Забава
Мајкл Б. Џордан приреди раскошна прослава на Денот на вљубените за Лори Харви

Најсекси мажот на светот не штеди кога станува збор за прослава на Денот на вљубените со својата девојка Лори Харви.
34-годишниот актер ја изненади Харви изнајмувајќи цел аквариум за да може парот да гледа морски желки. Кога влегле внатре, морската сцена била украсена со ливчиња од рози и свеќи.
Ден потоа Лори Харви се огласи на социјалните мрежи за да го сподели ова романтично доживување што ѝ го приреди Мајкл, актерот кого магазинот „Пипл“ го прогласи за најсекси маж на светот за 2020 година.
24-годишната манекенка објави видео на „Инстаграм стори“, на кое се гледа како таа и Мајкл (34) уживаат во романтична вечера во аквариум.
„Моето бебе изнајми еден аквариум за да можеме да направиме приватна екседиција и да ги видиме желките и потоа дојдовме тука“, напиша Лори во објавата за своите приближно 3,3 милиони следачи.
Ќерката на ТВ-водителот Стив Харви (64) објави клипови од внатрешнината на аквариумот, каде што има црвени, бели и розови ливчиња расфрлани на подот, запалени свеќи, кои водат до трпезариска маса на самиот крај на подводниот тунел.
Браво за креативноста на Мајкл, се гледа дека се потрудил Лори никогаш да не го заборави овој Св. Валентин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
На Лејди Гага ѝ ги украле кучињата, пејачката нуди половина милион долари за нив

Двајца напаѓачи го нападнале човекот што ѝ ги чува кучињата на американската пејачка Лејди Гага. Напаѓачите испукале четири куршуми во неговите гради и ги украле кучињата.
Кога пристигнала полицијата, Рајан Фишер бил свесен, но едвај дишел. Тој бил пренесен во болница во критична состојба.
Според ТМЗ, едно куче успеало да избега, а преостанатите две биле украдени.
Фишер ги шетал кучињата на Лејди Гага затоа што таа моментно е во Италија, а неименуван извор изјави дека пејачката е многу вознемирена, како и дека нуди половина милион долари доколку киднаперите ги вратат нејзините миленици.
Полицијата ги опиша напаѓачите како двајца Афроамериканци во бел автомобил „бмв“, а со оглед на тоа што украдените кучиња биле француски булдози, многу е можно да имаат намера да ги препродадат.
Забава
Шарлиз Терон сака да го замени Брус Вилис во лезбиски римејк на „Умри машки“

Минатиот декември некој на социјалните мрежи сугерираше дека Шарлиз Терон би била совршена личност да глуми во лезбиска преработка на „Умри машки“, култниот класик од 1988 година.
Во тоа време, 45-годишната оскаровка се пошегува дека е подготвена за таква улога, но во новото интервју за „Венити фер“ објавено во вторникот, Терон е многу посериозна.
„Мислам, тоа е одлична идеја“, рече таа. „Затоа и одговорив на Твитер. Затоа што помислив дека е некако брилијантно .“
Првичниот твит на еден фан објавен на 5 декември 2020 година гласеше: „Лезбиските божиќни ромкоми се добри, но она што навистина сакам е ‘Умри машки’ во кој Шарлиз Терон оди во акција за да ја спаси својата сопруга.
Шарлиз ја твитна објавата на корисникот, одговарајќи „каде да се потпишам?“. Таа, со доза хумор, му предложи на својот фан да почне да бара холивудски продуценти.
А во неодамнешното интерву за „Венити феар“, таа беше прашана за можноста да влезе во улогата што го прослави Брус Вилис.
„Одлична идеја. Фактот дека тоа ќе бидат две жени“, рече таа.
Забава
Наоми Кембел позираше топлес во Африка, со силна порака кон светот

Англиската манекенка Наоми Кембел (50) повторно покажа дека е неприкосновена дури и на возраст од 51 година, кога позираше за насловната страница на едно списание во Кенија.
Поранешниот топ-модел и поранешен ангел на „Викторијас сикрет“ се соблече топлес за снимање и покажа дека изгледа совршено и младешки.
Таканаречената Црна пантерка, која влезе во светот на моделството на 15-годишна возраст, сепак изгледа одлично за нејзините години, па многу жени ширум светот можат да и завидат на нејзиното згодно тело и убаво лице, а сите велат дека изгледа најмалку 10 години помлада.
Таа позираше за списанието „i-D“ во Кенија, каде што има куќа, па рече:
„Кога ќе ги видите овие слики, се надевам дека ќе видите дека Кенија е убава, дека Африка е убава“, рече Наоми.
View this post on Instagram
„Мислам дека луѓето сега навистина ќе го отворат својот ум и ќе почнат да сфаќаат дека вистинската убавина е во Африка. Има толку скапоцености, толку многу скриени тајни. Доаѓам овде од 1994 година и сè уште ги откривам работите“, истакна Црната пантерка.
„Горда сум што сум дел од снимањето со млади креативци, кои ја имаат мојата боја на кожа“, истакна таа.
View this post on Instagram
„Кога сум во Кенија, има денови кои се помалку хаотични од другите, но јас сум секогаш зафатена. Во моментов сум повнимателна поради ситуацијата со коронавирусот, но повторно ги посетив децата во сиропиталиштето што ги поддржувам, не сакав да ги изневерам. Сакам да досегнам што е можно повеќе луѓе. Сакам да ширам свест. Има дел од мене каде што, ако сакам нешто, сакам светот да знае за тоа“, рече Наоми и истакна колку е важно да им се помага на децата без родители.
Убавата манекенка е родена во Лондон. Нејзината мајка е од Јамајка, но никогаш не го запознала својот татко. Таа отсекогаш се занимава со хуманитарна работа и им помага на децата во сиропиталиштата ширум светот, претежно во Африка.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер