Контакт

Забава

Маја Хок ќе биде опсесивен фан на Џорџ Харисон во филмот за „Битлси“

Објавено пред

Итан Хок и неговата ќерка Маја ќе глумат во новата комедија во која Маја е тинејџерка опседната со Џорџ Харисон и се обидува да ја изгуби невиноста со гитаристот на „Битлси“.

Филмот за легендарните „Битлси“, со наслов „Револвер“, е во режија на Ендру Стентон, режисерот на „Барајќи  го Немо“. Сторијата ги следи Итан и Маја, кои ќе портретираат татко и ќерка во романтичната комедија од 60-тите години на минатиот век. Веќе е познато дека ликот на Маја ќе се вика Џејн, тинејџерка од Алјаска.

Филмот се одвива во 1966 година кога авион за Јапонија во кој патуваат „Битлси“ мора да направи приндудно слетување во еден град каде што се развива приказната за тинејџерката и нејзиниот план за прво љубовно искуство со славниот гитарист.

Забава

(Видео) Мил момент помеѓу принцот Вилијам и принцезата Дајана во новооткриено видео

Објавено пред

Кога сте член на монархија значи дека вашиот живот е документиран многу подетаљно отколку кај вообичаено семејство. Додека повеќето од нас чуваат интересни божикни честитки од детството или домашни видеа на потпокривот, ваквите предмети веројатно немаат големо значење за оние што се надвор од нашиот непосреден круг.

За кралското семејство, сепак, овие спомени стануваат дел од националната историја, при што целата јавност чувствува длабоко чувство на поврзаност со неговите членови. На пример, ново прегледано видео, на кое се гледа малиот принц Вилијам (сега војводата од Кембриџ) како ѝ го пудрира носот на својата мајка, покојната Дијана, принцезата од Велс, се покажа како хит кај фановите на кралското семејство.

Овој момент на размена на нежност, веројатно снимен додека таа се подготвувала за фотосесија, предизвика наплив на симпатии кај многумина, коментираат британските таблоиди.

Снимката кружи на социјалните мрежи во услови на зголемен интерес за принцезата Дајана во последно време – што може да ѝ се припише на серијата „Круна“ и прашањата за познатото интервју за „Панорома“ на Мартин Башир.

Датирано од 80-тите години на минатиот век, видеоклипот покажува како тригодишниот Вилијам ѝ помага на својата мајка за време на семејно фотографирање. Детето може да се забележи како држи пуфер со пудра во прав и нежно го тапка по носот и образите на својата мајка допирајќи ѝ ја шминката додека таа седи трпеливо.

Прикажи повеќе...

Забава

Џулија Робертс покажува дека е сè уште убава жена

Објавено пред

Таа е долгонога филмска кралица од 1990 година кога со Ричард Гир дојде до мегаслава со блокбастерот „Убава жена“.

Џулија Робертс покажа дека нејзините нокаут-нозе се сè уште во топ-форма кога во вторникот отиде на прошетка на плажа на Хаваите.

53-годишната оскаровка зрачи со квалитет на ѕвезда, дури и во секојдневна облека, модерен пар шорцеви на „Дејзи Дјук“ и спортска кошула врзана околу половината.

„Убавата жена“, која го освои првин Холивуд, а потоа и светот, сега има 53 години.

Џулија се прослави со романтичната комедија „Убава жена“ (Pretty Woman) во 1990 година и набргу стана една од најплатените актерки. Големата ѕвезда, која е мајка на три деца, се закити со „Оскар“ за улогата во биографскиот филм „Ерин Брокович“.

Таа е една од омилените личности меѓу колегите и кај публиката. Веќе одамна не е активна на холивудската сцена, а и не може често да се види на гламурозни настани.

 

Прикажи повеќе...

Забава

Румер Вилис го искажува својот гнев откако несвесно била изложена на Ковид-19

Објавено пред

На денот кога гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусм, предупреди дека државата се соочува со нов наплив на заразени со Ковид-19, Румер Вилис се огласи на Инстаграм за да открие дека не знаејќи била изложена на коронавирусот.

32-годишната ќерка на Брус Вилис и Деми Мур го изрази својот гнев затоа што  контактирала со некој  кој не ѝ кажал дека има симптоми и дека не носел маска на лицето.

„Повеќе не е за дискусија!“ напиша таа на својата инстаграм-приказна. „Не ми е гајле што сакате да направите за себе, но за другите носете проклета маска !“

„Не е толку тешко да се биде пристојно човечко суштество и да се заштитите себеси и другите.“

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Се поставува модуларната болница во Гевгелија

Денеска во Гевгелија започна поставувањето на модуларната болница, а во текот на следната недела монтажа на објектите ќе започне во...

