Контакт

Забава

„Мајкрософт“ ги складира податоците под морето

Објавено пред

Проектот „Натик“ е дел од експерименталната програма на „Мајкрософт“ со која испитува дали таквите центри за податоци може да ја зголемат работната ефикасност и да ги намалат трошоците во однос на вообичаената инфраструктура.

„Мајкрософт“ се досети како на најдобар начин да ја заштити технологијата за складирање, и тоа ни помалку ни повеќе, туку во – море. Проектот е наречен „Натик“, а заживеа пред неколку години. Нивната цел е да се испита дали ова решение е подобро отколку складирање на 27.600 терабајти на податоци на копно.

Центрите лоцирани на дното на океанот може да се напојуваат со мали електрани што ги користат морските струи, а трошоците за изолација и отстранување на топлината ќе бидат сведени на минимум. Компјутерите на дното на океанот лесно ќе ги лади водата што ги опкружува со прилично конзистентни температури.

Се разбира, ова има и други предности над стандардната инфраструктура, особено во крајбрежните места. Благодарение на блиските центри за податоци во водата, овие места би можеле да уживаат во мирен пристап со многу брз одѕив.
Целиот погон е напојуван од голем подводен кабел и ако се покаже добро, ова решение набргу би можело да се примени и во други центри за складирање. Со истиот кабел резервоарот е поврзан и на интернет.

Ако се прашувате како изгледа целата работа, „Мајкрософт“ штотуку ја инсталира камерата покрај големиот резервоар во близина на брегот на Шкотска, пишува „Винг“.

Забава

(Видео) Руски војник заигра со Сиријците по ослободувањето на градот Кунеитра

Објавено пред

Од

На арапските социјални мрежи сè попопуларно е видеото од руски војник кој игра по ослободувањето на сирискиот град Кунеитра од терористите.

„Спутник“ го пренесе видеото наведувајќи дека досега светот имаше можност да види што може руското оружје, а сега може да ги оцени и танцувачките способности на руските војници.

Прикажи повеќе...

Забава

Гест што го воодушеви светот – полицајка на должност доеше туѓо дете

Објавено пред

Од

Полицајката Селест Ајања од Аргентина стана ѕвезда кога на „Фејсбук“ беше објавена фотографија како дои напуштено бебе. Според локалните медиуми, детето било примено во болница и било неисхрането. Бебето било вознемирено и гладно, а полицајката се понудила да го смири.

„Забележав дека е гладно затоа што постојано ја ставаше раката на устата и затоа побарав од докторите да го прегрнам и нахранам. Тоа беше многу тажен момент, срцето ми беше скршено. Општеството треба да биде почувствително на проблемите со кои се соочуваат децата“, рекла полицајката.

Фотографијата ја споделил нејзин колега. „Сакав овој прекрасен гест на љубов да биде јавен. Иако не го знаеше бебето, не се двоумеше да се однесуваш како мајка“, напишал тој на „Фејсбук“.

Локалните медиуми пишуваат дека момчето што Ајања го доела е едно од шесте деца на самохрана мајка што тешко успева да се грижи за сите.

Прикажи повеќе...

Забава

Хари и Меган Маркл на гости кај брачната двојка Клуни во Италија

Објавено пред

Од

Британските медиуми дознаа дека принцот Хари ја одвел својата сопруга Меган Маркл на тридневен одмор во Италија. Двојката беше на гости кај познатиот холивудски актер Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал во луксузната вила на езерото Комо.

Меган и Хари пристигнаа во Италија со приватен авион, а за нивната безбедност се погрижија полициските сили.

Според италијанските таблоиди, ова беше интересен и несекојдневен одмор за членовите на сината крв. Принцот Хари поголемиот дел од своето време го помина играјќи тенис и кошарка со Џорџ, а Меган ѝ помогаше на Амал за близнаците Ела и Александар, кои сопружниците Клуни ги добија пред речиси една година.

Кусиот одмор во Италија особено ѝ годеше на војвотката од Сасекс, која последните девет месеци ги помина приспособувајќи се на строгите кралски норми и правила.

Прикажи повеќе...

Најново

Армија, САд, американска армија Армија, САд, американска армија
Македонија8 часа

Американската армија во Европа се извини дека нè нарече Северна Македонија

Американската армија во Европа се извини затоа што нè именува како Северна Македонија. На јутјуб-каналот на Армијата вчера беше објавено...

