Забава
Мајката на Илон Маск ја открива тајната за воспитување успешни деца

Мајката на Илон Маск, Меј Маск, откри како одгледала три успешни деца. „Треба да ги научите да работат напорно“, пишува таа во својата книга „Жена со план“(A Woman Makes a Plan).
Нејзиното најстаро дете, Илон, е извршен директор и основач на компанијата за електрични автомобили „Тесла“ и е мегамилијардер. Нејзиното средно дете, Кимбeл, е сопственик на синџир ресторани, а најмладата, Тоска, е филмски продуцент и режисер.
„Луѓето често ме прашуваат како одгледав толку успешни деца. Им велам дека им дозволив да ги следат своите интереси“.
Маск стана самохрана мајка на три деца кога имаше 31 година работејќи полно работно време затоа што немала избор.
„Работев напорно за да го задржам покривот над главата, да имаме храна во стомакот и основна облека на грбот“, вели таа и додава дека често купувала облека на старо.
Таа смета дека луѓето треба да работат на рана возраст откривајќи дека имала осум години кога таа и сестра ѝ почнале да му помагаат на татко им да креира месечни билтени за неговата клиника за хиропрактика.
„Моите родители нѐ третираа како возрасни на кои може да им се верува, а нивното влијание е видливо во тоа како ги воспитав моите деца“.
Кога станала родител, Маск им дозволила на децата да ѝ помогаат во нејзиниот бизнис со исхрана.
„Тоска влегуваше во мојата канцеларија и пишуваше писма до лекарите во програмата за обработка на текст. Илон ми ги објаснуваше функциите на текст-процесорот. И Кимбeл секогаш беше од помош“.
Ги воспитала своите деца како што ја воспитувале нејзините родители: да бидат независни, љубезни, чесни, внимателни и пристојни.
Нејзин совет до родителите?
„Оставете ги вашите деца сами да се справат со документите за запишување на универзитет или за оглас за работа. Тие треба да бидат одговорни за својата иднина. Или ако претпочитаат да почнат бизнис и мислите дека тоа е добра идеја, поддржете ги. Научете ги вашите деца на добри манири. Оставете ги сами да одлучат што сакаат“, вели таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Ники Хилтон го покажа трудничкиот стомак на настан во Њујорк

Ники Хилтон го покажува својот труднички стомак во лелеав цветен фустан на добротворен настан посветен на заштита на бездомни животни – Animal Haven’s Benefit for the Animals – кој се одржа во „Трибека 360“ во Њујорк во средата.
„Анимал хевн“ или животински рај е приватен, непрофитен центар за згрижување бездомни мачки и кучиња, место каде што изгубените и напуштени животни можат да најдат храна и засолниште од суровоста на животот.
38-годишната наследничка на луксузни хотели им мавташе на своите фанови пред да се упати кон главната локација на настанот.
Присуството на ваков настан се случи само неколку дена откако го покажа својот труднички стомак на фотографија што ја сподели на Инстаграм.
Сестрата на Парис Хилтон додаде малку гламур на својот изглед за свеченоста со комплет блескави розови обетки.
Нејзината обемна руса коса е делумно врзана во плетенка, а остатокот паѓа на рамениците и градите.
Забава
Дијана Рос и „Квин“ ќе настапат на концерт за кралицата

Дијана Рос, „Квин“ и Адам Ламберт, „Дуран Дуран“ и сер Род Стјуарт се на списокот музички ѕвезди што ќе настапат на концерт во рамки на прославата на платинестиот јубилеј на британската кралица.
Пред Бакингемската палата ќе се појават и Алиша Кис, Ханс Цимер, Мејбел и британскиот претставник на Евросонгот, Сем Рајдер.
Платинестата забава во „Палас“ ќе ја следат 22,000 луѓе во живо и ќе се емитува на „Би-би-си уан“ на 4 јуни.
Гитаристот на „Квин“, Брајан Меј, ќе се врати 20 години по изведбата на покривот на палата за Златниот јубилеј на кралицата.
Легендарниот поп-бенд и нивниот фронтмен Ламберт ќе го отворат концертот за одбележување на годишнината од доаѓањето на кралицата Елизабета Втора на тронот.
Концертот, кој ќе трае два и пол часа, ќе има три бини и 3Д проекции преку фасадата на палатата.
Макета за тоа како ќе изгледа една од трите сцени пред Бакингемската палата
Велика Британија ќе ги прослави рекордните 70 години на тронот на својата кралица со четиридневна прослава, која започнува на 2 јуни.
Забава
Том Круз пристигна во Кан во голем стил

Том Круз „влета“ во Канскиот филмски фестивал во средата, коментираат светските шоу-биз медиуми, додавајќи дека појавувањето на холивудскиот актер беше проследено со млазни авиони, гламур, фотографирање и потпишување автограми покрај црвениот тепих.
Фановите го пречекаа со вресоци, а акробатскиот тим на француското воено воздухопловство Patrouille de France полета над главите, прскајќи го небото во обоени димни патеки во црвена, бела и сина боја.
Круз беше во градот за да го промовира долгоочекуваното продолжение „Топ ган: Маверик“, чија премиера беше одложувана две години поради пандемијата.
Големото извлекување билети додаде значителна возбуда на најголемиот светски филмски фестивал, кој одбележува сјајно враќање на своето 75. јубилејно издание.
Со смокинг и црна машна пеперутка, американската ѕвезда поминуваше покрај стотици луѓе наредени до црвениот тепих, потпишувајќи фотографии и позирајќи за селфи.
Тој позираше со колешките актери Џенифер Конели и Мајлс Телер, плескајќи на грбот на директорот на Канскиот филмски фестивалот, Тиери Фремо, кога млазниците прелетаа над неговата глава.
Круз пристигна порано во текот на денот, излегувајќи од црн автомобил на скандирањата „Том! Том!“