Топ2 часа

Во сообраќајна несреќа загина 25-годишно момче

Дваесет и петгодишник загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на автопатот Куманово-Скопје, кај Агино Село. Момчето управувало со...

Македонија4 часа

Заев: Очигледно е дека Бугарија ќе стави вето, да почекаме да им поминат изборите

Очигледно е дека Република Бугарија ќе ја стави блокадата и ќе имаме вето оваа година, изјави премиерот, Зоран Заев. Тој...

Македонија4 часа

Штип ќе добие модуларна болница и ново возило за итна помош

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека до крајот на месецов ќе биде готова модуларната болница во Штип. „Имајќи предвид...

Свет5 часа

Русија почна со вакцинирање на населението против коронавирус

Од утрово почна вакцинацијата против коронавирус во Москва со вакцината „Спутник 5“, со што Русија стана првата земја која го...

Македонија6 часа

Бугарски интелектуалци: Не може да се очекува едната страна да изврши политичко самоубиство

Несоодветно е да се очекува едната страна во преговорите да изврши политичко самоубиство. Неприфатливо е оспорувањето на македонската нација и...

Македонија7 часа

Бучковски: Можеме да најдеме решение за нашата иднина

Македонската влада е свесна дека треба да изготви патоказ за да покаже дека е цврсто посветена на спроведувањето на Договорот...

Македонија7 часа

Регистриран земјотрес во Скопје околу полноќ

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија...

Македонија21 час

Во Македонија 1.100 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија 30 лица починаа од коронавирус, а потврдени се 1.100 нови случаи, соопшти Министерството за...

Македонија22 часа

Мицкоски: Од комисијата има признание дека се преговара за идентитетот, Заев лажеше

Од изјавите на историчарите од комисиите дознаваме дека бугарската страна се противи за терминот македонски, кој го означува нашиот идентитет,...

Македонија23 часа

Историската комисија заглави кај цар Самуил, спорна придавката македонски

Мешовитата македонско-бугарска историска комисија на 11. средба не постигна напредок во преговорите. Историчарите се обиделе да ги надминат разликите за...

Македонија24 часа

Вакцинирањето во земјата ќе почне до март и ќе биде бесплатно

Вакцинирањето против Ковид-19 ќе почне во првите два-три месеци в година, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Ќе се примаат...

Македонија24 часа

Граѓаните над 65 години први ќе ја примат вакцината против Ковид-19

Граѓаните со хронични белодробни и кардиоваскуларни болести и граѓаните постари од 65 години ќе имаат предност за вакцината против Ковид-19,...

Македонија1 ден

Холандската амбасада демантира дека Холандија го поддржува ветото

Холандската амбасада попладнево ја демантира и ја оценува како лажна вест информацијата дека Холандија го поддржала бугарското вето за Северна...

Европа1 ден

„Астразенека“ и „Оксфорд“ презентираа различни тврдења за нивната вакцина

Компанијата „Астразенека“ и Универзитетот Оксфорд дадоа спротивставени тврдења за начинот на дозирање на нивната вакцина против коронавирус, што е редок...

Македонија1 ден

Нефи Усеини не е повеќе советник во Општина Охрид

Дванаесет советници на Општина Охрид гласаа „за“ прифаќање на оставката поднесена од охридскиот светник Нефи Усеини. На наредната седница Советот...

Македонија1 ден

Пензионерите бараат приоритет за вакцинирање против Ковид-19

Сојузот на здруженија на пензионери апелира приоритет при вакцинирањето против Ковид-19 да имаат пензионерите. „Во име на над 300.000 возрасни...

Топ1 ден

Разбиена криминална група која шверцувала дрога во македонски затвори

Криминалистичката полиција во соработка со СВР Скопје, поднесе кривична пријава против 27-годишниот А.М. од Дебар, поради сомнение за сторено продолжено...

Регион1 ден

(Видео) Силна експлозија во центарот на Белград, еден загинат и двајца повредени

Утрово, нешто пред 10 часот, се случи силна експлозија пред зградата на српската државна телевизија РТС во Белград. Едно лице...

Топ1 ден

Кавадарчанец со секира се обидел да ја убие сопругата, па загинал фрлајќи се во река

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со увидна екипа од МВР изврши увид во куќа во селото Шивец...

Досие