Контакт

Забава

Меган бесна, позната пејачка му го привлекла вниманието на Хари

Објавено пред

Меган и Хари, по напуштањето на Велика Британија, продолжија да живеат во Америка и водат богат друштвен живот. Сепак, работите изгледа дека не одат според планот. Имено, светските медиуми веќе некое време пишуваат за кавгите меѓу сопружниците, а New Idea пренесува дека атрактивната 50-годишна Џенифер Лопез му го привлекла вниманието на Хари поради што Меган е бесна.

Кавгите, пишува списанието, почнале пред неколку месеци кога Меган и Хари заминале на приватна вечера со актерката и нејзиниот свршеник Алекс Родригез.

„Хари помина речиси цела вечер разговарајќи со Џеј Ло, која не само што е многу поубава во живо туку е и крајно харизматична. Речиси сите мажи паѓаат на нејзиниот шарм, а Хари е само човек. Меган се врати од таа вечера лута и многу љубоморна“, откри неименуван извор.

Споменатиот извор тврди дека проблемот е уште поголем бидејќи Хари сака да организира вечера со Џенифер и Алекс во вилата во Беверли Хилс.

„Меган не знае како да се справи со тоа и како да се однесува. Од една страна, Џенифер е дел од нејзиниот план да успее во фабриката на соништата и да стане актерка од А-листата. Можеби тоа е причината зошто не му кажува на Хари за своите сомнежи“, заклучува изворот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Меган Маркл сака да го спречи таблоидот да ги објави имињата на нејзините пријателки

Објавено пред

Сопругата на принцот Хари, Меган Маркл, побара од судот да му забрани на издавачот на таблоидот „Мејл он сандеј“ да ги објави имињата на пет нејзини пријателки кои би можеле да бидат сведоци во тековниот судски спор.

Меган го тужи британскиот издавач „Асошиетед њуспејпер“ во врска со написите во таблоидот „Мејл он сандеј“ објавени минатата година, во кои се вклучени делови од писмото што таа му го испратила на својот татко Томас Маркл во август 2018 година.

Таблоидот го оправдува објавувањето на писмото тврдејќи дека пет неименувани пријателки на Меган ја изнеле нејзината верзија на настани во интервјуа за американското списание „Пипл“.

Нејзините адвокати велат дека не е точно оти таа ги овластила своите пријателки или се договорила со нив да му кажат на списанието „Пипл“ за писмото, а во четвртокот рекоа дека „Асошиетед њуспејпер“ се заканува дека ќе ги објави нивните имиња.

View this post on Instagram

NEWS! 🎉 Meghan will be making her first publicized speaking engagement since stepping back from the Royal Family next week! 🎤 The Duchess will be a featured speaker at this year’s @girlupcampaign Leadership Summit! The Girl Up organization is a leadership initiative that has worked with 65,000 girls via 3,500 clubs in nearly 120 countries and all 50 United States, working to inspire a generation of young women to be a force for gender equality and social change. 💗 The summit will take place virtually July 13 & 14 and Meghan will be among other special guests including @michelleobama, @jameelajamilofficial, and @priyankachopra. I’ll put the link to register for the summit in my stories – it’s FREE! 💫🙌

A post shared by Meghan Markle (@hrhofsussex) on

„Не им се суди на овие жени, ниту мене. Му се суди на издавачот (таблоид) ’Мејл он сандеј’“, рече Меган во изјавата за Врховниот суд во Лондон.

„Секоја од овие жени е приватно лице, млада мајка и секоја има основно право на приватност“, додаде таа.

Меган и Хари живеат со својот син Арчи во Лос Анџелес по откажувањето од своите кралски должности кон крајот на март, делумно поради интензивното мешање на медиумите во нивните животи.

Во мај судијата отфрли дел од нејзината тужба дека весникот постапил нечесно и предизвикал расправија помеѓу неа и татко ѝ.

Прикажи повеќе...

Забава

Исчезна актерката Наја Ривера, на бродот пронајден само нејзиниот 4-годишен син

Објавено пред

Aктерката Наја Ривера исчезна во езеро во јужна Калифорнија, а нејзиниот 4-годишен син беше пронајден сам на бродот.

Полицијата верува дека 33-годишната ѕвезда од серијата „Гли“ се удавила, а потрагата по нејзиното тело е прекината во текот на ноќта и продолжува в четврток. Нејзиниот мал син Хозе Холис Дорси наводно изјавил во полицијата дека мама скокнала во водата и никогаш не се вратила.

Актерката изнајмила брод за да отиде на езерото Пира во средата околу 1 часот попладне. Четири часа подоцна друг брод го нашол нејзиниот син како спие сам на бродот и веднаш била повикана помош. Нуркачи, хеликоптер и беспилотни летала тргнале во потрага по актерката.

ТМЗ пишува дека на бродот била пронајдена нејзината јакна и дека момчето спиело кога го нашле само на бродот. Хозе сега е безбеден и е однесен кај неговото семејство.

View this post on Instagram

just the two of us

A post shared by Naya Rivera (@nayarivera) on

Во својата последна објава на социјалните мрежи Ривера објави фотографија со својот син и напиша: „Само ние двајца…“

Во 2018 година таа и таткото на момчето, Рајан Дорси, се разведоа и оттогаш момчето живее само со неа.

Прикажи повеќе...