Македонија10 часа

Скопските обвинители ги одлагаат рочиштата за шарената револуција

Судењата за некои од активистите што протестираа во шарената револуција – Здравко Савески, Мариглен Демири и Владимир Куновски, никако да...

Економија13 часа

Вработените во Комисијата за инспекциски надзор се без плата веќе петти месец

Вработените во стручната служба на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка...

Топ15 часа

Изгоре штала во Бутел, пожарот се ширел кон куќите

Штала на улицата Мрежичка во општината Бутел била опожарена синоќа по полноќ. Полицијата соопшти дека пожарот зафатил нива и почнал...

Топ15 часа

Овчар почина од удар на гром во Струшко

Маж од Дебар на 35-годишна возраст бил пронајден мртов на местото викано Славило, над селото Локов, Струшко. Случајот бил пријавен...

Свет15 часа

Трамп: Турција прави ужасна грешка, нема да има отстапки

Американскиот претседател, Доналд Трамп, во изјава за „Ројтерс“ рекол дека нема да прави отстапки кон Турција за да биде ослободен...

Европа16 часа

Конте: Се подготвуваат казни поради уривањето на мостот во Џенова

Италијанската влада работи на подготовката на казни кои би можеле да се применат против групацијата „Атлантија“, поради трагичното уривање на...

Свет16 часа

Пукање во метро-станица во Лондон, полицијата смирува дека не се работи за тероризам

Во пукање во лондонската метро-станица Кингсбури повредени се три лица, соопшти локалната полиција и додаде дека пукањето не било поврзано...

Македонија16 часа

Муслиманите го слават Курбан бајрам

Муслиманските верници во Македонија и во светот денеска го прославуваат големиот исламски празник Курбан бајрам. Овој ден, како што уште...

Европа1 ден

Германски министер во посета на Аушвиц: Со тага и срам се поклонувам пред милиони жртви

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, го посети поранешниот нацистички логор на смртта, Аушвиц. Притоа тој рече дека со...

Мартин Протоѓер, СЈО, Титаник Мартин Протоѓер, СЈО, Титаник
Македонија1 ден

„Ќе им се мочам у уста на ‘А1’“, ѝ вели Протоѓер на Јанкулоска

По паузата во кривичниот суд, продолжи објавувањето на бомбите во предметот „Титаник“. Досега, од 1.063 бомби, објавени се 219. Во...

Македонија1 ден

Полициските станици немаат бензин, му се жали Јанкулоска на Ставрески

Во телефонски разговор од 31 мај 2011 година, меѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески, ексминистерката му се жали на вицепремиерот...

Економија1 ден

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат

Од ноќеска на полноќ бензините ќе поевтинат за половина денар, а цената на дизелот ќе се зголеми за половина денар,...

Регион2 дена

(Фото) Претепаната Британка во Сплит раскажува: Беше ужасно, нè заклучија во соба и почнаа да нè тепаат

Полицијата во Сплит потврди дека младата Британка била нападната за време на својот одмор во Сплит во хостелот во кој...

Македонија2 дена

Дерковски: Јанакиески може давал инструкции, но прашање е дали јас сум го послушал

Учествувам во избори уште од 1994 година и од секогаш сум соработувал со институциите, Јанакиески може да дава насоки, но...

Македонија2 дена

Претседателот на ДИК, Дерковски, во бомбите добива насоки од Јанакиески за денот на гласањето

Оливер Дерковски, сегашниот претседател на ДИК, го има во бомбите што се пуштаат во јавноста. Во еден од разговорите од...

Македонија2 дена

„Кажете дека брашното е канцерогено“, Јанакиески нарачувал инспекции во ромското маало во Струмица

Во кривичниот суд во Скопје продолжи пуштањето на бомбите во предметот „Титаник“ на специјалното јавно обвинителство. Во неколку од разговорите...

Економија2 дена

Грција ја напушта европската програма за помош

Грција излезе од кризата и ја напушта европската програма за помош. По осум години економски реформи, кои беа под надзор...

Регион2 дена

Гром усмрти момче на плажа кај Сплит

Сплит и околината вчера ги зафати невреме во кое загина младо момче. Како што пренесуваат хрватските медиуми, момчето го погодило...

Свет2 дена

(Видео) Пукање врз Амбасадата на САД во Анкара

Врз Амбасада на САД во Анкара, околу пет часот по локално време, биле испалени неколку истрели од возило во движење....

Досие