Забава
Мадона доби забрана да објавува на „Инстаграм лајф“

Мадона ретко останува без зборови. Но, поп-легендата тврди дека останала без текст викендов кога сакала да сподели видео на „Инстаграм“, но добила известување дека е блокирана да споделува видеа во живо.
63-годишната кралица на попот често споделуваше провокативни фотографии на оваа социјална мрежа во последните години, но се изненадила кога добила известување за прекршување на правилата на платформата кога се обидела да оди во живо за своите 18 милиони следачи.
„Луѓе, ќе одиме во живо. Што по ѓаволите? Блокирани сме од Live? Еј, што се случува?“, вели таа во видео.
Хитмејкерката Material Girl, алудирајќи на своите разголени фотографии што често ги споделува на апликацијата, се пошегува дека во тој момент била целосно облечена и била изненадена кога на екранот добила предупредување поради голотија.
„Никогаш во животот не сум имала толку многу облека на себе. Занемев!“, додава таа во видеото.
„Инстаграм“ издаде предупредување до поп-мегаѕвездата, во кое објасни дека таа мора да ги почитува другите на платформата и ја предупреди секогаш да го следи законот.
„Сакаме ‘Инстаграм’ да продолжи да биде автентично и безбедно место за инспирација и изразување. Помогнете ни да ја поттикнеме оваа заедница. Објавувајте само ваши фотографии и видеозаписи и секогаш придржувајте се на законот. Почитувајте ги сите на ‘Инстаграм’, не праќајте спамови и немојте да објавувате голотија“, се наведува во известувањето.
Во ноември 2021 година Мадона повторно ги објави фотографиите на кои позира во кревет откако „Инстаграм“ ги отстрани. Таа беше зачудена што беа отстранети бидејќи се гледала нејзината брадавица.
Тогаш таа напиша: „Повторно објавувам фотографии што ‘Инстаграм’ ги симна без предупредување или известување…
„Причината што му ја кажаа на мојот менаџерски тим, кој, всушност не го уредува мојот профил на ‘Инста’, е дека мал дел од мојата брадавица бил изложен. Сè уште ми е зачудувачки што живееме во култура што дозволува да се покаже секоја педа од женското тело, освен брадавицата!“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Џенифер и Бен планираат раскошна свадбена прослава овој викенд

Џенифер Лопез и Бен Афлек ќе продолжат да ја слават својата љубов со тридневна свадбена екстраваганца, по нивната импровизирана венчавка во Вегас минатиот месец.
Пејачката и актерот, кој го прослави својот 50. роденден во понеделникот, ќе приредат свадбена прослава од соништата на имотот на Бен, Рајсборо, во Џорџија овој викенд, според „Пејџ сикс“.
Импресивниот имот располага со централна вила дизајнирана во стил на плантажа на површина од околу 4.000 акри, според „Хоумс енд гарденс“.
Забава
Мадона се реши за сицилијанска прослава на роденденот

Мадона се подготвува да го прослави својот 64.роденден така што ќе го донесе своето семејство во Италија на сицилијанската прослава, а во меѓувреме го одбележа роденденот на синот Роко.
Мадона, наводно, ќе потроши илјадници долари за прослава на посебниот ден, пишува „Сан“.
Според британскиот весник, поп кралицата моментално е во Италија, а главната забава ќе се одржи во дворецот Кастелучио (Palazzo Castelluccio) на Сицилија.
Но, пред нејзиниот посебен ден – 16 август – таа се огласи на Инстаграм за да му посака среќен роденден на својот 22-годишниот син Роко Ричи од бракот со Гај Ричи.
Забава
Амбер Херд го смени правниот тим, планира нова жалба на пресудата во случајот клевета

Амбер Херд ја отпушти својата долгогодишна адвокатка Елејн Бредхофт и ангажираше нов правен тим за да ја обжали пресудата во случајот клевета.
Актерката во понеделникот соопшти дека ангажирала двајца адвокати од висок профил – Дејвид Л Акселрод и Џеј Вард Браун од фирмата „Балард Спар“ – да ја водат жалбата, со која има за цел да ја поништи пресудата и да избегне плаќање отштета од 10.3 милиони долари на својот поранешен сопруг, холивудската ѕвезда Џони Деп.
Бредехофт, која ја застапуваше Херд (36) во шестнеделното судење, се повлекува, а Бен Ротенборн продолжува како кобранител.
Портпаролот на актерката од „Аквамен“ наведе дека причини за реконструкцијата на правниот тим се новите докази и различниот суд.