Контакт

Забава

Марија Шарапова во врска со близок пријател на принцот Вилијам

Објавено пред

Иако не сака да го споделува приватниот живот со јавноста, убавата тенисерка Марија Шарапова веќе не ја крие врската со британскиот милијардер Александeр Гилкс.

Двојката првпат беше видена заедно на почетокот на оваа година, и иако одбија да коментираат за својата врска, обожавателите забележаа дека постојано објавуваат фотографии од исти места.

Минатиот викенд го поминаа во неговата родна Англија, на свадбата на принцезата Евгенија, а неговите следбеници веќе почнаа отворено да поставуваат прашања кога тој и Марија ќе го направат тој чекор.

Досега Шарапова беше во врска со тениската ѕвезда Григор Димитров, пејачот на групата „Марун 5“ Адам Левин и НБА-играчот Саша Вујачиќ.

Во 2016 година, Гилкс се разведе од модната дизајнерка Мише Нано со која беше во брак 13 години. Неговиот однос со кралското семејство е исто така познат. Наводно, тој е близок пријател со принцот Вилијам и Кејт, а на свадбата на принцот Хари и Меган Маркл беше почесен гостин.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Медоу Вокер многу личи на својот покоен татко

Објавено пред

Медоу Вокер (20), ќерка на покојниот актер Пол Вокер, пред повеќе од една година ги напушти своите профили на социјалните мрежи, а сега повторно се врати и ги воодушеви обожавателите.

За својот природен изглед таа доби многубројни комплименти. „Убава си, исто како Пол“, „Ги имаш очите на татко ти“, „Ти си ангел“, се само некои од комплиментите што ги доби Медоу.

View this post on Instagram

Hi

A post shared by Meadow Walker (@meadowwalker) on

Кога Пол Вокер, кој стана познат во филмот „Брзи и бесни“, загина во ужасна сообраќајна несреќа во 2013 година, Медоу имаше само 14 години. Две години подоцна таа одлучи да се бори за правда. Таа поднесе тужба против „Порше“ обвинувајќи го германскиот производител на спортски автомобили за сообраќајната несреќа и смртта на нејзиниот татко.

Медоу на 18-годишна возраст потпиша договор со модната агенција Women Managemen под чија закрила работат некои од најпознатите модели на денешницата.

Прикажи повеќе...

Забава

Ќерката на Лионел Ричи објави фотографија во топлес

Објавено пред

Софија (20), ќерката на Лионел Ричи (70), на секои два-три дена објавува нова фотографија на својот инстаграм-профил. Горда на своето тело, таа смело ги покажува своите облини во костим за капење.

Но, отиде и чекор понатаму – се соблече топлес, а фотографијата ја воодушеви и милијардерката Кајли Џенер (21).

„Ти си совршена“, ѝ рече Кајли. За само дваесетина часа Софија доби половина милион лајкови и илјадници коментари од обожавателите.

Софија моментно одмора на островите Туркс и Каикос во друштво на Кајли и инфлуенсерката Анастасија Караниколау.

Прикажи повеќе...

Естрада

(Видео) Откажан концертот на Џенифер Лопез во Њујорк

Објавено пред

Поголем дел од Менхетен синоќа остана без струја, по што организаторите мораа да го откажат концертот на познатата пејачка Џенифер Лопез и безбедно да ја евакуираат публиката од салата „Медисон Сквер гарден“.

Повеќе од 70.000 домаќинства минатата ноќ останаа неколку часа без струја, поради пожарот кој избувна на 64. улица на Вест Стрит и Вест Енд.

Мракот настанал веднаш откако танчарите на пејачката излегле на сцената. Пејачката ја смирила публиката, по што организаторите наредиле евакуација. Лопез за настанот објави на „Инстаграм“ и најави дека ќе закаже нов концерт.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет21 минута

Бајден го предизвикува Трамп да се натпреваруваат во склекови

Поранешниот американски потпретседател Џо Бајден (77) кој најави дека влегува во трката за демократската претседателска номинација за изборите во 2020...

Европа34 минути

Салвини тврди дека група украински неонацисти сакале да го убијат

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини тврди дека група украински неонацисти, сакале да го убијат. Тие се уапсени поради...

Свет45 минути

Татко и син отвориле фабрика за лажни ,,ламборџини” во Бразил

Татко и син се уапсени, откако е откриена нивната фабрика во која произведувале лажни автомобили од познатите марки „ферари“ и...

Македонија10 часа

Земјотрес во Струмица, Валандово и околината

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала вечерва во 21 и 17 минути бил почувствуван во Струмица, Валандово...

Регион13 часа

Хакери украле податоци на милиони Бугари

Хакери украле лични и финансиски податоци на милиони бугарски граѓани. Тие насилно влегле во системот на државната даночна управа, соопшти...

Европа13 часа

Урсула фон дер Лејен е нова претседателка на Европската комисија

Европскиот парламент официјално ја избра германската демохристијанка Урсула фон дер Лејен за нова претседателка на Европската комисија, на местото на...

Свет14 часа

Трамп: Во мене нема ни трошка расизам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, жестоко се бранеше дека не е расист по вербалниот напад на четири конгресменки. Но, неговите...

Македонија16 часа

Владата одобри 9 милиони денари за замена на системот за греење во студентскиот дом „Кузман“

На денешната седница Владата донесе одлука за одобрување средства од буџетот за 2019 година во висина од девет милиони денари...

Европа18 часа

Западна Грција ја погодија поплави

Властите во неделата евакуираа десетици граѓани од поплавените домови во западна Грција, само неколку дена по загинувањето седум лица во...

Македонија18 часа

(Видео) Стефанова: Јас не стравувам од новата истрага, а за Јанева не знам

Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, која го води случајот „Империја“, вели дека сите одлуки и списи што излегувале од специјалното...

Македонија18 часа

СЈО се огради од Јанева, од таму бараат да се сочува интегритетот на институцијата

Ленче Ристоска од СЈО, во име на сите обвинители, но и на целиот истражителски тим на СЈО, истакна дека примерен...

Спорт18 часа

Надал во финалето навивал за Ѓоковиќ

Рафаел Надал навивал за Новак Ѓоковиќ против Роџер Федерер во финалето на Вимблдон, им открил на шпанските медиуми Тони Надал....

Македонија19 часа

(Видео) Мицкоски бара притвор за Катица Јанева

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за вчерашното апсење вели дека е голем октопод, дека има злоупотреби на медиум и дека...

Македонија19 часа

Брендирана гардероба, накит, часовници и уметнички предмети меѓу доказите за Боки 13

Тимот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи во текот...

Македонија22 часа

Кривичниот суд му порача на Јовески, место да ги критикува судиите, да си погледне во сопствениот двор

Скопскиот Кривичен суд во соопштение до јавноста реагира на вчерашната изјава на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески дека на судиите,...

Свет22 часа

(Видео) Се урна зграда во Мумбај, над 40 затрупани

Десетици луѓе останаа затрупани по уривање четирикатница во индискиот град Мумбај. Станбената зграда во густо населеното подрачје се урнала затрупувајќи...

Свет23 часа

(Видео) Во Калифорнија експлодира куќа, има и жртви

Еден човек загина, а 15 се повредени кога експлодира куќа во Калифорнија, објави Си-ен-ен. Причина за експлозијата е оштетен гасовод....

Регион23 часа

Еден тон дрогa пронајдена во лабораторија за производство на марихуана во Република Српска

Во операцијата „Уникат“ во областа на Бања Лука полицијата на Република Српска откри голема лабораторија за производство на марихуана и...

Свет24 часа

Асанж нема да биде екстрадиран во земјите каде што му се заканува смртна казна

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, нема да биде екстрадиран во земјите во кои му се заканува смртна казна, рекол британскиот...

Македонија1 ден

Димитров: Системот почна да се бори со криминалот, сеирџиство и банално ликување не помагаат

Системот, со сите маани, почнува да се бори со криминалот, без разлика од каде доаѓа, напиша министерот за надвореши работи,...

Досие