Контакт

Забава

Мајк Ричардс го напушта квизот „Џепарди“по реакциите за навредливи коментари дадени во минатото

Објавено пред

Мајк Ричардс во петокот соопшти дека повеќе нема да биде водител на култниот ТВ-квиз „Џепарди!“ среде реакции за навредливи коментари што ги дал во минатото.

Претходно овој месец Ричардс, извршен продуцент на најпопуларниот американски квиз, беше назначен да го замени легендарниот водител Алекс Требек, кој почина во 2020 година по повеќе од три децении во квизот.

„Болно е што овие минати инциденти и коментари фрлија сенка врз ‘Џепарди’ во период кога започнуваме ново поглавје”, вели Ричардс во интерна белешка до вработените, до која дојде агенцијата „Ројтерс“.

Ричардс наведува дека ќе поднесе оставка, која ќе стапи во сила веднаш. Телевизијата „Сони пикчрс“, продуцент на квизот, ќе ја продолжи потрагата по постојан водител, а во меѓувреме ќе ги врати гостинските водители да продолжат со продукцијата на новата сезона, се вели во соопштението на Ричардс.

Претходно минатата недела омаловажувачки и сексистички коментари на Ричардс кога бил водител на поткастот The Randumb Show (2013-2014), се појавија во напис на интернет-публикацијата The Ringer.

„Сакам да му се извинам на секој од вас за несаканото негативно внимание што предизвика конфузија и доцнења”, напиша Ричардс во писмото. Свесен сум дека ми претстои многу работа за да ја вратам вашата доверба.“



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Бред Пит и Анџелина Џоли постигнаа договор за продажба на заеднички имот

Објавено пред

Некогашниот омилен холивудски пар Бред Пит и Анџелина Џоли постигнаа договор што отвора врата за Џоли да го продаде својот удел во винаријата вредна 164 милиони долари, но некои медиуми предупредуваат дека неодамнешна тужба на Пит става пречки на патот.

Џоли и Пит се согласуваат со одлуката за укинување на „стандардната привремена мерка забрана за пристап“ на нивниот заеднички имот, која беше донесена во текот на бракоразводната постапка.

Ова му овозможува на поранешниот пар да продава имот стекнат во периодот на нивниот двегодишен брак, што навидум ја отвора вратата за Џоли да ги продаде своите 50% од акциите на замокот-винарница Шато Миравал во јужна Франција.

Но, претходно оваа недела Бред поднесе тужба со која ја обвини Џоли за „одмазднички план“ да ги продаде нејзините акции, заобиколувајќи го неговото право на прво одбивање и да профитира од „макотрпната работа, време и пари“ инвестирани од страна на актерот и неговите бизнис-партнери, според ексклузивните правни документи до кои дојде „Дејли мејл“.

Замокот Миравал е проценет на 164 милиони долари (140 милиони евра).

Прикажи повеќе...

Забава

Почина Роџер Мичел, режисерот на „Нотинг Хил“

Објавено пред

Режисерот Роџер Мичел, најпознат по филмовите „Нотинг Хил“, „Венера“ и „Мојата братучетка Рејчел“, почина на 66-годишна возраст.

„Семејството на Роџер со голема тага ја сподели веста за смртта на режисерот, писател, татко на Хари, Меги, Роузи и Спероу“, потврди публицистот на Мичел. Причината за смртта не беше наведена.

Најпознатиот филм на Мичел, „Нотинг Хил“, романтична комедија од 1999 што ја напиша Ричард Кертис, а во која глумат Џулија Робертс и Хју Грант, имаше голем успех во светски рамки, со три номинации за „Златен глобус“.

Работеше и на филмовите „Кобно престројување“ (Changing Lanes) од 2002 година со Бен Афлек и Семјуел Џексон, потоа работеше на „Венера“ (Venus) со Питер О’Тул, и две продукции во кои глумеше Даниел Крег – Мother и Enduring Love.

Мичел преговараше за режирање на филмот за Џејмс Бонд во 2006 година, но се откажа, исто како и од филмот „Мандолинaта на капетан Корели“ поради закрепнување од срцев удар.

Роден во Јужна Африка и школуван во Кембриџ, Мичел ја започна својата кариера во театар како помошник режисер.

Ненадејната смрт на Мичел предизвика шок во филмската индустрија. Пред три недели преговараше за работа на нов документарен филм, пишува „Гардијан“.

Прикажи повеќе...

Забава

Даниел Крег смета дека 007 не треба да биде жена

Објавено пред

Во екот на битката за родова рамноправност во филмската индустрија, Бонд-актерот Даниел Крег во неодамнешното интервју за „Радио тајмс“ рече дека Џејмс Бонд не треба да го глуми жена.