Забава

Крисел Стоус откри кој е мажот од нејзините соништа

Објавено пред

Поранешната сопруга на актерот Џастин Хартли, Крисел Стоус, говореше што за неа претставува рандеву од соништата, откако во разговор со Дерек Зи се отвори за трауматизирачкиот развод.

Џастин продолжи понатаму по разделбата од сопругата со коа беше во брак три години. А сега и Стоуз „се враќа на пазарот“ и фрла поглед на друг маж.

Во средата откри дека човекот од нејзините соништа не е никој друг туку оскаровецот Бред Пит.

38-годишната Стоус гостуваше во RealiTea со Дерек Зи, а на прашање на Дерек таа одговори: „Многу е едноставно. Бред Пит! Знаеме дека тој е сингл, па ете. Сето ова е вистинско клише, но клише со причина.“

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

(Интервју) Најчевска: Уставниот суд носи скандалозни одлуки

За скандалозните одлуки на Уставниот суд, довербата во институциите, за максималното почитување на човековите права, заложбите за истополови бракови, декриминализација...

Македонија12 часа

Бојан Јовановски пријави 40 функционери и бизнисмени: „Ќе ме спречат само ако посегнат по мојот живот“

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски преку писмо соопшти дека кривично ќе гони 40-ина функционери и бизнисмени порди злоупотреба на...

Македонија13 часа

Косово бара да се преиспита одлуката за влез во земјава со негативен тест

Косовскиот министер за здравство, Арменд Земај, побара од Македонија да ја преиспита одлуката за задолжителни тестови за влез на косовските...

Македонија14 часа

Турски државјани врзале чаршав и преку прозорец избегале од државен карантин во Скопје

Двајца државјани на Турција синоќа избегале од државен карантин во Скопје, со чаршав кој бил врзан како импровизирано јаже. Од...

Топ15 часа

Скопјанец ја нападнал со секира својата сопруга додека спиела, а потоа бил пронајден мртов

Шеесет и едногодишен маж од Скопско утрово со секира ја нападнал својата сопруга додека таа спиела во семејниот дом во...

Македонија16 часа

168 новозаразени и тројца починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.470 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи на...

Свет16 часа

Директорот на СЗО предупредува: Се забрзува ширењето на вирусот

Пандемијата на коронавирусот сè уште забрзува, а повеќето земји и натаму не успеваат да ја стават под контрола, предупреди директорот...

Регион17 часа

Србија воведува нови рестрикции поради коронавирусот, најстрого ќе биде во Белград

Во Србија, која веќе два дена е потресена од големи немири, донесени се нови мерки за превенција од коронавирусот. Како...

Регион19 часа

Без гушкање и бакнување, дозволен е само бакнеж на младенците – Хрватска воведува нови правила за свадби

Директорот на хрватскиот Институт за јавно здравје, Крунослав Чапак, истакна дека свадбите нема да бидат забранети и откри кои ќе...

Свет19 часа

(Видео) „Победата дојде“ – во болницата во Бергамо нема пациенти со Ковид-19 во одделот за интензивна нега

Во болницата „Папата Јован“ во Бергамо, Италија, нема повеќе пациенти со коронавирус на одделот за интензивна нега, и тоа 137...

Регион20 часа

(Видео) Полицијата нападнала две новинарки на протестот во Белград

Две новинарки на порталот „Нова.рс“ вчера биле нападнати од страна на полицијата на протестот во Белград. Порталот објави дека новинарката...

Топ20 часа

Комбе со 50 мигранти се превртело на патот Валандово – Струмица, возачот побегнал

Во вечерните часови на 8 јули на регионалниот пат Валандово – Струмица, пред крстосницата за село Раборци, се превртело комбе...

Македонија21 час

Глоба за угостителски објект, на иста маса седеле четири лица што не биле од исто семејство

Обвинителството предложи глоби за угостителски објект во Скопје и за управителот на правното лице поради непочитување на мерките за заштита...

Регион22 часа

Брнабиќ: Ова се најнасилни протести досега

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, рече дека протестите од изминатите два дена во Белград се најнасилните протести досега, но рече...

Македонија22 часа

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ може да влезат во земјата само со негативен тест

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ од денеска може да влезат во земјата само со негативен тест за...

Регион23 часа

Повредени 19 полицајци и 17 демонстранти на протестот во Белград

За време на синоќешните протести и немири пред Собранието на Србија во Белград  повредени се 19 полицајци и 17 демонстранти....

Македонија23 часа

(Аудио) Објавен разговорот меѓу Заев и лажната Грета Тунберг

Руските пранкери Владимир Кузнетсков и Алексеј Столиров го објавија разговорот со поранешниот премиер Зоран Заев, кој мислел дека разговара со...

Регион1 ден

Вулин: Ова е обид за државен удар, се радуваат сите непријатели на Србија

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин вечерва во изјава за ТВ „Пинк“ рече дека она што се случува втора вечер...

Регион1 ден

(Видео) Српската полиција со жестока реакција ги растера демонстрантите од пред Собранието

Група луѓе предводени од Сојузот за Србија се собра попладнево пред српското собраните. Полицијата направи кордони пред влезот во зградата....

Регион1 ден

(Видео) Белград под опсада: Полицијата фрли солзавец, демонстрантите гаѓаат со факли

На протестите во Белград избија и првите инциденти пред Собранието. Се слушнаа неколку детонации, а полицијата фрла солзавец. Демонстрантите извикуваат...

Досие