Естрада
Меган Маркл откри една работа што не ѝ недостасува од стариот живот

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, откри една работа што не ѝ недостасува од нејзиниот живот пред да стане член на кралското семејство, пишува магазинот „Хелоу“. Според неа, откажувањето од социјалните мрежи е прекрасно и на еден начин ослободување. Таа го изјавила ова во разговор со сурферската група One Wave на плажата Бонди во Сиднеј, на четвртиот ден од турнејата во Австралија на која е заедно со нејзиниот сопруг, принцот Хари.
Во разговор со една од локалните жителки, Џесина Оукс, Меган го споделила нејзиното искуство од откажувањето од социјалните мрежи, откако нејзините профили на „Инстаграм“, „Твитер“ и „Фејсбук“ беа избришани, како и нејзиниот блог The Tig, кога нејзината врска со принцот Хари стана сериозна.
„Таа рече навистина убав цитат: ласкањето и критикувањето поминуваат низ истиот филтер“, открила Џесина. „Таа ми рече дека откажувањето од социјалните мрежи е вистинско ослободување“, додала таа.
Пред да се омажи со принцот Хари, додека беше актерка, Меган Маркл беше активна на социјалните мрежи и постојано објавуваше фотографии на кои беше прикажан нејзиниот гламурозен начин на живот, како и фотографии од куќата во Торонто за време на снимањето на серијата Suits. 37-годишната Меган исто така имаше и блог на кој споделуваше некои од нејзините омилени рецепти и интервјуа со инспиративни и успешни луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада
Актер лажирал расистички напад за да го зголеми својот хонорар од 100 илјади долари

Американскиот актер Џаси Смолет, ѕвезда од серијата „Империја“, е уапсен откако полицијата утврдила дека тој исценирал расистички напад врз него за време на кој, наводно, речиси бил линчуван со поставување јамка околу вратот.
Смолет, кој е Афроамериканец, пред неколку недели во полицијата во Чикаго пријавил дека на улица бил претепан од двајца мажи и дека нападот бил расно мотивиран, но потоа се покажало дека актерот самиот ги ангажирал наводните напаѓачи и заедно го исценирале инцидентот – со цел да се зголеми неговиот актерски хонорар.
Агенцијата АП, повикувајќи се на лице запознаенo со ситуацијата, пренесува дека Смолет заработувал повеќе од 100 000 долари по епизода од популарната серија во продукција на „Фокс“.
„Гласот на Америка“ објави дека наводната жртва станала осомничен откако Смолет вчера наутро бил уапсен во Чикаго, под сомнение дека во полиција пријавил лажен напад.
„Смолет прво се обидел да привлече внимание со испраќање на лажно писмо, базирано на расни, хомофобични и политички навреди. Кога тоа не му успеало, тој платил 3.500 долари за лажирање напад“, рекол полицискиот службеник од Чикаго, Еди Џонсон.
Се наведува дека Смолет со недели тврдел дека среде улица го претепале двајца мажи кои истовремено го навредувале на расна основа и наводно му ставиле јамка околу вратот.
Адвокатите на Смолет во негова одбрана рекле дека актерот, како и сите други граѓани, има право на пресумција на невиност.
Естрада
Џеј Ло покажа интимно катче од својата луксузна вила

Џенифер Лопез е една од најбогатите жени во светот и една од најголемите музички ѕвезди денес, a својот луксузен дом и интимни моменти често ги споделува со милиони фанови.
Пејачката сподели дел од атмосферата во нејзината луксузна вила, а судејќи според коментарот, таа уживаше греејќи се покрај каминот.
„Студено”, напиша само кратко Џеј Ло, а на масата и над каминот стоеја црвени рози и сè беше на место.
Покрај тоа, многумина ги забележаа врамените фотографии кои поп-ѕвездата ги чува над каминот, а на кои се близнаците Ема и Макс кои ги има со Марк Ентони, како и нејзиниот свршеник Алекс Родригез, но и неговите деца .
Џенифер и Алекс неодамна прославија две години врска.
Естрада
Ози Озборн ја откажа турнејата поради грип

Пејачот Ози Озборн (70), кој обожавателите го нарекуваат „татко на хевиметалот“, ја откажа турнејата низ Европа и заврши во болница поради грип, објави „Мирор“. Лекарите го советуваа рокерот да побара итен третман бидејќи неговата состојба се влошила.
Неговата сопруга Шерон (66) ја потврди информацијата.
„Лекарите мислат дека престојот во болница е најдобриот начин брзо да закрепне. Ви благодарам на сите за грижата и љубовта“, напиша таа на социјалните мрежи.
Ози ги откажа плановите за турнеја низ Обединетото Кралство и Европа, така што нема да настапи во Нотингем, Манчестер и Глазгов со групата „Јуда Прист”. Причината се токму здравствените проблеми бидејќи има грип и бронхитис, па лекарите стравуваат да не добие пневмонија.
„Многу сум тажен што морам да го одложам европскиот дел од турнејата. Прво имав инфекција на палецот, а сега грип и бронхитис. Сакам да им се извинам на обожавателите кои ми беа верни сите овие години, на мојот бенд, на тимот и на ‘Јуда Прист’ бидејќи сите ги разочарав. Како и да е, ветувам дека ќе ја направам турнејата” – рече Ози. Според плановите, концертите треба да започнат во септември.
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал
- Македонија2 месеци
(Видео) Кога општеството потфрла, кучето Бен му помага на момчето со церебрална парализа