На прашањето дали би поддржал „подиверзитетен избор како негова замена“, Крег одговори:

„Одговорот на ова прашање е многу едноставен. Секако дека треба да има подобри улоги за жени и за актери Афроамериканци. Зошто жена треба да го глуми Џејмс Бонд кога би требало да има улога подеднакво добра како Џејмс Бонд, но за жена?“

Одговорот на Крег ги рефлектира коментарите на извршната продуцентка на франшизата Бонд, Барбара Броколи, која во 2018 година рече: „Бонд е маж. Тој е машки лик. Напишан е како маж и мислам дека веројатно ќе остане како маж. И тоа е во ред. Не мора машките ликови да ги претвораме во жени. Треба да создадеме повеќе женски ликови и да ја прилагодиме приказната на женски ликови.“

Некои медиуми наведоа обичен пример – Бонд влегува во бар и нарачува мартини. На прашањето дали сака протресено или промешано, тој одговара: „Дали ти личам на човек на кого му е важно тоа?“

Дали женскиот Бонд ќе го каже истото? коментираат медиумите.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа40 минути

Норвешка од утре ги укинува сите ковид-мерки

Норвешка ќе ги укине сите рестриктивни мерки воведени поради пандемијата на коронавирус, објави владата. „Поминаа 561 ден откако ги воведовме...

Европа1 час

„Епл“ реагира на одлуката дека во ЕУ ќе мора да има универзален полнач за сите мобилни телефони

Европската Унија денеска објави дека ќе нареди воведување на универзални полначи за мобилните телефони. Овој потег го налути „Епл“, кој...

Топ4 часа

Работник од Скопје почина при пад од зграда во изградба

Градежен работник паднал и починал додека работел на зграда во изградба во Гази Баба. Според информациите, се работи за М.Ц....

Македонија4 часа

Јавни обвинители ќе следат дали има нерегуларности на локалните избори, формирана е привремена комисија

Јавниот обвинител донесе одлука за формирање привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со локалните избори закажани за 17...

Македонија4 часа

Притвор за кумановската докторка која барала поткуп од 200 евра од пациенти за да ги оперира

Кумановското обвинителство поведе постапка против кумановска докторка на возраст од 51 година, вработена во „Општа болница Куманово“- очно одделение, поради злоупотреба...

Свет6 часа

Поранешниот каталонски лидер уапсен на Сардинија

Водачот на каталонските сепаратисти Карлес Пучдемон беше уапсен од италијанската полиција на Сардинија, пренесува „Ројтерс“. Шпанија го обвини Пучдемон за...

Македонија7 часа

Гутереш и Пендаровски разговараа за преспанскиот договор и бугарското вето

Средба на претседателот Пендаровски со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на...

Свет7 часа

Напад во САД, еден загинат и 14 повредени во маркет

Едно лице загина, а 14 се повредени во напад што се случи во градот Колиервил, недалеку од Мемфис во американската...

Македонија19 часа

Регистрирани 526 нови случаи на коронавирус, починаа 28 лица

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 3.632 тестирања, а регистрирани се...

Свет20 часа

Гутереш предупреди на потенцијална нова студена војна помеѓу Кина и САД: „Мора да ја избегнеме“

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, предупреди на потенцијална нова студена војна помеѓу Кина и Соединетите Американски Држави и...

Топ22 часа

Ограбена аптека во Чаир, на сопственикот му се слошило и починал

Сопственик на аптека на улицата Џон Кенеди починал набргу откако објектот бил ограбен, јави МВР. Тој не бил во аптеката...

Македонија1 ден

Ќе се воведуваат брзи тестови во училиштата

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека ќе се воведат брзи антигенски тестови во училиштата. Според него, најголем дел од...

Македонија1 ден

Трета доза вакцина за граѓаните над 60 години, здравствените работници и тие со имунокомпромитирани состојби

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека во земјава ќе се воведува трета доза вакцина. Станува збро за вакцината „Фајзер“,...

Свет1 ден

СЗО: Загадувањето на воздухот е поопасно отколку што мислевме

Светската здравствена организација предупредува дека загадувањето на воздухот е уште поопасно отколку што се мислеше – бидејќи концентрацијата на опасни...

Европа1 ден

Директорот на „Модерна“ очекува крај на пандемијата за една година

Извршниот директор на компанијата „Модерна“, Стефан Бансел верува дека пандемијата на коронавирус ќе заврши за една година, бидејќи зголеменото производство...

Спорт1 ден

(Видео) Хулиганите дивеат на стадионите во Франција

Нови навивачки инциденти го обележаа колото во Лига 1. Навивачи на Монпелје и Бордо се тепале пред натпреварот на двата...

Свет1 ден

Шестчасовни разговори меѓу руските и американските воени челници

Највисоките американски и руски воени претставници вчера одржаа шестчасовни разговори во Хелсинки, што беше нивна прва директна средба од 2019...

Македонија1 ден

Пендаровски ќе се обрати на 76. Генерално собрание на ОН

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Њујорк ќе се обрати на Генералната дебата на 76. Сесија на Генералното собрание на Обединетите...

Свет2 дена

Рендгенски снимки покажуваат како вакцината ги штити белите дробови од Ковид-19

Во целиот свет, бранот на делта варијантата доведе до зголемување на бројот на заразени со коронавирус. Истата ситуација беше забележана...

Македонија2 дена

Приведена очна лекарка од Куманово, која преку поткуп собрала 116.000 денари

Полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Куманово, утрово, во 7 часот, извршиле претрес во просториите на очното...

Досие