Забава
Мајкл Џордан – првиот спортист меѓу 400 најбогати Американци на листата на „Форбс“

Кошаркарската легенда Мајкл Џордан стана првиот спортист што се најде на листата на „Форбс“ на 400 најбогати Американци.
Шесткратниот шампион во НБА, кој има профитабилен договор за лиценцирање со „Најки“ и неодамна го продаде својот мнозински удел во „Шарлот Хорнетс“, достигна неверојатна нето-вредност од 3 милијарди долари влегувајќи во просторот резервиран за магнати, како Илон Маск, Џеф Безос, Ворен Бафет и Кен Грифин.
Не е јасно точно кое место ќе го заземе Џордан кога ќе се ажурира листата во наредните месеци, но минатогодишната листа на „Форбс“ имаше 10 луѓе со нето-богатство од 3 милијарди долари на 359. место. Мајкл Џордан на тој начин стана првиот професионален спортист меѓу 400 најбогати луѓе во Америка.
„Форбс“ вели дека го пресметува богатството земајќи ги предвид сите видови имот, вклучително и удели во јавни и приватни компании, недвижен имот, уметност, јахти, авиони, фарми, лозја, накит, колекции на автомобили и друго, истовремено земајќи ги предвид долговите и донациите.
Џордан стана првиот афроамерикански сопственик на тимот кога го купи „Шарлот“ за 275 милиони долари во 2010 година, тогаш познат како „Бобкетс“. Тој го продаде својот удел ова лето за неверојатни 3 милијарди долари, втора највисока продажна цена во историјата на лигата.
Во 2022 година „Најки“ објави дека партнерството со Џордан, кое почна во неговата дебитантска година во 1984 година, генерира приход од 5,1 милијарди долари за компанијата, што претставува неверојатни 11 % од вкупната продажба на „Најки“.
Славата на Џордан на теренот доведе до успех и надвор од теренот, вклучително и профитабилни потписи со „Гетордејт“, „Ханес“, „Шевролет“, „Мекдоналд“, „Бол Парк Френкс“ и „Витис“. Прославениот кошаркар е уникатен и по спортските вештини и по финансиската состојба имајќи предвид дека само седум професионални спортисти го имаат постигнато статусот милијардер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Европски градови со најскапа кирија, во еден цената достигнува над 3.000 евра

Трошоците за живот во Европа варираат од место до место – во некои градови можете да потрошите половина месечна плата на вечера, додека во други шише пиво ќе ве чини помалку од евро.
Сепак, киријата обично е прилично добар показател за тоа колку е скап еден град, а новото истражување открива кои дестинации во Европа имаат најголеми трошоци.
Врз основа на податоците од Euronews и Rightmove, просечната кирија во Лондон порасна на неверојатни 3.220 евра месечно – 2,5 отсто повеќе од минатата година, пишува TimeOut.
На второ место е Амстердам, каде, месечната кирија за еднособен наместен стан чини 2.275 евра. Холандските градови се истакнати на оваа листа, а меѓу првите 10 се Ротердам, Хаг и Утрехт.
Најскапите градови за кирија во Европа:
Лондон: 3.220 евра
Амстердам: 2.275 евра
Рим: 2.000 евра
Париз: 1.862 евра
Ротердам: 1.795 евра
Хаг: 1.790 евра
Минхен: 1.770 евра
Утрехт: 1.746 евра
Забава
Инфлуенсерката која тврди дека има дете со Маск: „Се обидувам да комуницирам со тебе, но ти не одговараш“

Инфлуенсерката Ешли Клер на социјалните мрежи го повика Илон Маск да признае дека е татко на нејзиното дете. Сепак, тој сè уште ја игнорира.
Најпрвин, еден корисник на „Икс“ ја сподели нејзината стара објава во која изјави дека сака да го привлече вниманието на Маск за да ја запроси.
„Ешли Сент Клер планира да го зароби Маск повеќе од пет години“, напиша тој. Маск одговори со кратко: „Уф“. Потоа се огласи Клер:
„Илон, веќе неколку дена се обидувам да комуницирам со тебе, а ти не ми одговараш. Кога ќе одговориш наместо јавно да се одѕиваш на навредите на личноста која штотуку објави фотографии на кои позирам во долна облека кога имав 15 години?“.
Клер неодамна објави дека се породила пред пет месеци и дека не планирала сè да биде јавно, но поради таблоидите била принудена да ја објави оваа вест.
Таа тврди дека се запознале на „Икс“ и дека тој барал да не открива дека е бремена.
Забава
Сите добитници на наградите БАФТА

Синоќа во Лондон се одржа 78. издание на БАФТА наградите, церемонија на доделување на наградите на Британската академија за драмски уметности.
Големиот фаворит на вечерта, филмот „Conclave“, со дури 12 номинации, освои четири награди и победи и во главната категорија – за најдобар филм. Исто толку БАФТА награди доби и филмот The Brutalist, приказна за унгарски архитект кој се обидува да изгради живот во САД по Втората светска војна.
Најголемото изненадување на вечерта беше победата на Мајки Медисон (филм „Анора“) во категоријата за најдобра актерка, бидејќи на претходните доделувања – Златен глобус и Избор на критичарите, наградата ја доби Деми Мур, па овојпат се очекуваше повторно таа да биде добитничка на наградата за најдобра актерка во филмот „Супстанца“.
Во продолжение погледнете ја листата на сите добитници на награди:
Најдобар филм
Conclave
Најдобар странски филм
Emilia Pérez
Најдобар британски филм
Conclave
Најдобра актерка
Мајки Медисон (Anora)
Најдобар актер
Адриен Броди (The Brutalist)
Најдобра споредна женска улога
Зои Салдана (Emilia Pérez)
Најдобра споредна машка улога
Киеран Калкин (A Real Pain)
Најдобар режисер
Брејди Корбет (The Brutalist)
Најдобро адаптирано сценарио
Питер Страган (Conclave)
Најдобро оригинално сценарио
Џеси Ајзенберг (A Real Pain)
Најдобро деби на британски автор
Рич Пепиат (Kneecap)
Најдобар документарен филм
Super/Man: The Christopher Reeve Story
Најдобар анимиран филм
Wallace and Gromit: Vengeance Most Fowl
Најдобар филм за деца и семејства
Wallace and Gromit: Vengeance Most Fowl
Најдобар кастинг
Anora
Најдобра кинематографија
The Brutalist
Најдобра монтажа
Conclave
Најдобра оригинална музика
Даниел Блумберг, The Brutalist
Најдобар звук
Dune: Part Two
Најдобри визуелни ефекти
Dune: Part Two
Најдобра костимографија
Wicked
Најдобар продукциски дизајн
Wicked
Најдобра шминка и фризура
The Substance
Најдобар британски краткометражен филм
Rock, Paper, Scissors
Најдобар британски анимиран краткометражен филм
Wander to Wonder