Забава
Мадона одмара во Италија со новото момче, фудбалерот е 37 години помлад од пејачката
Мадона беше фотографирана со нејзиното ново момче Аким Морис, 37 години помлад од неа, неколку месеци по раскинувањето со последниот партнер на почетокот на оваа година.
Новата двојка, со разлика од 37 години, беше видена како шета рака под рака во Портофино, Италија оваа недела пред 66-тиот роденден на поп иконата.
Madonna, 65, holds hands with new boyfriend Akeem Morris, 28, ahead of 66th birthday celebrations in Italy.
By Sarah Sotoodeh and Eve Buckland For https://t.co/Gfhpjy8C9Y
Kung saan ka masaya ti, suportahan ta ka. pic.twitter.com/Q0wTsnpITB
— ALTbatR0SE (@jaymazingwalk) August 14, 2024
Се верува дека Мадона ќе го прослави својот роденден во приватниот имот на Долче и Габана, а покрај неа ќе биде Аким, пишува локалниот италијански печат.
Откриено е дека фудбалерот од Јамајка веќе некое време е во нејзиниот живот, откако претходно се појавија на заедничко снимање за магазинот Paper, објавено во август 2022 година.
#Madonna was seen holding hands with her new boyfriend Akeem Morris taking in the sites in Portofino, Italy. They are in Italy ahead of Madonna's 66th birthday – which is August 16. pic.twitter.com/YaXbqJRKnf
— Crzy4Madnna (@cr_nna) August 14, 2024
Откако се појавија заедно во списанието, Мадона и Аким повторно не беа видени заедно до јули 2024 година, кога пејачката објави заеднички фотографии на својот Инстаграм профил.
Заедно го прославија и 4-ти јули, а во тоа време, поранешната девојка на Аким сподели видео на TikTok на кое сугерираше дека тој ја оставил по три години врска поради Мадона.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
„Драг Емануел, не грижи се, на Емили и’ e добро со нас“ – градоначалникот на Рим во клинч со Макрон поради популарната серија
Еден ден откако францускиот претседател Емануел Макрон посака главниот лик од серијата на Нетфликс „Емили во Париз“ да се врати од Италија во француската престолнина, градоначалникот на Рим, Роберто Гуалтиери изјави дека нa Емили и’ е многу добро во Рим.
„Почитуван Емануел Макрон, не грижи се: Емили се чувствува многу добро во Рим“, рекол градоначалникот, Роберто Гуалтиери, пренесува денеска „Политико“.
Гуалтиери додаде дека срцето не може да се контролира и дека на Емили треба да и’ се дозволи да избира.
Во четвртата сезона од серијата, Американката Емили Купер, која ја игра актерката Лили Колинс, се сели од Париз во Рим поради работа.
Макрон вчера на шега изјави дека ќе се бори главниот лик од хит серијата на Нетфликс „Емили во Париз“ да се врати во француската престолнина по нејзиниот престој во Рим.
„Ќе се бориме напорно (за таа да се врати). И ќе бараме од нив да останат во Париз! „Емили во Париз“ нема смисла во Рим“, изјави Макрон за магазинот „Варајети“.
Според него, оваа серија му донела голем успех на Париз и на целата земја, а неговата сопруга Брижит е толку заљубена во серијата што дури и се појавила во една епизода, што го направило Макрон, како што вели, „многу горд“.
Во интервју за римското издание на магазинот „Холивуд репортер“, градоначалникот на Рим го предупреди францускиот претседател да не се меша во продукциските планови на Нетфликс.
Гуалтиери додаде дека разговарал за коментарите на Макрон и со градоначалничката на Париз, Ан Идалго, и дека и двајцата се насмеале.
„Гледаме дека Емили се сели во Рим, што е потврда дека нашиот град станува се поважен и целосно сме опуштени околу одлуките на продукцијата на Нетфликс. Тие знаат што прават“, рече Гуалтиери, додавајќи дека Макрон треба само да се опушти.
Забава
Заљубениот Ричард Гир не се раздели од сопругата на црвениот тепих
Холивудскиот актер Ричард Гир пристигна со сопругата Алехандра Силва на филмскиот фестивал во Цирих, каде се одржа премиерата на филмот Wisdom for Happiness.
75-годишниот Гир не можел да го сокрие ентузијазмот за неговата сопруга, која е 34 години помлада, со која има два сина.
Фотографите ги снимиле нивните допири и прегратки на црвениот тепих.
Актерот и 41-годишната Алехандра се венчаа во 2018 година. Сопружниците имаат два сина, 5-годишниот Александар и една година помладиот Џејмс, додека Алехандра од претходниот брак го има 9-годишен Алберт, а Гир 24-годишниот Хомер.
Забава
Меланија за првата средба со Трамп: Беше на состанок со друга жена и ми го побара бројот
Меланија Трамп се присети на нејзината прва средба со Доналд Трамп во своите мемоари. Таа призна дека Трамп бил на состанок со друга жена кога ја забележал и почнал да флертува со неа.
Меланија во книгата објаснила дека била на забава на Модната недела во 1998 година со пријател кога Доналд им пришол и покрај тоа што бил во друштво со друга жена.
„Здраво. Јас сум Доналд Трамп – рече човекот кога дојде до мојата маса“, напиша таа. Иако го препознала името, таа не знаела ништо за Доналд.
Ја пружи раката кон неа и започна разговор. „Неговите очи беа исполнети со љубопитност и интерес. Ја искористи можноста, седна на мојата маса и започна разговор. Ме праша за времето поминато во Њујорк, мојот дом во Словенија и моите патувања низ светот“, се сеќава Меланија.
Иако тоа беше кратка средба, Меланија вели дека оставила траен впечаток.
„Од моментот кога започна нашиот разговор, ме плени неговиот шарм и леснотија. Имаше толку многу раздвижена активност околу нас, но неговата намера да се фокусира на нашата интеракција ме натера да се чувствувам како да сум во центарот на неговиот свет“, пишува поранешната прва дама на САД.
„Тоа беше освежувачки одмор од вообичаениот површен разговор и се најдов себеси привлечена од неговата енергија“, додаде таа.
Сепак, Доналд тогаш не бил сам, туку бил придружуван од друга жена. „Кога таа замина за момент, ми го побара бројот на мобилниот телефон“, рече таа. Меланија го одбича, што го изненадило. Наместо тоа, Меланија побарала од Доналд да и го даде својот број, што тој со задоволство го прифатил под еден услов.
„Ќе ти го дадам мојот број ако ветиш дека ќе се јавиш“, ѝ рекол тогаш, се сеќава Меланија.