Европа молчи и врши самоубиство. Јас мислам дека тоа е потполно наопаку, дека Европа не врши самоубиство, туку дека е задавена“ заклучи Кустурица.
Забава
Прв летечки хотел во светот – може да собере 5.000 луѓе

На You tube е објавена снимка на летечки хотел на иднината кој „никогаш не може да остане без гориво“. Благодарејќи на нуклеарната енергија, првиот летечки хотел ќе може да лета неколку години без да го допре тлото, се вели во описот на видеото, а го пренесува британски „Индепендент“.
Според амбициозниот дизајн, летечкиот хотел кој би се викал „Sky cruise“ би можел да прими до 5.000 гости.
Дизајнерите наведуваат дека ќе објектот ќе го покрене нуклеарна енергија и луксузниот брод за крстарење ќе биде управуван до вештачка интелигенција.
Проектот е претставен како дестинација за одмор, а во видео снимката се истакнуваат барови, ресторани, базени, кино, театар, гејминг соба, како и простории за венчавки и прослави.
Проектот предвидува дека хотелот би имал 20 електрични мотори кои ќе обезбедуваат „чиста нуклеарна енергија“.